Skip to main content

Автор: инфодеск

17 медали и пехар за најдобра кадетка освоија таеквондистите на МТТФ на турнирот „Гран При Зворник 2026“ во БиХ

Views: 239 Вкупно 17 медали, од кои по пет златни и сребрени и седум бронзени, како и пехар за најдобра кадетка освоија таеквондистите на Македонската традиционална таеквон-до федерација (МТТФ) на престижниот меѓународен турнир „Гран При Зворник 2026“ во БиХ.Македонските натпреварувачи доминираа во конкуренција на над 350 натпреварувачи од 10 европски земји. Нашиот тим од 17 натпреварувачи покажа супериорност, дисциплина и шампионски карактер.Најтрофеен беше клубот „Хва Ранг ИТФ” од Лескоец со по 4 златни и бронзени медали, еден сребрен и пехар за најдобра кадетка на турнирот за...

Продолжи со читање

Заврши пролетниот циклус на програмата „Полетарче“

Views: 213 Во прекрасна природа, со дружење, игра и забава, децата што ја следат Програмата за подготовка на деца за во училиште „Полетарче“ во организација на Црвен крст Охрид, вчера го одржаа последниот час од пролетниот циклус.Оваа програма веќе петта година успешно се спроведува во Црвен крст Охрид, а ја следат деца од 3-5 годишна возраст кои имаат единствена можност, преку игра, забава и дружење да ја развиваат и јакнат самодовербата, да применуваат креативни вежби за размислување, вежби на графомоторика, вежби на фина моторика, вежби за осознавање и разбирање на просторните и...

Продолжи со читање

Св. Константин и Елена

Православните христијани денес го слават празникот Св. Константин и Елена

Views: 214 Според календарот на МПЦ денес се одбележува споменот на Светиот цар Константин и Светата царица Елена.Флавија Јулија Елена (латински: Flavia Iulia Helena Augusta), позната уште ѝ како Света Елена, Елена Августа и Елена од Константинопол (250 – 330) е важна личност во историјата на христијанството поради големото влијание која го имала врз нејзиниот син. Била сопруга на римскиот император Констанциј I Хлор и мајка на императорот Константин Велики.Според христијанското верување, таа го открила Светиот крст, поради кое во Римокатоличката црква и Православната црква таа се...

Продолжи со читање

Сончево со мала до умерена облачност

Views: 187 Сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирана појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер, во западните делови од западен, а долж Повардарието од југоисточен правец.Денешните температури во Охрид ќе бидат во интервал од 11 до 25 степени Целзиусови.

Продолжи со читање

Привремен режим на сообраќај на улица „Кленоец“

Views: 237 Поради градежни активности  од четврток (04.06 2026г.) ќе биде воведен привремен режим на сообраќај на улица „Кленоец“ од пресекот  со улица. „7-ми Ноември“ до пресекот со  булевар „ Железничка“.Се апелира до граѓаните во период на реконструктивните активности да се почитуваат сообраќајните правила и знаци, да не се паркираат или привремено оставаат возила на оваа јавна  површина.

Продолжи со читање

Сиљаноски: Дебрца се гради, зборот се исполнува: Нов асфалт до манастирот „Си Свети“ во с. Лешани

Views: 208 Градоначалникот на Општина Дебрца, Златко Сиљаноски изјави дека само неколку дена пред 7 јуни и големата слава на манастирот „Сите Свети“, започнато е асфалтирање на патот кој води до ова духовно светилиште. Оваа градежна офанзива опфаќа нова асфалтна траса во должина од 350 метри, аја реализираме преку изведувачот АД „Илинден“ – Струга. За овој зафат одвоени се 2.400.000 денари од годишниот општински план за асфалтирање.-Ова е само еден патоказ за тоа како работиме. Она што го ветувам и го реализирам денес во Лешани, е моја обврска за сите села во нашата општина....

Продолжи со читање

Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, учествуваше на 10-тата јубилејна Дримска конференција

Views: 150 Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, учествуваше на 10-тата јубилејна Дримска конференција што се одржа во Струга, на која учествуваа високи претставници на институции од земјите во Дримскиот Басен, меѓународни организации и експерти од областа на управувањето со водните ресурси и заштитата на животната средина.Во своето обраќање, Пецаков ја истакна важноста на регионалната соработка и заедничката одговорност во зачувувањето на природните вредности на Охридското Езеро и Дримскиот Басен.–Чест и особено задоволство ми е што денеска сум дел од 10-та...

Продолжи со читање

Дримскиот басен се соочува со сериозни закани од загадување, урбанизација и климатски промени

Views: 242 Загадувањето со ѓубрива, пестициди и отпадот, како и урбанизацијата и климатските промени, се меѓу најголемите закани за Дримскиот басен. Тие ја нарушуваат биолошката разновидност и ги деградираат екосистемите. На 10-тата Дримска конференција беше најавена подготовка на Акциски план, а петте држави од сливот со буџет од 7,5 милиони евра ќе работат на подобра заштита на природните ресурси.„За да се инвестира во подобар животен стандард, предвидуваме акциски план кој ќе биде прилагоден за секоја од државите што се вклучени, согласно нивните економии, за да се спроведе...

Продолжи со читање