Автор: инфодеск
Views: 167 ЈП „Градски Пазар“ Охрид објави оглас за издавање простор – локации за поставување урбана опрема за комерцијално користење во текот на летната туристичка сезона.Станува збор за вкупно 11 локации наменети за поставување станици за подвижна урбана опрема, распоредени на неколку атрактивни градски позиции.Од претпријатието информираат дека четири локации се наоѓаат на улицата „Кеј Македонија“, шест локации на плоштадот „Крушевска Република“, додека една локација е предвидена на пешачката патека на потегот од каналот Студенчишта до хотелот „Парк“.Локациите ќе бидат...
Владата донесе Одлука за ограничување на пловидба на пловни објекти на Охридското, Преспанското и Дојранското езеро
Views: 298 Во насока на зголемување на безбедноста на капачите и учесниците во пловидбата, а заради заштита на човечките животи и непречено користење на езерските води, Владата на предлог на Министерството за транспорт донесе Одлука за ограничување на пловидба на пловни објекти на Охридското, Преспанското и Дојранското езеро. Имено со Одлуката се ограничува:– Пловидба на скутери во период од 1 јули до 31 август 2026 година од 11 часот се до 19 часот....
НП Галичица објави нов ценовник за посетители и корисници на услугите
Views: 509 Јавната установа Национален парк Галичица го објави новиот Ценовник за надоместоци за влез, посета и користење на услугите што ги нуди паркот.Ценовникот ги опфаќа надоместоците за влез во заштитеното подрачје, паркирање, кампување, користење на едукативни содржини, фотографирање и снимање, организирање настани, како и други услуги достапни за посетителите.Од Националниот парк ги повикуваат граѓаните и туристите навреме да се информираат за важечките цени пред да ја планираат својата посета.„Средствата обезбедени преку наплатата на надоместоците директно се вложуваат...
Beach Film Festival од 22 до 26 јули во Охрид
Views: 368 Организаторите на Beach Film Festival го најавија 9. издание на фестивалот кое ќе се одржи од 22 до 26 јули во Охрид.– Под ѕвезденото небо, покрај езерото и помеѓу брановите, повторно се среќаваме со филмот. Beach Film Festival се враќа во Охрид од 22 до 26 јули, носејќи нови европски приказни, незаборавни проекции и пет дена исполнети со кино, разговори и лето, се вели во соопштението.„BEACH FILM FESTIVAL“ има големо значење како културен настан во државата, бидејќи привлекува млада публика (18-35 години) која е исклучително тешко во денешно време да биде...
Светиот маченик Талалеј
Views: 258 Родум од Либан, од татко Верукиј и мајка Ромилија; осумнаесетгодишно момче со прекрасен изглед, со коса црвеножолта. Лекар по занимање. Пострада за Христа за време на царувањето на Нумеријан. Кога храбро ја исповедаше својата вера во Господ Христос пред мачителот, Нумеријан им нареди на двајцата џелати Александар и Астериј со сврдел да му ги дупчат колената, да му провлечат јаже низ издупчените коски и да го обесат за едно дрво. Но, на џелатите како една невидлива сила да им го зеде видот и наместо Талалеј тие издупчија една штица и ја обесија на дрвото. Кога дозна за ова...
Денес променливо облачно време со сончеви периоди
Views: 189 Променливо облачно со сончеви периоди. Во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува засилен до силен ветер од западен правец, кој повремено во западните делови ќе надминува брзина од 60 km/h.Денес во Охрид минималните температури од 11, а максималните до 23 степени Целзиусови.Од УХМР најавуваат дека до крајот на оваа седмица времето ќе биде променливо облачно време со сончеви периоди. Во попладневните часови наместа ќе има појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат...
Охридската библиотека по четврти пат го реализираше проектот „Читаме гласно и раскажуваме“
Views: 214 Од 18 до 29 мај во ООУ „Бртатство Единство“ во населбата Лескајца, НУ Библиотека „Григор Прличев“ го реализираше проектот „Читаме гласни и раскажуваме“ одобрен од Министерсвото за култура и туризам како дел од Годишната програма за работа на охридската библиотека „Григор Прличев“.-Читањето како и раскажувањето имаат големо значење за развојот на децата бидејќи преку нив тие стекнуваат нови знаења, учат важни животни вредности и го развиваат критичкото мислење. Преку читањето децата го збогатуваат речникот, а пак, раскажувањето им помага подобро да ги изразат своите...
Водата од артериска чешма „Џамија“ на ул „Даме Груев“ е исправна за пиење
Views: 229 Според најновите лабораториски анализи, водата од артерската чешма „Џамија“ на улицата „Даме Груев“ е исправна за пиење.Со решение на Агенцијата за храна и ветеринарство од 22 мај 2026 година беше забранета употребата на водата за пиење, откако анализите извршени од ЈЗУ Центар за јавно здравје Охрид покажаа дека таа не е исправна за употреба.По спроведените контролни испитувања и добиените резултати од последните анализи, утврдено е дека водата е здравствено безбедна и може повторно да се користи за пиење.









