Автор: инфодеск
Post Views: 155 Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има услови за појава на изолирана нестабилност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.Утре попладне и во вечерните часови наместа ќе има појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со засилен ветер и услови за појава на град. Во деновите од викендот ќе дува умерен до засилен северен ветер, а дневните температури ќе опаднат за 5-7 степени во споредба со утрешните.
Во понеделник ќе се спроведе теристичка дезинсекција против комарци
Post Views: 179 Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести ( Сл. весник на РМ 66/2004, 139/2008 и 99/2009, 149/2014, 150/2015 и 37/2016 ), а врз основа на одлуката на Советот на Општина Охрид за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на општина како општа противепидемиска мерка Општина Охрид го издава следното соопштение:Се известуваат граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на општина Охрид дека на ден 30.06.2025 год. (понеделник) ќе се спроведе теристичка (од земја) дезинсекција...
Владините мерки за вработување презентирани пред охриѓани
Post Views: 160 Претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиноски во придружба на Заменик министерот за економија и труд, Маријан Ристески присуствуваше на Информативниот ден за Оперативниот план за вработување на Владата на Република Македонија што денес се одржа во Охрид.Претседателот на Совет, Перчо Божиноски го поздрави Владиниот Оперативен план за вработување, а укажа и на активностите што општината ги презема со цел да се намали бројот на невработени лица. -Денешнава средба е исколучително важна и е во насока на...
„Заштити се од џебни кражби“, превентивна активност на СВР Охрид
Post Views: 191Отсекот за превенција при СВР Охрид интензивно спроведува превентивно едукативни активности со цел заштита на граѓаните и туристите кои престојуваат во Охрид од сторители на кражби, џебни кражби и други имотни деликти.-Полициски службеници од Отсекот за превенција, на различни локации во градот, остваруваат кратки средби со граѓани и туристите кои престојуваат во Охрид и низ кратки разговори ги потсетуваат на потребата од поголема грижа за паричниците и другите лични и вредни предмети што ги имаат, да не ги оставаат необезбедени, се вели во соопштението...
Над 200 сорти вина, закуски од риба и незаборавна забава на Охрид Вино Фест
Post Views: 207 Утре започнува четвртото издание на охридскиот Фестивал на виното. Три дена охриѓани и туристите ќе имаат можност да уживаат во дегустација на квалитетни вина, закуски и богата музичка програма.Охридскиот вински фестивал станува попрепознатлив белег на туристичката понуда на Охрид и оваа година ќе понуди вистинско уживање на брегот на Охридското Езеро, пред самиот старт на летната сезона. вели Градоначалникот Кирил Пецаков.„Би сакал да упатам благодарност до Македонските винарии кои во континуитет ја препознаваат можноста за презентација на својот...
Еребицата Александар од Галичица со помош на GPS предавател ќе споделува информации за таинствениот живот на овие птици
Post Views: 179 Од Македонско еколошко друштво информираат дека машка единка од видот Alectoris graeca, Александар, доби GPS предавател и како нивен „соработник“ во следниот период ќе открива повеќе информации за таинствениот живот на овие птици.–Мониторингот на птицата Alectoris graeca (кај нас популарно позната како еребица камењарка поради тоа што живее во карпести предели) е дел од планот за управување на National Park Galicica и се реализира на секои 2 години во соработка со стручни лица од Македонското еколошко друштво (овој пат потпомогнати и од волонтери од...
Започна реконструкцијата на водоводна линија на улица „Воденичарска” во Велгошти
Post Views: 189 ЈП ВОДОВОД Охрид започна со реконструкција на дотраената и оштетена азбест-цементна (салонитна) водоводна линија на улица “Воденичарска” во с.Велгошти.Како што информираат од претпријатието, се поставува комбиниран цевковод од полиетиленски материјал, вклучувајќи и преприклучување на постоечките објекти со целосно нови приклучоци во должина од 218 метри и тоа:– Профил ф225 мм во должина од 140 метри– Профил ф63 мм во должина од 78 метри– Профил ф25 мм во должина од 112 метриСредствата во вредност од...
Одлична организација на “ОХРИД ОПЕН 2025”- Mеѓународен Таеквондо ИТФ натпревар по највисоки стандарди
Post Views: 340 Викендов во С.Р.Ц. “Билјанини Извори ” Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација и Таеквон-до клубот “ХВА РАНГ ИТФ” Лескоец-Охрид го организираа меѓународниот Таеквон-до ИТФ натпревар “ОХРИД ОПЕН 2025” на кој зедоја учество над 270 натпреварувачи од 30 клуб од 8 земји од регинот, од Италија, Хрватска, Бих, Србија, Бугарија, Грција, Албанија и Македонија.„Охрид опен“ е ставен на рејтинг листата на ИТФ, каде што се собираат критериуми за европски и светски првенства, со што придонесе за поголема масовност на натпреварот. Исто така учествува...
Нов хидрауличен и пневматски сет за обука во OЕМУЦ „Св. Наум Охридски”
Post Views: 158 Од OЕМУЦ „Св. Наум Охридски” – Охрид информираат дека во училиштето од страна на Интерстаб Скопје е доставена опремата Hidraulic and pneumatic training set. Појаснуваат дека опремата е набавена преку проектот на RCF фондот во кој партнери се нивното училиште и компаниите ЛТХ Леарница, Костал и ОДВ Електрик. Опремата има вредност од 100 000 евра.-Заедно со останатата опрема и машини кои треба да пристигнат во наредниот период ќе се заокружи една целина за успешна реализација на наставниот процес особено практичната настава и вежби, додаваат во...
Денес без вода корисниците на улиците „Петрино“, „6-та Бригада“, „28-ми Април“, „130“ и „Радојца Новичиќ“
Post Views: 157 Од ЈП Водовод – Охрид информираат дека поради реализација на проектот за подобрување на водоводната мрежа на ул.Кленоец денес во периодот од 08:00-18:00 часот вез вода за пиење ќе бидат корисниците на улиците „Петрино”, „6-та Бригада”, „28-ми Април”, „130″ и „Радојца Новичиќ”.
Преподобен Онуфриј Велики
Post Views: 181 Овој светител проживеа во пустина цели шеесет години, кога го посети монахот Пафнутиј. Косата и брадата му досегаа до земјата, а телото заради долгогодишната голотија му беше обраснато со долги влакна. Влакната на него беа сите бели како снег, а сиот негов изглед блескав, возвишен и страшен. Штом го виде дојдениот, тој го повика со името Пафнутиј, а потоа му го раскажа своето житие од пустината. На тоа место во пустината го беше одвел неговиот Ангел-чувар, којшто претходно му се јавил. Долго време се хранел само со зелјето кое ретко можело да се најде во...
Сончево и многу топло со слаб ветер од северен правец
Post Views: 151 Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.Под влијание на топла воздушна маса од југ од утре до петок времето ќе биде многу топло. Дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа се очекува да надмине и 40°C. Вредноста на UV индексот ќе биде 9. Во петок попладне и во вечерните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, а пад на температурата за неколку степени се очекува во деновите од викендот кога ќе дува умерен до засилен северен ветер, велат од УХМР....