Автор: инфодеск
Post Views: 9 Додека новиот шеф на Volkswagen најавува дека компанијата “има сеопфатен план” за решавање на скандалот, во САД, каде и започна аферата, започнаа да пристигнуваат првите тужби на измамени купувачи. Како што пишува Wall Street Journal, повеќе од 20 тужби веќе биле предадени во американските судови. Адвокатите очигледно не губеле време бидејќи Агенцијата за заштита на човековата околина објави порано во септември дека Volkswagen фалсификува податоци за издувните гасови. Во поднесените тужби се тврди дека купувачите се измамени и се бара оштета за губење на...
Twitter го укинува ограничувањето од 140 карактери
Post Views: 10 Во последните десет години светот на социјалните мрежи се промени драстично – Facebook неодамна надмина една милијарда корисници па Zuckerberg воведе бројни новитети на мрежата, Instagram започна како апликација за уредување и споделување на фотографии кои се наменети само за корисниците на iPhone, а денес 400 милиони корисници ги споделуваат фотографиите и видеозаписите, а сѐ попопуларни стануваат Snapchat, Vine и други. Една од работите кои за време на овие десет години не се смени е ограничувањето на бројот на карактери на Twitter и ден денес изнесува 140,...
Рускиот парламент одобри распоредување на воени сили во Сирија
Post Views: 12 Горниот дом на рускиот парламент, Советот на Федерација, едногласно го одобри барањето на претседателот Владимир Путин во Сирија да распореди воени сили, изјави шефот на кабинетот на претседателот Путин, Сергеј Иванов. Во соопштението се наведува дека одлуката за користење на руски воени сили во странство се однесува на военото воздухопловство, а не на копнени сили, пренесува RIA. Иако Кремљ во своето барање не навел на која земја се однесува таа одлука, Иванов по гласањето рекол: “Се работи за Сирија”. Иванов, исто така, рекол дека Сирија побарала руска воена...
Состанок на кризниот штаб предводен од Градоначалникот Стојаноски
Post Views: 15 Силниот ветар, кој дуваше со брзина од над 90 километри на час предизвика штета на повеќе места на крајбрежјето на Охрид, a падна и Мостот на желбите.Нивото на Охридското Езеро е 3 сантиметри над дозволеното,а силниот ветар донесе и бранови во висина од 120 сантиметри. „Кризниот штаб е во постојана комуникација со АД ЕЛЕМ, од каде велат дека кај Дрим се испуштаат по 20 метри кубни во секунда. Екипите на јавните претпријатија цел ден беа на терен и расчисуваа, а противпожарната единица имаше осум интервенции на паднати оџаци. Најголеми оштетувања има на...
Отстранување на колега од листата на пријатели на Facebook го сметаат за злоупотреба
Post Views: 11 Иако опцијата “unfriend”, по која многумина посегнуваат во налет на бес, е често само знак на незрелост, во Австралија е прогласена за злоупотреба. Во оваа земја луѓето ќе мора два пати да размислат ако сакаат да ги отстранат соработниците од листата на пријатели на Facebook. Имено, комисијата која се занимава со основните права на работниците (Fair Work Australia) утврдила дека ако администраторот отстрани колега од работа од листата на пријатели на Facebook се смета за вид на злоупотреба. Како резултат на ова, жртвата сега ќе може на суд да ја запре таа...
Apple повторно руши рекорди
Post Views: 7 Минатата година Apple за време на првите три продажни дена продаде 10 милиони iPhone, а дел од аналитичарите се прашуваа дали може компанијата и Cook повторно да ги надмине овие бројки со новите модели на iPhone. Иако оваа година редиците пред некои продавници на Apple не беа толку долги, сепак од петок до недела Apple продаде 13 милиони iPhone 6S и 6S Plus, а се очекува дека големата побарувачка за овие телефони ќе продолжи и до крајот на годината така што Tim Cook и екипата можат да очекуваат голема заработка во последниот квартал од оваа година. Во однос на...
И возилата на Audi со софтвер за измама на еко-тест
Post Views: 10 Германскиот производител на автомобили Audi објави дека 2,1 милиони возила ширум светот се опремени со истиот софтвер кој овозможува измама на тестовите за емисија на штетни гасови. Околу 1,42 милиони возила со таканаречениот EU5 мотори имаат вграден софтвер во западна Европа, од што 577.000 во Германија. Во САД има околу 13.000, рекол портпаролот на компанијата. Станува збор за возилата A1, A3, A4, A5, A6 TT, Q3 и Q5, додал тој. VW минатата недела призна дека 11 милиони дизел автомобили ширум светот се опремени со уреди кои овозможуваат измама на еко-тестот, а...
Група на банки во Швајцарија под истрага за местење на цените на берзите
Post Views: 15 Швајцарските регулатори за заштита на пазарното натпреварување објавија дека покренале истрага против група на банки со сомнение дека договарале цени на племенитите метали. Комисијата за пазарно натпреварување (COMCO) покрена истрага против две швајцарски банки UBS, и Julius Baer, но и против странските финансиски институции Deutsche Bank, HSBC, Barclays, Morgan&Stanley и Mitsui, се наведува во соопштението. Регулаторите напоменуваат дека располагаат со докази дека банките можеби склучувале незаконски договори за поткопување на пазарното натпреварување во...