Автор: инфодеск
Post Views: 14 Град во Италија привремено го забрани традиционалниот начин на печење на пици за да се намали загадувањето на воздухот, пренесува BBC. Со одлука на градоначалникот на Сан Виталиано, град во близина на Неапол, е забрането користење на фурни и печки на дрва во пицериите и пекарите додека сопствениците не постават посебни филтри за намалување на загадувањето. Мерката е донесена поради “големата загриженост” со влошувањето на квалитетот на воздухот. Забраната ќе ја контролира полицијата, а оние кои ќе ја прекршат би можеле да бидат казнети со илјада евра. Лошиот...
LG претстави правосмукалка на иднината
Post Views: 8 Сѐ повеќе луѓе класичните правосмукалки ги менуваат со роботи кои можат да се програмираат така што, додека сопствениците на станот се на работа, тие темелно ја чистат куќата. Веројатно најпозната компанија на овој пазар е Roomba која во својата понуда има и роботи за чистење на плочки и базени, а свој удел на пазарот бараат и компаниите како Toshiba, LG и други. LG неодамна го претстави HOM-BOT Turbo+, робот правосмукалка кои доаѓа со некои интересни опции кои овозможуваат темелно чистење, а може да послужи и за надзор на станот или куќата. Благодарение на...
Експлозија на аеродромот во Истанбул
Post Views: 6 Во експлозијата која се случила минатата ноќ на аеродромот Sabiha Gocken во Истанбул настрадале две лица задолжени за чистење на авионот на Pegasus, но причината за експлозија засега не е позната, соопштила авио-компанијата. Авиопревозникот соопшти дека експлозијата се случила околу два часот по полноќ, кога во близина немало никој и се случила во делот за оддржување на авионот повредувајќи притоа два члена на одделот задолжен за чистење на авионите. Полицијата опремена со заштитни прслуци и пушки воспостави безбедносни мерки на влезовите на аеродромот и...
Бројот на бегалци во ЕУ премина еден милион
Post Views: 7 Бројот на бегалци и имигранти кои по копно или море пристигнале во ЕУ премина еден милион, а 3.600 на тој пат загинале или исчезнале, објави агенцијата за бегалци на Обединетите нации (UNHCR) и Меѓународната организација за миграции (IOM). Половина се Сиријци кои бегаат од војната, 20% се Авганистанци, а 7% Ирачани, соопштиле двете агенции во заедничкото соопштение. Од 1.005.504 доаѓања во Грција, Бугарија, Италија, Шпанија, Малта и Кипар до 21 декември, големото мнозинство од 816.752 пристигнале по морски пат во Грција, се вели во соопштението. “Знаеме дека...
BMW казнет за возилата кои не поминале “crash” тест
Post Views: 14 Американските регулатори за безбедност во сообраќајот изрекоа казна од 40 милиони долари на германскиот производител на автомобили BMW поради пропусти во повлекувањето на возилата кои не го поминале таканаречениот “crash” тест, односно тестирање на возилата при судир. Националната агенција за безбедност на патиштата (NHTSA) наведува дека компанијата признала дека не ги почитувала американските стандарди за навремено повлекување на возилата кога се работи за отповикување на моделот Mini Cooper Hardtop со две врати, кој паднал на тестовите во 2014 и 2015 година,...
“WWW” го слави 25-от роденден
Post Views: 6 Целата приказна тргна во 1989 година, кога е усвоен правилникот за изработка на world wide web. Но, како официјален почеток, на мрежното поврзување кое апсолутно го смени светот каков што дотогаш го имавме, се смета 20 декември 1990 година. Токму тогаш Tim Berners-Lee, британски научник кој работел на CERN, на својот компјутер ја лансирал првата интернет страница. Сè потоа е историја бидејќи по експанзијата во деведесетите, денес, без претерување, е невозможно да се замисли било кој сегмент од животот без силната технологија која се крие зад кратенката “www”. ...
Исламска држава ја финансираат и оние кои се борат против неа
Post Views: 6 “Исламска држава продава нафта на режимот на Асад” рекол Adam Szubin, висок функционер на американското министерство за финансии. “Тие настојуваат да се уништат меѓусебе а сепак учествуваат во трговијата со нафта вредна милиони долари. Количините за кои зборуваме и сумите пари се огромни”, рекол Szubin. Тој истакнува и дека “далеку најголемата количина” на нафта од Исламската држава завршува под контрола на Асад додека дел се троши во подрачјата на Исламска држава, но и дека дел завршува во курдските региони и Турција. Szubin истакнал дека “мал дел ја преоѓа...
Zuckerberg со порака до муслиманите – Овде сте секогаш добродојдени
Post Views: 8 По неодамнешниот терористички напад во САД, во кој пар радикални муслимани убиja 14 лица, републиканскиот претседателски кандидат Donald Trump рече дека на муслиманите треба да им се забрани во потполност влегување во САД. Оваа негова изјава предизвика лавина на реакции и критики ширум светот, а некои се плашат дека ваквите изјави на кандидатите за најважната и најмоќна позиција на светот би можеле да доведат до нови конфликти и напади на исламистите врз САД. Додека некои муслимани праќаат пораки до Trump во кои му порачуваат дека нивните деца војуваат против...