Skip to main content

Автор: инфодеск

Историска прегратка по скоро илјада години

Post Views: 6 Папата Франциско и рускиот патријарх Кирил се сретнаа во Куба и поглаварите на источната и западната црква се прегрнаа по прв пат по расколот од пред скоро илјада години. По завршувањето на разговорите набиени со емоции, прва средба по скоро илјада години од расколот, поглаварите на Католичката и водечката Православна црква изразиле жалење “за раните нанесени во конфликтите помеѓу христијаните во далечното и блиско минато”. “Свесни за бројните пречки кои треба да се совладаат, се надеваме дека нашата средба ќе придонесе во обновата на тоа единство по божјата...

Продолжи со читање

Исламска држава употребувала и хемиско оружје

Post Views: 7 “Одреден број пати групата Исламска држава употребувла хемиско оружје на воените подрачја и може да произведе мали количини на иперит”, изјавил директорот на централната разузнувачка служба на САД, John Brennan во интервју за каналот CBS. Тој додал дека “CIA верува дека Исламската држава има капацитет и да произведе мали количини на  иперит”. На прашањето дали тие можат да извезуваат хемиски супстанци за користење вон Ирак или Сирија, Brennan одговорил дека тоа е можно. “Затоа е важно да се пресечат патиштата за достава со кои се служат џихадистите”, рекол...

Продолжи со читање

Враќање на најкултниот брод на светот

Post Views: 6 Новиот Титаник проект е дело на австралискиот милијардер Clive Palmer и неговата компанија Blue Star Line. Бродот практично ќе изгледа идентично како оригиналниот – должината на бродот ќе биде 270 метри, висината 53 метри, а тежината 40 илјади тони. Репликата на бродот со најнесреќна карма во историјата ќе има девет нивоа со 840 кабини во кои ќе можат да се сместат 2.400 патници и 900 членови на екипажот. Клучната разлика помеѓу новиот и стариот брод ќе биде во бројот на чамците за спасување кој Титаник не ги имаше доволно поради што при неговото потонување се...

Продолжи со читање

НАТО одлучи да учествува во решавање на бегалската криза во Егејот

Post Views: 5 НАТО денес одлучи да учествува во поморската операција во Егејското море за да помогне во решавање на бегалската криза, рекол во Брисел американскиот министер за одбрана Ештон Картер по завршувањето на состанокот на министрите за одбрана на членките на НАТО. НАТО со оваа одлука одговори на барањето на Германија, Турција и Грција кои побараа сојузот да помогне во надзорот на морската граница помеѓу Грција и Турција и во борбата против криумчарите кои по тој пат илегално ги пренесуваат бегалците од Турција во Грција. “НАТО и нејзините членки се сложиле денес дека...

Продолжи со читање

На денешен ден светот се запозна со легендите Том и Џери

Post Views: 12 На денешен ден, пред 76 години, светот ги запозна легендите со прикажување на првиот цртан филм “Том и Џери”. Светот за прв пат ги запозна мачорот Том и неговиот ноќен кошмар глувчето Џери. На многумина овие јунаци им го одбележаа детството, а тешко е да се најде достоинствена замена. Првата епизода е прикажана на 10 февруари во 1940 година, а наречена е “Puss Gets the Boot”. Овој продукт на Вилијам Хана и Џозеф Барбера е номиниран за Оскар, а иако не го освои, ги освои срцата ширум светот. Оттогаш овој двоец полни 17 години пишуваше и продуцираше авантури на...

Продолжи со читање

Бесплатни гигабајти на Google Drive за денот на безбеден интернет

Post Views: 16 Google сака безбеден интернет, а ако му се помогне во намерата да ги обезбеди вашите профили, по повод денот за безбеден интернет, наградува со додатни 2GB простор на Drive. Но, за да ги добиете, Google бара подобро да го обезбедите вашиот профил. Процесот е едноставен и ќе ви одземе неколку минути. Станува збор за преглед на податоците за изминатите пријави, освежување на безбедносните прашања и уредувањето на листата на уреди и апликациите кои имаат пристап на профилот. За да ги добиете додатните 2GB на cloud просторот треба да се направи следното: ...

Продолжи со читање

Следните десет години евтина нафта?

Post Views: 7 “Тешко е да се предвиди дека цената на нафтата значително ќе расте во следното десетлетие”, изјавил за Bloomberg, Ian Taylor, извршен директор на американската компанија Vitol. Тој рекол и дека во следните десет години цената на нафтата ќе се движи околу 50 долари по барел. Неодамнешното истражување на пазарот оценило дека земјите богати со нафта и индустрија на нафта ќе се соочат со најдолгиот период со ниски цени од оној од 1986 до 1999 година, кога цената на нафтата варирала од 10 до 20 долари по барел. Taylor, 59 годишниот индустријалец, тврди дека проблемот...

Продолжи со читање

Држава која плаќа до 18.000 долари за да се живее таму

Post Views: 5 Потребно е да се биде отпорен на студ, да не ви пречат поларни мечки и останати зимски “радости”,  и можеби оваа програма за населување, која е воедно и најпозната ширум светот, е правата работа за оние кои не им пречат овие услови. Имено, Аљаска им плаќа на луѓето кои живеат таму засекогаш. Секако, за да се добијат пари, прво мора да се докаже дека сте се преселиле засекогаш, а кога тоа ќе го направите можете да очекувате и до 18.000 долари секоја година. Потребно е секоја година да проведете 190 дена на Аљаска и да не сте осудувани, а на тој начин еднаш...

Продолжи со читање