Автор: инфодеск
Views: 229 Според најновите лабораториски анализи, водата од артерската чешма „Џамија“ на улицата „Даме Груев“ е исправна за пиење.Со решение на Агенцијата за храна и ветеринарство од 22 мај 2026 година беше забранета употребата на водата за пиење, откако анализите извршени од ЈЗУ Центар за јавно здравје Охрид покажаа дека таа не е исправна за употреба.По спроведените контролни испитувања и добиените резултати од последните анализи, утврдено е дека водата е здравствено безбедна и може повторно да се користи за пиење.
И покрај апелите за заштита, се руши куќата од 1927 год на ул „Димитар Влахов“
Views: 286 И покрај апелите на иницијативата Охрид СОС и граѓани за нејзина заштита, вчера започна уривањето на куќата на улицата „Димитар Влахов“ , објект изграден во 1927 година кој според активистите претставува редок и вреден пример на еклектична градска архитектура од меѓувоениот период. Охрид СОС претходно (29 мај ) побара од надлежните институции итна привремена заштита на објектот, укажувајќи дека тој се наоѓа во зона опфатена со Планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион и е дел од поширока архитектонско-урбанистичка целина долж улиците...
На 3 јуни ќе се одржи третото издание на „Вози велосипед, уживај и промовирај“ по повод Светскиот ден на велосипедот
Views: 215 По повод Светскиот ден на велосипедот, на 3 јуни во Охрид ќе се одржи третото издание на настанот „Вози велосипед, уживај и промовирај“. Почетокот е закажан за 10:30 часот во Холандскиот парк.Настанот предвидува велосипедска тура низ градот, а организаторите ги повикуваат граѓаните, љубителите на велосипедизмот и сите заинтересирани да се приклучат и да дадат поддршка на иницијативите за одржлива мобилност и поздрава животна средина.Според организаторите, целта е преку промоција на велосипедот како превозно средство да се поттикне еколошката свест, активниот начин на...
Охрид вечерва на плоштад ќе слави за европската шампионска титула
Views: 266 Ракометарите на Охрид го освоија Европскиот куп откако во реваншот од финалето против унгарската Татабања победија со 31:26 пред своите навивачи. Ова е прв трофеј во историјата на клубот.Од ГРК Охрид најавија прослава на титулата денеска на Градскиот плоштад.Прославата започнува вечерва во 19ч. на градскиот плоштад, а во 20ч. ќе ги пречекаме шампионите на ЕХФ Европскиот Куп! – соопшти ГРК Охрид.На патот до трофејот, Охрид одигра 12 натпревари и забележа само еден пораз, против бившиот европски првак Целје во полуфиналето.
Отпад по уличките низ Стар град, Комуналец апелира за правилно одлагање
Views: 239 Искинати најлонски кеси, отпадоци разнесени по улиците и картонска амбалажа оставена околу садовите за отпад се секојдневна глетка во Стар град, која остава лош впечаток кај жителите и туристите.„Ова се редовни слики од најпосетуваниот дел од Охрид од страна на туристи, место каде што живеат голем број граѓани и функционираат бројни бизниси. Ова не е сликата што сакаме ниту да ја живееме, ниту да ја оставиме како впечаток за нашата култура“, велат од д ЈП „Охридски Комуналец“.Од претпријатието апелираат до граѓаните и правните лица кои работат во Стар Град да ги...
„Цветни балкони – Цветен Охрид“ по повод Светскиот ден на животната средина
Views: 229 Општина Охрид традиционално и годинава во рамки на одбележувањето на 5 – ти Јуни – Светскиот ден на животната средина, ќе го реализира проектот „Цветни балкони – Цветен Охрид“.Во рамките на овој проект ќе бидат поделени 400 жардиниери со саксиско цвеќе на жителите кои живеат на следните улици:ул.„Прилепска“,ул.„Винковачка“,ул.„Будва“,ул. „Радојца Новичиќ“,ул.„Кленоец“Акцијата ќе се реализира на 04 јуни (четврток) и 05 јуни (петок) 2026 год.Граѓаните од гореспоменатите улици кои се заинтересирани за жардинери со цвеќе, истото...
Сончево со температура до 26 степени
Views: 222 Во Охрид времето денес ќе биде сончево со мала облачност. Максималната температура ќе достигне до 26 степени.До крајот на работната седмица, според метеоролозите, во државава ќе се задржи претпладне променливо облачно време со сончеви периоди. Во попладневните часови ќе има услови за локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во четврток процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд, силен ветер, грмежи и услови за појава на град. Ќе дува засилен до силен ветер од западен правец, кој во вторник во западните делови повремено ќе достигнува брзина од 60...
Денес е Задушница, а утре е Педесетница (Духовден)
Views: 258 Празникот Задушница се одбележува во знак на сеќавање на починатите. На овој ден вообичаено се посетуваат гробиштата каде што со молитва, пченица и лепче осветено со црвено вино се изразува помен за упокоените.На Задушница верните даваат милостина на сиромашните во име на покојните и се молат за покој на нивните души.Духовден, пак, го означува слегувањето на Светиот Дух врз апостолите, или како што го нарекуваат светите отци „Роденденот на Црквата“. На 10-тиот ден од Христовото вознесение, а на 50-тиот од Неговото воскресение, на еврејскиот празник Педесетница, Светиот...









