Skip to main content

Автор: инфодеск

Брисел под закани и загрозена безбедност

Post Views: 5 Белгија денес го подигна степенот за тревога за подрачјето на главниот град Брисел на најголемо ниво, предупредувајќи ја јавноста да ги избегнува метежите и гужвите поради заканите од терористички напади, рекол официјален претставник на владата. По состанокот на министерот за внатрешни работи, врвот на полицијата и безбедносните служби степенот за тревога во Брисел е подигнат на четвртото и највисоко ниво. “На жителите им советуваме да ги избегнуваат местата каде се собираат многу луѓе како што се шопинг центрите, концертите или станиците за јавен превоз”, рекол...

Продолжи со читање

Франција возврати со бомбардирање на главниот град на џихадистите

Post Views: 9 Француските борбени авиони доцна синоќа го изведоа досега најобемниот напад врз Исламската држава во Сирија, поточно во упориштето на екстремистите, Рака, кој тие го сметаат за своја престолнина. Како што најави, францускиот претседател Франсоа Оланд жестоко одговори на крвавите терористички напади во Париз. Француските бомбардери го нападнаа сирискиот град Рака и го уништија командниот центар и кампот за обука. Во калифатот веднаш потоа завладеала паника. Заканата која ја прати францускиот претседател била јасна и во калифатот сега стравуваат дека Французите...

Продолжи со читање

Исламска држава од мала теористичка група до глобална закана

Post Views: 12 Исламската држава (IS), која ја превзеде одговорноста за нападите во Париз во кои беа убиени 129 лица, почна како мала терористичка група кон крајот на ’90-те години, а стана позната за време на американската инвазија на Ирак. Нападите во Париз се најсмртоносното дивјаштво на екстремисти вон исламскиот свет. САД организираше коалиција против IS во 2014 година, откако IS го окупира ирачкиот град Мосул и се прогласи за калифат на кој треба да се покорат сите муслимани, а подоцна тргна во освојувачки поход. И покрај некои назадувања, вклучувајќи ги неодамнешните...

Продолжи со читање

Европските земји воведуваат строги мерки на безбедност

Post Views: 4 Франција денес соопшти дека сите манифестации на јавни места се забранети по нападите во Париз во кои загинаа 128 лица и 250 се ранети, а останатите европски земји одлучија да воведат построги мерки на безбедност. Француската одлука се објаснува со фактот дека се мобилизирани силите за безбедност и притоа не можат да ги обезбедуваат различните колони и собирања, се вели во указот кој го потпишал полицискиот началник Michel Cadot. Италијанскиот премиер Matteo Renzi ги осуди теористичките напади во Париз и најави додатни мерки на безбедност. “Како и сите...

Продолжи со читање

Мобилниот телефон му го спасил животот во нападите во Париз

Post Views: 10 Човек кој се нашол во близина на стадионот каде експлодираа две бомби тврди дека животот му го спасил мобилниот телефон. Тој разговарал на мобилниот телефон одејќи покрај стадионот Stade de France во Париз кога експлодирала една од бомбите. Шрапнелот долетал до него но го погодил точно во мобилниот телефон. “Разговарав, ја преминував улицата и тогаш имаше експлозија точно пред мене. Се разлетаа парчиња, почуствував како летаат околу мене. Паднав и веднаш станав. Го погодија мојот телефон и тој ме спаси, во спротивно ќе ме погодеше точно во глава”, изјавил за...

Продолжи со читање

Низа терористички напади во Париз, убиени 120 луѓе

Post Views: 8 Париското обвинителство потврди најмалку 120 убиени луѓе во низата терористички напади во Париз, вклучувајќи го и масакрот во концертната сала Bataclan и самоубиствениот напад во експлозијата во близина на стадионот Stade de France. Парискиот државен обвинител Francois Molins рано утрово изјави дека во нападите се убиени најмалку 120 луѓе, што е прва бројка на настрадани кој ја изнесе некој официјален извор. Molins рекол дека за време на минатата ноќ се неутрализирани најмалку пет напаѓачи, од кои тројца во концертната сала. Околу 1.500 лица дошле во Bataclan на...

Продолжи со читање

Автономниот автомобил на Google го запре полиција

Post Views: 5 Освен самата технологија, еден од најголемите проблеми на автомобилите без возач, односно возилата кои ги управуваат компјутери е тоа кој ќе сноси одговорност во случај на сообраќајна несреќа. Колку може компјутерот кој го управува возилото да биде опасен покажал примерот на автомобилот на Tesla – иако можат да се прочитаат бројни пофални текстови за овој софтвер сепак еден корисник кој објавил видео на YouTube покажува како го поставил автопилотот на возилото, а во еден момент возилото преминало на другата страна од лентата од која му доаѓа друг автомобил....

Продолжи со читање

Instagram нуди можност за заработка

Post Views: 10 Социјалните мрежи овозможуваат еден потполно нов начин на заработка за познатите лица кои секоја своја објава на Twitter или Instagram можат добро да ја наплатат. Со оглед на тоа дека некои имаат милиони пријатели, објавата во која споменуваат некој спонзор или носат брендирана облека, користат паметен телефон, таблет или слично, може да го видат голем број на луѓе, а тие можат да заработат десетици илијади долари. Но, заработката на социјалните мрежи не е резервирана само за актери, пејачи, спортисти и други познати лица, туку на нив можат да заработат и...

Продолжи со читање