Автор: инфодеск
Post Views: 181 Променливо облачно со сончеви периоди во текот на денот. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.Денес минималните температури во Охрид од 2, а максималните до 15 степени Целзиусови.Од УХМР велат дека и утре, сабота, утринската температура наместа ќе се спушти под нула и ќе има појава на утрински мразеви. Ќе дува умерен повремено засилен северозападен ветер, поизразен долж Повардарието. Ќе дува југоисточен ветер кој во понеделник и вторник ќе достигнува брзина од 60 km/h. Во петок ноќта кон сабота ќе има услови за слаби врнежи од дожд. Во вторник во...
Делегација на словачкиот град Нитра во посета на Охрид
Post Views: 178 Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, денеска оствари средба со делегација на словачкиот град Нитра, предводена од градоначалникот Марек Хатас и амбасадорката на Словачка во Република Македонија, Ивета Хрицова.Средбата беше посветена на воспоставување и продлабочување на соработката меѓу двата града. Во фокусот на разговорите беа теми за потенцијални проекти и активности од заеднички интерес, како што се културна размена, развој на туризмот, образованието и локалниот економски развој.На средбата беше констатирано дека постојат бројни заеднички...
Одрон на земјиште ја доведува во прашање безбедноста во стариот дел на Охрид
Post Views: 1.075 Одронато земјиште во стариот дел од градот предизвика сериозни оштетувања, при што е уништена оградата на еден имот, а дел од земјата зафати и половина од патот, создавајќи опасност за пешаците и жителите на овој дел од градот.Според жителите на Месокастро, ситуацијата е ризична и стравуваат од нови одрони. Дополнително, оштетениот дел од патот го отежнува нормалното движење на граѓаните.Граѓаните апелираат до надлежните служби итно да излезат на терен и да преземат мерки за санирање на штетата, расчистување на патот и обезбедување...
Дефект на водоводната мрежа, прекин во водоснабдувањето во населбата Бејбунар
Post Views: 241 Поради настанат дефект на водоводната мрежа, денес од 17:00 часот неколку часа без вода ќе бидат корисниците од населбата Бејбунар, на дел од улиците: “Асном” и “Јордан Мијалков”.Екипи на ЈП ВОДОВОД Охрид се на терен до целосно завршување на санацијата.
Поставен видео надзор на повеќе локации каде се создаваат диви депонии
Post Views: 229 Поставен e видео надзор на повеќе локации во Охрид каде континуирано подолг период се создаваа диви депонии и секое прекршување на Законот за јавна чистота ќе биде соодветно санкционирано, информираат од ЈП Охридски Комуналец.-Во изминативе 10 дена оперативните служби беа максимално ангажирани во справување со последиците од неодговорното однесување на поединци кои не размислуваат што оставаат зад себе ослободувајќи се од непотребниот отпад од своите домови. Грди слики од нелегално депониран отпад во населба Даљан, локалитет Лабино, селата Рамне,...
Започнува изградбата на системот за одведување на фекални отпадни води во село Враништа
Post Views: 269 Започна реализацијата на капиталниот проект за изградба на систем за одведување на фекални отпадни води во село Враништа. Проектот има за цел подобрување на комуналната инфраструктура и заштита на животната средина, а неговата вкупна вредност изнесува 1,4 милиони евра. Со овој зафат се решаваат долгогодишните проблеми на жителите, кои поради излевање на септичките јами често се соочуваа со фекални поплави.„Ова е петти проект што се реализира во општина Струга, исто така имаме уште три проекти кои отпочнуваат овој месец. Сите осум проекти се околу 9 милиони...
Започнува изработката на техничка документација за пречистителна станица во Лабуништа
Post Views: 269 Општина Струга започна со изработка на сеопфатна техничка документација за изградба на пречистителна станица за отпадни води во село Лабуништа – проект кој претставува долгорочно и одржливо решение за заштита на животната средина.Проектот е конципиран со можност за понатамошно проширување и опфаќање на дополнителни населени места.Изработката на документацијата се реализира во рамки на проект на УНДП, финансиран од Владата на Шведска, со поддршка од Министерството за животна средина и просторно планирање.Проектот предвидува: современ и ефикасен...
Преприклучување на објекти на новата водоводна линија на улицата „Прилепска”
Post Views: 218 Во тек се активностите за преприклучување на постоечките објекти на новопоставената водоводна линија на улицата „Прилепска” во должина од 573 метри со профил ф160 мм изработена од полиетиленски материјал, информираат од ЈП Водовод Охрид.Средствата во вредност од 10 243 060 денари за реализација на проектот се обезбедени од буџетот на Општина Охрид.







