Автор: инфодеск
Post Views: 31 “Поразот дефинитивно не е опција бидејќи поразот би значел дека победило безумието”. Ова е пораката на францускиот фудбалски сојуз кој утрово објави дека во вторник ќе го одигра пријателскиот натпревар против Англија на Вембли. Многу француски медиуми по трагедијата во Париз напишаа дека пријателскиот натпревар помеѓу Англија и Франција ќе биде одложен, но галските петли “закукурикаа” посилно отколку досега и за инает на терористите отпатуваа на најтешкиот меч во својата историја, бидејќи емоциите го достигнале врвот. “Франција никој не може да ја сруши!...
ФИФА ќе го менува форматот на Светските првенства ?
Post Views: 36 Генералниот секретар на УЕФА, Gianni Infantino, човекот кој таа организација го номинира за претседател на ФИФА предлага, доколку биде избран, зголемување на бројот на репрезентации учеснички на Светските првенства. “Ќе го зголемам бројот на учеснички од 32 на 40. Верувам во ширењето на Светското првенство врз основа на искуствата кои ги имавме со ЕУРО. Тоа, помеѓу другото, треба да донесе и нова динамика во квалификациите и создавање на нов ентузијазам. Фудбалот мора да вклучи повеќе дружење во најважното фудбалско дружење на светот”, изјавил Infantino. ...
Ѕвездата на Реал призна вмешаност во аферата со уценување
Post Views: 24 Карим Бензема преноќи во истражниот затвор во Yvelines крај Париз и е сослушан од страна на судот. Француските медиуми јавуваат дека 27 годишната ѕвезда на Реал Мадрид признала вмешаност во уцената над соиграчот од репрезентацијата Метју Валбуена. Канцеларијата на обвинителот порачала дека наскоро ќе биде одлучено што ќе се случува понатаму со Бензема на кој му се заканува понатамошно задржување во судскиот притвор, а BFM TV донесува информација дека и од Реал Мадрид потврдиле вмешаност на својот играч во овој случај. Le Parisien дознава детали од сослушувањето...
Европа добива Лига на шампиони и во кошарка?
Post Views: 29 На состанокот биле присутни претставници на Фенербахче, Макаби, Олимпијакос и Реал Мадрид, претседателот на кошаркарскиот сојуз на Грција, Италија, Шпанија, Турција и челните луѓе на актуелната Евролига. Предложено е Лигата на шампиони да биде водена од компании чии сопственици би биле најголемите европски клубови (50%) и нивните инвеститори (50%). Спрема истиот предлог клубовите учесници годишно би поделиле по 30 милиони евра при што во формирањето на клупските буџети би бил обврзувачки финансискиот фер-плеј. За овој предлог клубовите и националните сојузи се...
Роналдо стана трет стрелец во историјата на најсилните пет лиги
Post Views: 33 Реал Мадрид го победи Лас Палмас со 3-1, а вториот погодок на натпреварот е дела на Кристијано Роналдо. Тоа беше вкупно 317 погодок во шпанското и англиското првенство. На листата на најдобри стрелци од најсилните пет лиги (Шпанија, Италија, Англија, Германија и Франција) Роналдо се проби на високото трето место. Интересно е тоа што на истата листа Лео Меси е дури седми иако е рекордер во шпанското првенство со 288 погодоци. Роналдо во дресот на Реал постигна 233, но за Манчестер Јунајтед постигна уште 84 погодоци. Пред Роналдо останаа само двајца. На второто...
Скандал во Шпанскиот фудбал поврзан за Ел Класико
Post Views: 32 Дилемата дали Лео Меси ќе се опорави до 21 ноември и дуелот Реал – Барселона, ја стави во сенка овие дена една друга вест поврзана со Ел Класико. Звучи помалку неверојатно, но поедини медиуми во Шпанија како COPE и каталонскиот весник L’Esportiu пишуваат дека е покрената истрага поради наводен притисок на еден неименуван линиски судија. Адвокатот на тој судија Хасинто Висенте Хернандез поднел официјална пријава до антикорупцискиот обвинител поради наводен голем притисок на кој е извршен врз неговиот клиент. Се работи за неколку натпревари, но и за престојното Ел...
Извлечени паровите за дополнителните квалификации за Еуро2016
Post Views: 31 На ждрепката за дополнителните квалификации за Еуро2016 , која е одржана денес во Нион, одредени се паровите а ќе се состанат Украина – Словенија, Босна и Херцеговина – Ирска, Норвешка – Унгарија и Шведска – Данска. Првите натпревари на дополнителните квалификации ќе се играат помеѓу 12 и 14 ноември, а возвратните натпревари помеѓу 15 и 17 ноември во Словенија, Ирска, Унгарија и Данска, а победниците на овие дополнителни квалификации ќе се пласираат на Европското првенство во Франција. Дополнителни квалификации за Еуро2016: Украина – Словенија Шведска –...
Мурињо бесен од казната кој ја доби од FA
Post Views: 32 Менаџерот на Челзи, Португалецот Хозе Мурињо е бесен што Англискиот фудбалски сојуз ко казни со 50.000 фунти и условна казна од еден натпревар суспензија. Мурињо казната ја доби поради коментирање на судењето по поразот од Саутемптон, но и поради тоа што повеќе пати и во минатото го коментирал судењето во Премиер лигата. “Срамота е тоа што ме казнија, а уште полошо е тоа што ми се закануваат дека еден натпревар ќе ми забранат да дојдам на клупата. Уште само требаше да ми стават електронска нараквица како на криминалците”, рекол Мурињо и додал: “Човек му вели...







