Автор: инфодеск
Post Views: 32 Пред натпреварот помеѓу Хрватска и Шпанија на Еуро2016 постоеа одредени стравувања дека одредени хулигани на хрватските навивачи ќе ги повторат инцидентите од натпреварот со Чешка. Многу хрватски, но и портали од Европа пишуваа дека на средбата со Шпанија хрватските хулигани ќе се обидат да го прекинат натпреварот, па дури и дека ќе упаднат на теренот за да го нападнат судијата, меѓутоа за среќа ништо од тоа не се случи. Француската полиција овој пат сериозно ги сфати предупредувањата на хрватските колеги и беше далеку поспремна за можните проблеми. Претресите...
Скринингот во училиштата нема за цел да ги убие децата
Post Views: 55 Пандемијата од коронавирусот не е измислена, таа е реална а тоа го покажуваат бројките на новозаразени и починати од вирусот. Тестовите со кои се детектира присуство на коронавирусот не се ништо друго освен стапче на чиј врв има памук со кој се зема брис од грло и нос. Овие тестови се безбедни и во никој случај не можат да ви наштетат. Земањето брис не е ништо ново. Скринингот во училиштата има за цел да покаже колкава е трансмисијата на вирусот, а не да ги убива децата, како што се тврди во постот. Тестирање врз учениците се прави во повеќе европски држави. ...
Познати се сите полуфиналисти на Копа Америка
Post Views: 35 Фудбалерите на Аргентина и Чиле се полуфиналисти на Копа Америка и се придружија на САД и Колумбија кои тоа го направија претходно. Аргентинците славеа со 4-1 против Венецуела, додека Чиле го изрешета голот на Мексико и победи со 7-0. Стрелци за Аргентина беа Игуаин (8,28), Меси (60) и Ламела (71), додека единствениот гол за Венецуела го постигна Рондон (70). Меси со својот погодок го изедначи рекордот на легендарниот Габриел Батистута кој во репрезентативниот дрес постигна 54 гола. Само уште еден гол му недостасува на Меси да биде најдобар стрелец на Аргентина...
Шокантни тврдења на поранешниот претседател на ФИФА
Post Views: 34 Човекот, кој е протеран од фудбалот поради корупција и е сменет од местото претседател на ФИФА, излезе со шокантни изјави и обвинанија на сметка на УЕФА. Сеп Блатер за аргентинскиот весник La Nacion изјави дека бил присутен на ждрепка или ждрепки кои биле наместени. Тој тврди дека такво нешто никогаш немало во ФИФА туку само во УЕФА, но не прецизира дали се работи за групи на ЕУРО, квалификации или пак Лига на шампиони. Аргентинскиот новинар до вакви изјави и обвиненија дошол со прашањето дали Аргентина имала наместена ждрепка на Светското првенство во Бразил...
Скандалозна разделба на Бразил со Копа Америка
Post Views: 46 На скандалозен начин, по втор пат во својата историја, Бразил е елиминиран во групната фаза на натпреварувањето на Копа Америка. Перу во одлучувачкиот натпревар за пласман во следната фаза по прв пат во 30 години славеше против Бразил со минимални 1-0, но голот на Раул Руидиаз е постигнат со рака. Се играше 75 минута од средбата и Перуанците комбинираа на десната страна. Енди Поло се проби во шеснаесетникот, центрираше полувисока топка, а Руидиаз со рака ја смести во голот. Ова сите го видоа освен судијата. Раката не беше ниту блиску до телото во моментот кога...
Ѓоковиќ го освои Ролан Гарос и дојде до успех кој не е виден од 1969 година
Post Views: 34 До својот 12 Грен слем наслов во кариерата, а прв во Париз, дојде против Енди Мареј во повеќе од три часа игра и влезе во одбраното друштво на тениски легенди. Со триумфот на Ролан Гарос, Ѓоковиќ стана трет во историјата кој ги освоил сите четири наслови во низа , Вимблдон и УС Опен минатата година, а оваа Австралија Опен и Ролан Гарос. Ова досега им успеало само на Американецот Доналд Баџ (1938) и Австралиецот Род Лејвер (1969). “Ова што го постигна Новак е феноменално, тоа е така ретко”, рекол Енди Мареј по поразот во финалето. Мареј одлично го одигра првиот...
Почина боксерската легенда Мохамед Али
Post Views: 36 Мохамед Али, еден од најдобрите спортисти на сите времиња, почина во болницата во Феникс, на 74 годишна возраст, каде ги помина последните два дена, изјавил за NBC портпаролот на фамилијата Bob Gunnell. Трикратниот светски првак во тешка категорија со години се бореше со Паркинсоновата болест која му беше дијагностицирана во 1984 година, три години откако се повлече од боксот. Болеста често се поврзуваше со трауми во главата, а состојбата на Али во последните години дополнително се влоши па појавувањето во јавноста го сведе на минимум. Али во кариерата имаше...
Ролан Гарос дневно заработува 2,5 милиони евра
Post Views: 32 Навивачите на Ролан Гарос секој ден трошат во просек 2,5 милиони евра, а парискиот грен слем дневно го посетуваат околу 23.000 луѓе и секој од нив просечно троши околу 110 евра. Само за влезници за мечевите, на просечен посетител му се потребни 70 евра. Цената на билетите се од 10 до 220 евра со тоа што ниските цени важат само за дуелите на помалку атрактивни тенисери во првите фази на турнирот. Веќе од четвртфиналето цените на влезниците се троцифрени. Ланч пакетите со сендвич и пијалок се 10 евра, а половина литар вода чини 4 евра. Ниту десертите не се...







