Автор: инфодеск
Post Views: 38 Во последното деноноќие од вкупно 4 511 тестирања на ковид, потврдени се нови 572 случаи на вирусот. Во истиот период се пријавени 30 починати лица од кои најмладиот починат пациент е на 25-годишна возраст и е од Демир Капија. Министерството за здравство информираше дека се регистрирани и 694 оздравени пациенти.Новите случаи по градови се од: Скопје – 287, Куманово – 58, Кавадарци – 24, Тетово и Кичево – по 21, Велес – 19, Гостивар – 15, Прилеп – 14, Битола, Кочани и Радовиш – по 11, Струмица – 10, Охрид и Струга – по 9, Штип и Свети Николе – по 8, Гевгелија –...
Исланѓаните го паметат инцидентот од пред 18 години
Post Views: 29 Во 1998 година во Рејкјавик се играа квалификации за Европско првенство помеѓу Исланд и Франција кога беше за малку избегнат дипломатски инцидент. Имено, за време на интонирањето на химните неколку француски играчи нескриено се смееа. Секако тоа не останало неприметено, а подоцна Французите се извинуваа. Минаа 18 години, а исландските новинари на конференцијата за печатот го прашаа францускиот селектор, Дидие Дешамп, дали се сеќава на тој инцидент. “Да, се сеќавам. Но, никогаш не ги исмејувавме Исланѓаните или нивната химна. Тоа се случи за време на...
Отстранет тумор кај 17 годишно момче
Post Views: 42 Министерството за здравство информира дека на Клиниката за ортопедија при ТОАРИЛУЦ беше оперирано 17-годишно момче со тумор на десната подлактица.Тимот хирурзи под раководство на проф д-р Милан Самарџиски го отстрани во целост туморот од долниот крај на радиусот и го замени со коска од починат донор. Ова е прва операција од ваков тип на Клиниката за ортопедија и во земјава. Со вклучување на Клиниката за ортопедски болести во програмата за трансплантација на органи и ткива, се отворија нови можности за третман на пациенти со трауматски повреди, тумори и други...
Заврши црната серија за Германците во средбите со Италија
Post Views: 32 Сѐ што беше интересно на синоќешниот натпревар се случи помеѓу 65 и 80 минута кога паднаа двата гола. Германската репрезентација поведе во 65 минута со голот на Месут Озил, а славењето на голот не траеше долго. Азурите израмнија во 78 минута со голот на Леонардо Бонучи од пенал, кој го направи Џером Боатенг играјќи со рака во шеснаесетникот. За жал тоа беше сѐ. Во продолженијата ниту една од екипата не сакаше да ризикува па прашањето на победникот се решаваше со изведување на пенали. На крајот повеќе среќа имаа Германците во кој серијата пенали ја завршија во...
Не наседнувајте на антиваксерски повици да не се вакцинирате
Post Views: 62 Извештаите од Министерството за здравство за состојбата со коронавирусот во државата потврдуваат дека најзагрозени од коронавирусот се токму невакцинираните лица. Помеѓу починатите има и вакцинирани и тоа никој не го негира. Ниту една од одобрените вакцини не заштитува 100 проценти, но тоа не значи дека тие се неефикасни или дека тие се причина за смртност. Во објавата, исто така, без никаков доказ паушално се тврди дека „многу доктори се осмелиле да ја кажат вистината дека смртноста од вакцините очигледна“. Но, не се кажува кои се тие доктори, од каде се, ниту...
ИНТЕГРА ќе учествува во 30 општини на локалните избори
Post Views: 44 ИНТЕГРА на фејсбук објави дека ќе учествува во 30 општини од кои со 27 свои листи и 3 пилот модели со поддршка, доминантно во општини со над 10.000 жители.Со кандидати за градоначалници (свои кандидати, независни кандидирани од ИНТЕГРА и пилот поддршка на независни и кандидати од други партии/коалиции) учествуваме во 15 општини.Советнички листи на ИНТЕГРА:1. Скопје 2. Аеродром 3. Кисела вода 4. Карпош 5. Ѓорче Петров 6. Бутел 7. Газибаба 8. Крива паланка 9. Ранковце 10. Куманово 11. Старо нагоричане 12. Берово 13. Делчево (спорна листа) 14. Штип 15. Велес...
Ковид-19 постои и е сурова реалност
Post Views: 54 Коронавирусот е изолиран во лабораторија со што се докажува неговото постоење. Светска здравствена организација потврди дека вирусот е изолиран на 7 јануари 2020 година во Кина. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата надмина 200.000, а бројот на починати е погвеќе од 7.000. Во јавноста сè почесто излегуваат и семејствата на починатите, кои сведочат дека нивните блиски починале како последица на ковид, а ваквите сведочења не може да се побијат. Особено, затоа што постои медицинска историја од хоспитализацијата на...
Серија оставки за пожарот во Тетово
Post Views: 38 Од морални причини оставка по пожарот во ковид болницата во Тетово поднесоа министерот за здравство Венко Филипче, неговиот заменик Илир Хасани, како и двајцата директори на болницата Фљорин Бесими и Артан Етеми. Во пожарот животот го загубија 14 лица, од кои 12 пациенти, а истрагата за причините за несреќата се уште е во тек.Филипче на кратка прес- конференција во Владата порача дека од денот на почетокот на пандемијата до денес пред граѓаните секогаш стоел транспарентно соопштувајќи ги и добрите и лошите вести, а притоа никогаш не бегал од критика и не...






