Автор: инфодеск
Post Views: 9 400 најбогати луѓе во светот во првата недела од 2016 година изгубија околу 194 милијарди долари откако вредноста на акциите на берзата паднаа поради најавата за падот на економијата на Кина и падот на цената на нафтата, пишува Bloomberg. Во првата недела од оваа година најмногу изгуби основачот на Amazon, Jeff Bezos, дури 5,9 милијарди долари, бидејќи вредноста на акцијата на Amazon падна за повеќе од 10%. Bill Gates, најбогатиот човек на светот изгуби 4,5 милијарди долари, додека Шпанецот и сопственик на Zara, Amancio Ortega, вториот најбогат човек на...
Apple продолжува да руши рекорди
Post Views: 6 Компанијата од Cupertino очигледно е имуна на сите кризи и рецесии бидејќи од година во година константно рушат рекорди во бројот на продадени уреди, приходи, заработки…Без оглед на тоа дали сте љубител на Apple, нивната бизнис филозофија и производите константно даваат брилијантни резултати. Како што е вообичаено во компаниите да ги собираат резултатите од минатата година, така и Apple објави официјално соопштение во кој се нагласува на извонредните бројки поврзани со нивниот репозиториум на апликации – популарниот AppStore. Така, објавено е е дека...
Бучна пропагандна одмазда на Јужна Кореја кон Северна Кореја
Post Views: 10 Јужна Кореја покрена бучна пропагандна кампања преку границата како одмазда поради овонеделниот тест на нуклеарно оружје на Северна Кореја, а САД ја повикаа Кина да го заврши досегашниот неуспешен пристап спрема својот сојузник Пјонгјанг. Од ѕидови со звучници на 11 места долж милитаризираната граница помеѓу Јужна и Северна Кореја се емитува критика на режимот во Пјонгјанг како и корејска поп музика. Емисијата, која северот ја смета за навреда, последен пат кога беа користени доведоа до размена на оган. Звукот од звучниците кои ги постави Јужна Кореја е толку...
Од Facebook тврдат – телефонските броеви ќе заминат во историјата
Post Views: 6 Телефонските броеви наскоро ќе заминат во историјата и на луѓето нема да им се потребни бидејќи за комуникација ќе користат интернет апликации при што поголемиот број на телефонски броеви ќе ги замени Facebook Messenger. Така тврди David Marcus, кој во Facebook е задолжен за развој на Messenger, апликација за размена на пораки помеѓу корисниците на Facebook која има околу 800 милиони месечни корисници, а бројката во последните шест месеци се зголеми за околу 100 милиони. Во објавата на официјалниот блог, Marcus напишал дека денес мобилните апликации овозможуваат...
Цената на нафтата своето дно ќе го достигне во првото тромесечие
Post Views: 11 Додека Иран тврди дека неговото враќање на пазарот нема да влијае на понатамошно паѓање на цената, лидерите на нафтените компании и инвестициските банки прогнозираат дека барелот своето ценовно дно ќе го достигне во првото тромесечие од оваа година. За време на викендот во радиската емисија на BBC гостувал извршниот директор на нафтената компанија BP, Bob Dudley, и тој изјавил дека најниската точка на цената на нафтата би можела да биде во март. “Цените ќе останат ниски подолг период, околу неколку години”, истакнал Dudley. Спрема неговото мислење, “поприродна...
Пет најголеми потрошувачи на батеријата на телефонот
Post Views: 6 Паметните телефони многу брзо можат да станат преоптеретени со бројни непотребни апликации кои, не само што завземаат простор туку, влијаат и на перфомансите на телефонот, како и на батеријата, пишува Androidpit. Ако е дојдено време за чистење на телефонот ова се пет апликации кои најмногу ја трошат батеријата, но потребно е да се отстранат и апликациите кои не се користат. Facebook – Оваа апликација е убедливо на прво место, а не ја исполнува функцијата. Имено, наместо апликација Facebook, доволно е да се користи bookmark кој ќе се наоѓа на екранот од вашиот...
Северна Кореја тестираше хидрогенска бомба, свикана вонредна седница на советот за безбедност
Post Views: 8 Веста за успешно тестирање на хидрогенска бомба ја објави севернокорејската телевизија неколку часа откако агенциите за следење на сеизмички активности од повеќе земји детектирале потрес со магнитуда од 5,1 во близина на севернокорејскиот комплекс за испитување на нуклеарно оружје. Северна Кореја ќе продолжи да ја зајакнува нуклеарната програма за да се заштити од непријателските политики на САД, речено било во изјавата. Северна Кореја исто така порачала дека е одговорна нуклеарна сила и ветила дека своите нуклеарни оружја нема да ги користи ако не се наруши...
Во светот постојат 500 видови на виски, но овој е најскап
Post Views: 4 Вискито отсекогаш бил пијалок во кој уживаат тие што навистина знаат да го уживаат. Во светот денес има повеќе од 500 видови, од најевтините па до најскапите за кои треба добро да се плати. Но, вистински рекордер е Isabella’s Islay, виски чие шише чини импресивни 5,6 милиони евра. Luxury Beverage Company е името на британската компанија која го произведува ова виски од 2011 година. Шишето е обвиено со дури 8.500 дијаманти, 300 драгоцености и бело злато, а устието е од најфин англиски кристал. Постои е евтина варијанта на ова шише виски со помалку дијаманти и...