Автор: инфодеск
Post Views: 66 Претпладне облачно, а попладне сончево со умерена облачност. Во западните делови ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен, а во источните делови од северозападен правец.Денес во Охрид минималните температури од -2, а максималните до 12 степени Целзиусови.Од денес следува период на стабилно време, освен во вторник кога кон крајот на денот претежно во североисточните делови ќе има услови за повремен локален дожд. Утрата ќе бидат постудени, а дневната температура ќе биде во пораст.
Ги запознаваме ретките болести: Епителоиден хемангиондотелиом
Post Views: 69 ЕПИТЕЛОИДЕН ХЕМАНГИОЕНДОТЕЛИОM (ЕХЕ)/EPITHELIOID HEMANGIOENDOTHELIOMA (EHE)MKБ-10 D48.1ПРЕВАЛЕНЦАСе јавува кај 0,01 % од популацијата, односно кај 1 лице на секои 1 000 000 низ светот. Секоја година во САД се дијагностицираат околу 90 случаи. Поради потешкотиите кои се јавуваат при дијагностицирањето на оваа болест, се претпоставува дека реалниот број на заболено население е многу поголем.ВОВЕДЕпителоидниот хемангиоендотелиом (ЕХЕ) е редок тумор кој се карактеризира со солитарна лезија во површинското или длабокото меко ткиво на екстремитетите. Најчесто...
Во петок ќе се одржи 7. седница на Советот на Општина Охрид
Post Views: 67 Седмата седница на Советот на Општина Охрид ќе се одржи на 27.2.2026 година (петок) со почеток во 9:00 часот во зградата на Општина Охрид.За седницата е предложен следниот дневен ред:Усвојување на Записникот од 5-та седницаи Записникот од 6-та седница1. Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката за утврдување на максималниот износ на вредност на бодот за пресметување на платите на административните службеници и техничкиот персонал вработени во ЈОУДГ „Јасна Ристеска” – Охрид за 2026 година.2. Предлог-одлука за давање согласност на...
Во Велгошти се одржа традиционалниот маскенбал „Емшири 2026“
Post Views: 81 По повод големиот верски празник Велики Поклади Прочка, традиционално и оваа година во охридското село Велгошти, се одржа маскенбалот „Емшири 2026“. Истиот се одржа на спортското игралиште „Тодор Александров“, во организација на Месната заедница на селото Велгошти, а за сите маскирани дечиња, емширчиња, беа обезбедени симболични подароци-Со искрени желби за здравје, меѓусебно почитување, прошка и духовен мир, на сите граѓани им го честитам празникот Велики Поклади – Прочка. Нека овој празник не потсети дека заедништвото, љубовта и семејната топлина се...
Денеска е Прочка – Велики Поклади
Post Views: 81 Прочка или Велики поклади — ден во православното христијанство на меѓусебно простување помеѓу верниците пред почетокот на велигденскиот пост. Датата на Прочка се менува во зависност од датата на Велигден, и секогаш е точно на 7 недели пред Велигден. Од верски аспект, Прочка е една од манифестациите на искрената и пожртвуваната љубов кон ближните, кој треба да го следи примерот на Исус Христос за безусловно и безгранично проштевање меѓу луѓето.Прочка бара помладиот од постариот со зборовите „прости ми“, а постариот одговара „простено да ти е од...
Утре во Велгошти ќе се одржи традиционалниот маскенбал „Емшири 2026″
Post Views: 84 Утре по повод големиот верски празник Велики Поклади (ПРОЧКА), традиционално и оваа година во Велгошти ќе се одржи маскенбал „Емшири 2026″.Организатор на маскенбалот е М.З. на с.Велгошти и е финансиски поддржан од Општина Охрид.-За сите маскирани дечиња, емширчиња, се обезбедени симболични подароци, велат организаторите.Почетокот на маскенбалот е закажан во 11 часот на спортското игралиште „Тодор Александров”.
Ги запознаваме ретките болести: Алкаптонурија, болест на црна урина
Post Views: 83 АЛКАПТОНУРИЈА/ БОЛЕСТ НА ЦРНА УРИНА/ALKAPTONURIA/ BLACK URINE DISEASEMKБ-10 Е70.2ПРЕВАЛЕНЦА – забележана кај 1/250 000 живородени деца до 1/1 000 000 кај одредени етнички групи.ВОВЕДАлкаптонурија е многу ретко генетско заболување кое се наследува автосомно-рецесивно, па затоа кај многу индивидуи се јавува асимптоматски со тоа што и самите не се свесни за својата состојба сè до периодот на зрелост. Пациентите немаат доволно функционални нивоа на ензим потребен за разградување на хомогентизичната киселина, со што доаѓа до појава на темна (црна)...
Уништени илјада килограми небезбедна храна од објекти за производство и промет со здрава храна
Post Views: 75 Илјада и десет килограми небезбедна „здрава храна” уништија инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) кај 14 оператори во рамки на 373 контроли спроведени неделава, кај оператори именувани како објекти за производство и промет со здрава храна.Со контролите утврдено е дека 14 оператори воопшто не биле регистрирани како оператори со храна во Агенцијата, информираат од АХВ.За утврдените недоследности со контролите, издадени се 65 решенија, 19 опомени и 44 парични казни, во вкупна вредност од 20 550 евра во денарска противвредност....
21 февруари – Меѓународен ден на мајчиниот јазик
Post Views: 91 Во светот денеска се одбележува Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, прогласен од УНЕСКО на 30-тата сесија на Генералната конференција во 1999 година, а наредната 2000 година 21 февруари е промовиран како Ден на лингвистичка и културна разновидност и мултилингвизам.Во Декларацијата на УНЕСКО за културна разновидност, меѓу другото е наведено правото на секоја личност да се изразува и да создава на јазик што ќе го избере, а особено на мајчин јазик.На половината од околу шест илјади јазици што се зборуваат во светот им се заканува исчезнување, а во околу 200...
Забрана за две фирми да вршат ископување во близина на Шум
Post Views: 114 Преземајќи истражни дејствија по наредба на Основното јавно обвинителство Струга за испитување на причините за загадувањето на водата од извориштето во селото Шум, истражните органи затекнале работни машини на две правни лица од Велешта кои вршеле кршење, ископ и транспорт на карпи во поголем обем во непосредна близина на изворите.-Поради сомненија за кривични дела – Незаконита експлоатација на минерални суровини од член 225-а и Загадување на водата за пиење од член 219 од Кривичниот законик, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка веднаш...
Светиот великомаченик Теодор Стратилат
Post Views: 87 Драгоценоста на маченичкиот подвиг зависи од величината на богатството што ќе го напушти христијанинот примајќи страдање наместо тоа богатство, како и од величината на страдањето што ќе го поднесе заради Христа. Свети Теодор, римски војвода, во војската на царот Ликиниј и градоначалник на градот Хераклеја, ја презре својата младост и убавина и војводскиот чин и царската милост и наместо тоа на себе прими страшни маки заради Христа. Беше биен, прими шестотини удари по грбот и петстотини по стомакот, потоа го подигнаа на крст и го издупчија со стрели. На крајот го...
Променливо облачно и ветровито
Post Views: 73 Променливо облачно со сончеви периоди. Наместа ќе има услови за провејување на слаб снег.Ќе дува умерен, a долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.Во Охрид денес температурите од минимални 2, до максимални 8 степени Целзиусови.За време на викендот ќе дува засилен ветер од северен правец, а утре ќе има услови за провејување на слаб снег. Од недела следува период на стабилно време со високи дневни температури.