Автор: инфодеск
Post Views: 335 Ова е веќе за рубриката Верувале или Не. Каква дрскост и смелост имаат одредени наши сограѓани.Жителите на улицата „Даме Груев“ повторно со реакција до рубриката Ти Си Твојот Град за повторното поставување на рампите кои претходно истите беа отстранети од службите на локалната самоуправа.
Промена на уличното осветлување на улицата „Питу Гули“
Post Views: 102 Денес и во наредните неколку денови, ќе се врши промена на уличното осветлување на дел од улицата “Питу Гули“, од пресекот со улицата „Јане Сандански“ до пресекот со улицата „Марко Нестороски“.Се молат возачите на повнимателно управување со моторните возила заради поголема безбедност на граѓаните.
Незаконит риболов во Охридското езеро, пронајдени мрежи и уловена риба кај „Еврохотел“ и Калишта
Post Views: 421Од СВР Охрид информираат дека во периодот од 21 до 24 јуни 2025 година, полициските службеници од полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“ Охрид, согласно надлежностите по Законот за внатрешна пловидба, Законот за рибарство и аквакултура а во врска со кривичното дело „Незаконит риболов“, извршија засилени контроли во водите на Охридското езеро. Притоа, на околу 1500 метри над „Еврохотел“, пронајдени и одземени се 4 висечки рибарски мрежи во должина од по 100 метри (вкупно 400 метри) и улов од 300 парчиња риба Охридска белвица. Дополнително, во...
СВР Охрид: 75-годишен охриѓанец починал по службен разговор во полиција
Post Views: 205 На 23.06.2025 во 16.40 часот во полициската станица Охрид, откако полициски службеници извршиле службен разговор со 75-годишен охриѓанец, на излезот од објектот на лицето му се слошило и со Итна медицинска помош бил пренесен во Медицински центар Охрид. Во 17.20 часот, лицето починало, а лекар констатирал смрт. По насоки на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција, информираат во најновиот билтен од СВР Охрид.
Пецаков со честитка до заедницата на Балканските Египќани
Post Views: 139 Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков упати честитка по повод 24 јуни, денот на Балканските Египќани.-Упатувам искрени честитки до сите наши сограѓани од заедницата на Балканските Египќани по повод 24 јуни – Меѓународниот ден на Балканските Египќани. Нека овој празник биде потсетник дека различностите не прават посилни и побогати. Вашата традиција и култура се важен дел од духот на Охрид и се вградени цврсто во мултикултурниот мозаик на македонското општество. И во иднина, како и до сега, да продолжиме да го негуваме нашето пријателство и искрена...
Годинава трето издание на Ohrid Water Festival
Post Views: 275 Од 16 до 30 август 2025 ќе се одржи третото издание на Ohrid Water Festival и Охрид повторно ќе биде домаќин на единствениот фестивал кој ги спојува водените спортови и културната програма.Предвидени се возбудливи спортски настани, изложби, едукативни презентации и концерти, а организаторите ќе ја објават наскоро целосната програма.
Туристичката сезона го зголеми обемот на работа во охридските болници
Post Views: 169 Стартот на туристичката сезона го зголеми бројот на пациенти во охридските болници. Најчесто се хоспитализираат повредени од сообраќајни несреќи. Потоа повредени на плажа, давеници или со повреди од тепачки.Од Специјалната болница за ортопедија и трауматологија Свети Еразмо, велат подготвени се кадровски да одговорат на зголемените потреби од интервенции и оперативни зафати.–Во моментов лекарски сме одлично екипирани на врвно ниво е здравствената услуга секако имаме потреба од дополнителни...
Информативните денови за Оперативниот план за вработување продолжуваат во Охрид
Post Views: 181 Во рамки на активностите за промоцијата пред јавноста на мерките и активностите кои произлегуваат од Оперативниот план за активните програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2025 година, во среда (25.06.2025 година) во 10 часот во салата на Советот на Општина Охрид ќе се одржи информативен ден.На овие средби покрај заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески ќе бидат присутни и претставници од Општина Охрид, Агенцијата за вработување и Агенцијата за поддршка на претприемништвото.-На инфо деновите се поканети стопанските...
ТСТГ: Уште еден случај на самоволно узурпирање на јавен простор, до кога препреки ќе се поставуваат на јавен имот кој припаѓа на сите нас?
Post Views: 350 После сторијата од наши сограѓани за узурпирани јавни површини и поставување на рампи на јавни паркинг места, и брзата реакција на локалната самоуправа, жителите на Охрид повторно охрабрени за пријавување на слични случаи.Наш сограѓанин реагира за узурпиран јавен простор, овој пат кај училиштето за посебни потреби „Сончеви зраци“.-Гледам дека рубриката Ти Си Твојот Град одлично функционира. Сакам да пријавам узурпирано државно земјиште на самиот тротоар каде се поставени железни цевки и синџири. Неколку пати стари лица се сопнати на оваа препрека. Тука...
Детскиот фестивал „Поточиња“ во петок на сцената „Долни Сарај“
Post Views: 238 Во рамки на проектот на Општина Охрид, Културата расте со децата „За сите деца“ во петок, 27 јуни, со почеток во 19:30 часот, на сцената „Долни Сарај“ ќе се одржи детскиот фестивал „Поточиња“. Ораханизаторите велат дека најмладите ги очекува вистинска музичка бајка, радост, музика и детска енергија на сцената.–Ве покануваме сите – мали и големи – да уживаме заедно во песна, игра и насмевки под отворено небо!, порачуваат организаторите.
Прогласен прекин на огнот меѓу Израел и Иран
Post Views: 411 Американскиот претседател Доналд Трамп вчера објави дека е договорено „целосно“ примирје во конфликтот меѓу Израел и Иран, кое треба да стапи на сила во фази, потенцијално ставајќи крај на она што тој го нарече „12-дневна војна“.Трамп изјави дека примирјето ќе се спроведува во фази во текот на 24 часа, и потоа Војната ќе се смета за завршена.Израелската влада потврди дека го прифатила предлогот за примирје претставен од Доналд Трамп, но истакна дека жестоко ќе одговори на секое негово кршење.-Израелската влада се согласи со предлогот за прекин на огнот...
Земјотрес од 4,5 степени во Албанија, почуствуван и во Македонија
Post Views: 232 Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала рано утрово е регистриран во соседна Албанија, а бил почувствуван во југозападните делови на Македонија.Потресот бил регистиран во 5:04 часот на околу 158 километри југозападно од Скопје, а според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ) епицентарот на земјотресот бил на 16 километри северозападно од Тирана, на длабочина од пет километри.