Автор: инфодеск
Post Views: 5 Првиот патнички авион во Кина излезе денес од монтажната лента во Шангај по седум години развој и неколку одложувања. C919, авионот кој го произведе државниот индустриски авио конзорциоум COMAC, има 158 седишта и стандарден домет на летање од 4.075 километри. Авионот прв пат ќе полета идната година, а потоа уште три години ќе има пробни летови пред да биде спремен за комерцијална употреба, известила официјалната новинска агенција Xinhua. За ова летало С919 веќе има 517 нарачки од 21 клиент, соопштил COMAC, а пренесува Xinhua.
Новиот James Bond почна со рушење рекорди
Post Views: 4 Новиот филм за тајниот агент James Bond веќе ги руши рекордите на благајните во британските кина, објави Sony Pictures. “Spectre” со Daniel Craig кој по четврти пат го глуми филмскиот јунак, агентот 007, заработи 9,2 милиони долари во еден ден, првиот ден на прикажување во Британија. Тоа е најдобар резултат во историјата на британскиот “box office” кој некој филм го направил досега. “Spectre” во првиот ден на прикажувањето направи подобар резултат од неговиот претходник “Skyfall”, кој пак на крајот со 1,1 милијарди долари, на глобално ниво, е финансиски...
Пет најглупави изуми со кои станале милионери
Post Views: 7 Во капитализмот се чини дека за се има пазар, а ова се петте најглупави изуми на кои некои луѓе добро се збогатиле. Топчето Koosh – Топчето koosh го изумил уште во 80-те Scott Stillinger. Идејата била едноставна и сакал да изработи топче кое се фаќа едноставно па така го создал гуменото топче со реси со кое за кратко време станал милионер. Перница која може да се стави во микробранова печка – Претприемачката Kim Lavine во 2002 година дизајнирала перница која може да се загрее во микробранова печка и тој изум ја сменил нејзината финансиска состојба. Пред изумот...
Зависноста од екраните сѐ поголема
Post Views: 7 Кога некој ќе ве праша колку време дневно поминувате користејќи го телефонот, што ќе одговорите? Спрема неодамнешното истражување на Универзитетот во Nottingham, мнозинството луѓе воопшто не е свесно колку време поминуваат со мобилниот телефон в рака а правата вистина ја открила апликацијата која имала цел на истражувањето била инсталирана на своите телефони. Лицата помеѓу 18 и 33 години кои учествувале во ова истражување своите телефони ги проверувале на секои 10 минути – сурфале на интернет, користеле апликации, слушале музика или само проверувале колку е...
Руски авион со 224 патници се сруши над Синај
Post Views: 5 Канцеларијата на египетскиот премиер објави дека руски цивилен авион се сруши над средишниот дел на полуостровот Синај и дека е основана комисија која ќе ги истражува околностите под кои се случила несреќата. Воздухопловни извори изјавиле дека во авионот се наоѓале 217 патници и седум членови на екипажот, пренесува агенцијата AFP. Медиумите порано изјавија дека египетската контрола на летање изгубила контакт со патничкиот авион недолго откако полетал од аеродромот во Шарм Ел-Шеик кон Русија. Изворот наведува дека во авионот се наоѓале воглавно руски туристи. ...
Samsung го претстави најголемиот мобилен уред со Android
Post Views: 17 Samsung на почетокот на минатиот месец на IFA саемот во Берлин најави дека припрема таблет со голема дијагонала на екранот, а вчера и ифицијално го претстави Galaxy View кој, со оглед на големината, тешко може да се нарече мобилен уред. Имено, Galaxy View доаѓа со екран кој е поголем и од поголемиот број на преносни компјутери и тежок е 2,65 кг. Така што тешко дека ќе се користи како класичен таблет кои луѓето го носат на патувања, плажи и слично. Целна група на овој уред не се корисници кои бараат класичен таблет, туку љубители на видеа, филмови, а кои ќе можат...
Facebook ја укинува опцијата која беше присутна со години
Post Views: 8 Facebook одлучи да ја напушти една од своите најкритизираните и збунувачки компоненти – “Other” (друго) фолдерот во вашиот инбокс, односно “други пораки” во одделот пораки. Социјалната мрежа “Other” го замисли како канал по кој можат да ви се јават сите оние кои тоа го сакаат а не ви се пријатели. Меѓутоа, бидејќи таа опција не заживеа во правиот смисол на зборот, Facebook одлучи “Other” да го замени со нова опција “message request” (барање за порака) за да можат да ве контактираат луѓе со кои не сте пријател. Facebook тврди дека оваа нова алатка ќе ја елиминира...
Крај за тајните швајцарски сметки
Post Views: 9 Европскиот парламент на пленарна седница вчера расправаше за договорот со Швајцарија со кој се отежнува криењето на кеш пари во швајцарските банки, а притоа се случува избегнување на плаќање данок во земјите од каде потекнуваат. Гласањето за овој предлог по распоредот е предвидено за денес. Европската Унија и Швајцарија меѓусебно се обврзале на размена на податоци за банкарските сметки кои би требало да се транспарентни од почетокот на 2018 година. Договорот е постигнат кон крајот на мај оваа година со цел да се сузбијат финансиските измами и затајување на...