Skip to main content

Автор: инфодеск

Променливо облачно време со дожд во Охрид, температурите до 20 степени

Views: 103 Променливо облачно со сончеви периоди. Во попладневните часови, најпрво во крајните западни делови, а потоа на повеќе места ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој наместа долж Повардарието повремено ќе засилува.Минималните температури во Охрид од 8, а максималните до 20 степени Целзиусови.Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, од денес до почетокот на следната работна седмица, времето ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни, а утре ќе бидат проследени и со појава на...

Продолжи со читање

Да ја поддржиме Македонија на Детската Евровизија 2026 во Малта

Views: 157 Стружанката Ана Стојаноска ќе ја претставува Македонија на Детската Евровизија со песната „Идната јас“. Натпреварот ќе се одржи на 24 октомври во Малта, а македонската публика ќе има можност да ѝ даде поддршка на нашата претставничка преку онлајн гласање.Гласањето се одвива преку официјалната страница JESC.TV, каде што секој гласач треба да избере три песни, меѓу кои и „North Macedonia – Ana Stojanoska“, а потоа да го потврди својот избор.Гласањето ќе се одвива во два круга. Првиот круг започнува на 23 октомври во 23:59 часот и ќе трае до 24 октомври во...

Продолжи со читање

Ќе се заштитуваат блатните системи во Охридскиот регион

Views: 117 Студенчишкото Блато сè уште чека законска заштита. Како природен филтер на Охридското Езеро, блатото го намалува загадувањето, го  регулира водниот режим и е живеалиште на бројни растителни и животински видови.Потребна е  долгорочна ревитализација, прв чекор е отстранување на шутот, обновување на екосистемите и повторно поврзување со езерото.„Засега, краткорочната цел ни е да обезбедиме негова формална заштита како заштитено подрачје. Потоа треба буквално да се отстрани целиот шут, да се обноват природните екосистеми и повторно да се поврзе со езерото. Станува...

Продолжи со читање

поглед кон охрид од рамне

Кривична пријава за бесправно градење во охридското село Рамне

Views: 196 СВР Охрид поднесе кривична пријава против 35-годишен охриѓанец поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“, според член 244 од Кривичниот законик.Според пријавата, на катастарска парцела во охридското село Рамне, пријавениот започнал со изградба на бетонска плоча и изведување други придружни градежни зафати без одобрение за градење од надлежен државен орган.Од надлежната градежна инспекција било донесено решение за отстранување на градбата.

Продолжи со читање

Со тридневна програма Општина Охрид ќе го одбележи Денот на македонската револуционерна борба

Views: 150 Со тридневна свечена програма Општина Охрид ќе го одбележи 23 Октомври – Денот на македонската револузионерна борба.Програмата започнува утре со промоција на ученичката поетска збирка „Тие доаѓаат“ во издание на Општина Охрид. Настанот ќе се одржи во галеријата на НУ ЦК „Григор Прличев“ со почеток во 11:30ч.Централниот настан е свечената академија „Од идеја до независност“ на 22.10. 2026 ( четврток) со почеток во 19:00 часот на малата сцена во НУ ЦК „Григор Прличев“. На академијата најавено е обраќање на претставник на Општина Охрид и настап на...

Продолжи со читање

ССМ: Синдикалната минимална кошница за месец октомври изнесува 70.358 денари 

Views: 179 Вредноста на синдикалната минимална кошница за месец октомври 2026 година изнесува 70.358 денари. Споредена со вредноста на синдикалната минимална кошница за месец септември 2026 година, која изнесува 69.432 денари е зголемена за 926 денари – соопшти Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ).Со изнајмен стан од 60 квадрати за месец октомври изнесува 85.733 денари.Според минималната кошница на ССМ,, за храна и пијалаци на едно четиричлено семејство му се потребни 26.170 денари, што е за 124 денари повеќе од минималната плата.

Продолжи со читање

Над 60 деца ја запознаа традицијата на ткаењето преку проектот „Учиме да ткаеме“ на Завод и Музеј – Охрид

Views: 265 НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј-Охрид го реализира проектот „Учиме да ткаеме“, во рамките на годишната програма за 2026 г. Повеќе од 60 деца, на возраст од 7-12 години од ООУ „Св. Наум Охридски“- Пештани, со кое училиште НУ Завод и Музеј-Охрид има меморандум за соработка, ја запознаа традицијата на ткаењето.Проектот започна со посета на трло кое се наоѓа во Струшкиот регион каде децата имаа можност,повеќето за прв пат, одблиску да видат трло со овци и да ја допрат волната со раце. Го видоа и процесот на стрижење на волната и научија како понатака...

Продолжи со читање

Балкански рис

Со фотозамки засилен мониторинг на балканскиот рис на Јабланица

Views: 130 Балканскиот рис е меѓу најзагрозените диви животни во Европа. Неговата популација е критично мала, а за нејзино зачувување, покрај заштитата на живеалиштата и спречувањето на криволовот, неопходно е и следење на генетската разновидност. На работилницата во Вевчани, околу 70 научници од Европа разговараа за најновите методи за истражување и мониторинг на рисот, а дел од активностите се одржаа и на падините на Јабланица.„Се собраа во Вевчани околу 70 научници и разговаравме за сите најнови научни достигнувања во истражувањето на популациите на рисот. Беа презентирани нови...

Продолжи со читање