Автор: инфодеск
Views: 342 Охридската публика в понеделник, на 8 јуни 2026 година, со почеток во 19:00 часот, во Национална установа Центар за култура „Григор Прличев“ ќе има можност да присуствува на првиот самостоен концерт на Охридскиот детски хор „Бамбино“.Под мотото „Музички патувања – Песни од пет континенти“, младите хористи ќе ги поведат посетителите на музичко патување низ различни земји и култури, изведувајќи песни од Австралија, САД, Русија, Куба, Јапонија, Кина, Италија, Јужноафриканската Република и Македонија.На концертот ќе настапат и специјалните гости – Женски хор...
Започна делењето на саксиско цвеќе во рамки на проектот „Цветни балкони – Цветен Охрид“
Views: 222 Денеска започна проектот „Цветни балкони – Цветен Охрид“ што Општина Охрид традиционално го реализира по повод 5 – ти Јуни – Светскиот ден на животната средина.Во рамките на проектот ќе се поделат 400 жардиниери со саксиско цвеќе на жителите кои живеат на следните улици:ул.„Прилепска“,ул.„Винковачка“,ул.„Будва“,ул. „Радојца Новичиќ“,ул.„Кленоец“Заинтересираните граѓани од гореспопменатите улици , цвеќето може да го подигнуваат денес и утре во расадникот на ЈП „Охридски Комуналец“ во период од 9...
Денес се слави Свети Јован Владимир
Views: 185 Јован, или Иван Владимир, управуваше со областите Зета и Далмација, во втората половина на 10 век. По природа беше мирољубив, благочестив и добродетелен. Беше војсководец, но при тоа беше благ, редовно ги помагаше сиромашните и се одликуваше со длабоко познавање на Светото Писмо. Се грижеше за правилното исповедање на православната вера во народот, и многу еретици-богомили ги одврати од заблудата на ереста и ги врати во православната Црква. Бугарскиот цар Самуил го нападна и го зароби, та го стави во затвор во Преспа. Ќерката на царот Самуил, Косара, им носеше милостина на...
УХМР: Променливо облачно со повремени врнежи од дожд
Views: 182 Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, локално проследени со грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (20 l/m²), елекстични празнења, силен ветер и појава на град.Температурите во Охрид од минимални 12, до максимални 23 степени Целзиусови.Од УХМР информираат дека во следните денови ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди во текот на денот. Во сабота (06.06) и во понеделник (08.06) повторно се очекуваат поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд и локално невреме.
Откриени милиони евра злоупотреби во Институтот за јавно здравје: Вработени земале плата без да доаѓаат на работа
Views: 300 Раководството на Институтот за јавно здравје алармира за низа неправилности во работењето на институцијата, откриени по внатрешните контроли и ревизорските проверки. Според директорката д-р Марија Андоновска, биле утврдени случаи на вработени кои со години не се појавувале на работните места, а редовно примале плата и биле евидентирани како присутни.Како што посочи таа на прес-конференција, дел од вработените биле внесувани во системот за присуство иако физички не биле на работа. Според нејзините информации, постоела практика други лица да ги евидентираат во системот, со што...
Wolt пристигна во Охрид: Достава од Канео до Далјан
Views: 326 Wolt пристигна во Охрид во најзабавниот и најдинамичен период од годината, кога градот на УНЕСКО повторно станува центар на летните случувања, туристите и долгите вечери покрај езерото. Почнувајќи од ова лето жителите и посетителите на Охрид ќе можат со само неколку кликови преку една апликација да нарачаат храна, производи од продавници и аптеки директно до нивната локација. Услугата е достапна во поголемиот дел од урбаното подрачје на градот, опфаќајќи ги старото градско јадро, Канео, центарот на Охрид, Далјан, Воска, Видобишта, Билјанини Извори и други населби долж...
Општина Охрид го распиша конкурсот за најдобар расказ по повод „Вечер на Живко Чинго“
Views: 314 Општина Охрид го распиша годинешниот Конкурс за најдобар расказ, кој традиционално се организира во рамки на културната манифестација „Вечер на Живко Чинго“.Право на учество има секој полнолетен граѓанин на Република Македонија, кој може да конкурира со свој авторски расказ. Трудовите треба да бидат доставени во печатена форма, во три примероци и под шифра, без лични податоци за авторот.Пријавите се доставуваат на адреса: Општина Охрид, ул. „Димитар Влахов“ бр.57, со назнака „За Конкурсот за расказ“. Авторското право се докажува со четврти примерок од трудот.Крајниот...
Градоначалникот Пецаков подари икона по повод 600 години од црквата „Св. Спас“ во Лескоец
Views: 286 Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, денеска подарил икона „Вознесението Господово“ на црквата „Св. Спас“ во Лескоец, по повод големиот јубилеј – 600 години од изградбата на храмот.Како што објави на својот фејсбук-профил, иконата е донација во негово лично име и во име на Општина Охрид.„Ова светилиште со векови е сведок на нашиот опстој, вера и традиција. Шест века духовност се доказ дека Охрид има со што да се гордее, да го чува и да го негува за идните генерации“, напиша Пецаков.Тој додаде дека црквата „Св. Спас“ претставува значаен духовен симбол...









