Автор: инфодеск
Post Views: 138 Регионална телевизија ТВМ одбележува 30 години постоење. На 26-ти јануари 1992 година започна да зрачи во етер сигналот на една од првите приватни ТВ станици во Македонија. Од простории на старото училиште Св. Сава, со скромна техника, група ентузијасти започнаа со реализација на првата емисија во живо од контактно забавен карактер. Од тој ден, до денес, над 100-на новинари, техничари, сниматели и друг кадар вградија дел од себеси во медиумот, вложувајќи труд, знаење и љубов. Години на обуки на кадарот и зајакнување на техничкиот капацитет во услови на ограничени...
Покрената криминална истрага и против Сеп Блатер
Post Views: 26 Светските медиуми јавуваат дека е покрената криминална истрага против претседателот на ФИФА, Сеп Блатер. Швајцарското државно обвинителство отвори истрага против долгогодишниот претседател на светскиот фудбалски сојуз, Сеп Блатер, поради сомнение за злоупотреба на службената положба, а адвокатот на Блатер објави дека неговиот клиент во потполност соработува со истражните органи. “Канцеларијата на претседателот на ФИФА е претресен и податоците се одземени”, објави швајцарското обвинителство кое го терети Блатер дека во 2005 година потпишал штетен договор за ФИФА...
Имотот и сметките на Нејмар блокирани
Post Views: 29 Бразилските власти од Нејмар побаруваат 15 милиони евра данок кои ги затаил од 2011 до 2013 година, пишуваат бразилските и шпанските медиуми. На бразилскиот најдобар фудбалер му се блокирани имотот и сметките поради истрага за трансферот од Сантош во Барселона. Да потсетиме, каталонскиот клуб тврдеше дека вредноста на трансферот на Нејмар од Сантош во Барселона изнесувал 57 милиони евра, но подоцна се откри дека вкупниот износ од трансферот е далеку поголем, односно дека изнесува 86 милиони евра што значи дека Барселона го оштетила државниот буџет за 9 милиони...
Тренирав само четворица од светска класа
Post Views: 29 Во својата нова книга, супер успешниот Шкотланѓанец, открива ставови за играчите кои ги водел во Манчестер Јунајтед. Полни 26 години Сер Алекс Фергусон беше менаџер на Манчестер Јунајтед со кој во тоа време освои две титули во Лигата на шампиони и дури 13 наслови првак на Англија. Вкупно освои 38 трофеи и засекогаш се врежа во срцата на навивачите на Јунајтед. Сер Алекс, кој во последната година е предавач на Харвард, во својата нова книга откри дека само четворица играчи, од оние кои ги тренирал на Олд Трафорд, ги смета за светска класа. “Пол Сколс, Ерик...
Прва пол позиција за Ферари по цели три години
Post Views: 34 Себастијан Фетел по врнежливо време на патеката Марина Беј во Сингапур ја донесе првата пол позиција за Ферари по повеќе од три години, односно по трката за Големата награда на Германија во јули 2012 година, а оваа во Сингапур е прва оваа година на која не е прв некој од возачите на Мерцедес. Актуелниот светски првак и водечкиот во пласманот на возачи, Бритенецот Луис Хамилтон отствари само петто време, додека неговиот колега Германецот Нико Розберг беше шести. Од првиот ред, покрај Фетел ќе стартува Австралиецот Даниел Рикардо од Ред Бул. Стартниот поредок за...
Фудбалскиот сојуз на Англија (FA) покрена истрага против Мурињо
Post Views: 29 Актуелниот менаџер на Челзи, португалецот Хозе Мурињо се сомничи дека во завршницата на мечот од првото колу на Премиер лигата помеѓу Челзи и Свонси (2-2) со сексистички зборови ја навредил Ева Карниеро која втрча на теренот за да му помогне на Еден Азар. Мурињо по натпреварот изјави дека неговата докторка не го разбира фудбалот и дека нејзиниот потег е непрофесионален. По тој инцидент Карниеро е отстранета од својата должност и не се врати во ниеден момент, а воедно поднесе и тужба против Мурињо откако се советувала со својот адвокат. Во доказниот материјал...
Се шири “пожарот” во ФИФА
Post Views: 27 Генералниот секретар ма меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), Jerome Valcke е разрешен од должноста по итна постапка, објави врвот на светската организација во фудбал која по се изгледа ќе ја тресат нови скандали. ФИФА веќе и порано е под обвинение за корупција на швајцарското и американското правосудство, а по сѐ изгледа и Valcke е под истрага за криминални дејанија. Барањето за негова смена ја покренала Етичката комисија на ФИФА. Французинот Jerome Valcke (54) должноста на генерален секретар ја превзеде во 2007 година, а пред тоа беше новинар и директор...
Овој викенд Луис Хамилтон лови два рекорди на Аиртон Сена
Post Views: 29 Со евентуална нова победа во квалификациите и со нова најдобра стартна позиција, Луис Хамилтон би го изедначил рекордот на Аиртон Сена од сезоната 1988/89 кој осум пати во една сезона стартуваше од пол позицијата. За да го достигне вториот рекорд на Сена, на Хамилтон му е потребна уште една победа на трката во недела. Хамилтон досега запиша 40 победи во 161 трка, како и Сена кој исто така ја достигна бројката од 41 победа. Исти број на победи има и Германецот Себастијан Фетел. Пред нив по број на победи е Французинот Алан Прост кој има славено 51 пат и се...







