Автор: инфодеск
Post Views: 5 На прес конференцијата на која беше објавена 31 таканаречена бомба, меѓудругото лидерот на опозицијата, Зоран Заев одговараше на прашања. „После сѐ што објавивме, треба ли да се вратиме во Парламентот?“, реторички одговори претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на новинарско прашање дали опозицијата ќе ги послуша амбасадорите кои побараа нејзино враќање во Собранието за да помогне во надминувањето на политичкиот ќорсокак. „Ќе се вратиме по оставката на Никола Груевски за да ги дефинираме чекорите што ќе водат до преодна влада“, рече Заев. Опозицискиот лидер откри и...
Цената на нафтата расте втора седмица по ред
Post Views: 7 Цената на нафтата на светските берзи минатата седмица растеа, втора седмица по ред, бидејќи инвеститорите се надеваат на намалување на производството и зголемување на побарувачката. На лондонската берза цената за барел нафта во петокот изнесуваше 38,72 долари, што е за околу 10% повеќе отколку пред една седмица. На американските берзи минатата седмица заврши со 5,5% повисока цена, односно 34,57 долари. На овој начин продолжи опоравувањето на цената на црното злато откако во февруари падна на најниското ниво во последните 12 години, на околу 26 долари по барел....
ЕУ објави најнови податоци за влез на мигранти за 2015 година
Post Views: 5 Стотици илјади Сиријци, Авганистанци, Ирачани и припадници на други националности во минатата година ја одбрале западна Европа како безбедно засолниште. ЕУ ги објави најновите податоци кои укажуваат дека бројот на оние кои бараат азил во Европската унија во 2015 се зголемил за двојно во однос на 2014 година. Мигрантите пропатуваа илјадници километри кон Европа користејќи бродови, возови, автобуси…, а Брисел ја објави конечната бројка која за минатата година изнесува 1.255.600, а за 2014 таа бројка беше 562.680 случаеви. 362.800 се Сиријци и се двојно...
Формирање на анкетна комисија за прислушкуваните разговори
Post Views: 7 Како што соопштија од Собранието, на денешната координативна средба на претседателот на Собранието со потпретседателите и координаторите на пратеничките групи донесен е заклучок за формирање на Анкетна Комисија за утврдување на аспектите и наводите поврзани со случајот со прислушкувани разговори. „Анкетната Комисија ќе биде формирана во оној момент кога пратениците од опозицијата кои припаѓаат на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и останатите партии во коалицијата ќе се вратат во парламентот, што впрочем претставува клучна порака од меѓународната...
Kiddle е нов интернет пребарувач за деца
Post Views: 8 Kiddle е новиот интернет пребарувач заснован на Google безбедно пребарување и наменет е исклучително за деца. Овој пребарувач резултатите ги рангира по безбедност и едноставност со која се пишувани страниците. Првите три места се резервирани за чисти и безбедни линкови, следните четири за оние кои содржат едноставно напишана содржина разбирлива за деца, а од осмото место понатаму следуваат вообичаени резултати. Kiddle не е производ на Google ниту е официјално лиценциран од Google, но користи механизми од Google пребарувањето со вклучени безбедносни филтери кои...
Forbes ја објави листата на најбогати луѓе во светот
Post Views: 9 Бројот на милијардери во светот оваа година, прв пат од 2009, е намален како и нивното богатство, а најбогат човек на светот и понатаму е Американецот Bill Gates, објави часописот Forbes. Во 2016 година има 1810 милијардери, што е за 16 помалку од пред една година. Вкупното богатство со кое располагаат се намалило за 570 милијарди долари и сега таа сума изнесува 6489 милијарди долари, пишува Forbes. Весникот објаснува дека прераспределбата на богатството во светот е последица на нестабилноста на берзите, намалувањето на цената на нафтата и силниот долар. Ова е...
Оставки на Мијалков, Јанкулоска, Јанакиески и Ставревски
Post Views: 15 Директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков и министрите за внатрешни работи, односно транспорт и врски, Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески поднесоа оставки на своите функции, а се шпекулира дека оставка дошла и од министерот за финансии Зоран Ставревски, но за тоа сеуште нема потврда.Груевски до Собранието вечерва веќе доставил и предлози за избор на двајца нови членови на Владата, пренесува МИА. За нов министер за внатрешни работи се предлага Митко Чавков, а за транспорт и врски Владо Мисајловски. Чавков е актуелен директор во...
Најголемата брана во светот пред распукување
Post Views: 8 Најголемата брана на светот се наоѓа на 50 километри од Мосул, а опасноста од нејзино распукување е огромна. Ако распука браната кај Мосул тоа би било права катастрофа за најмалку 1,5 милиони луѓе, предупредуваат од американската администрација. Опасноста од распукување на браната е огромна. Цунамите би убиле илјадници луѓе за неколку часа, а една третина од Ирак би завршил под вода со висина од 13 метри и тоа би траело со недели, слично како што се случи со Њу Орлеанс по ураганот Катрина. Ирачката влада не би била во можност да спроведе евакуација бидејќи...