Skip to main content

Автор: инфодеск

Комуналец не ги заборави нашите најмали сограѓанчиња

Post Views: 16 Ј.П.„Охридски Комуналец„ не ги заборави нашите најмали сограѓанчиња.   Дежурните служби од раните утрински часови ги расчистија влезовите и пристапните патеки до сите објекти на детската установа ЈОУДГ „Јасна Ристеска„ .Патеките се посипани со абразивни средства  за да им обезбедиме на дечињата безбеден пристап доградинките.  Абразивни средства се нанесени на тротоарите и пешачките патеки во поширокото градско подрачје.

Продолжи со читање

Наскоро првото кафуле во вселената

Post Views: 13 Ако сте сонувале за пиење кафе со поглед на земјината топка од вселената, сонот наскоро би можел да ви се отствари. Компанијата World View Experience објави дека е при крај со тестирање на капсулата во која ќе биде сместено првото вселенско кафуле и која наскоро ќе полета на првото патување во земјината орбита. Сите заинтересирани за пиење на пијалоци во вселената ќе мора да издвојат 48.000 фунти, а од World View чие седиште е во американската држава Аризона, известија дека веќе потпишале неколку договори со првите заинтересирани гости. Капсулата со шест...

Продолжи со читање

Европската комисија побара објаснување од Хрватска

Post Views: 17 Откако Хрватска ги затвори граничните премини спрема Србија, Србија забрани увоз и минување на хрватска стока и камиони, на што Хрватска одлучи да забрани промет на сите возила со српска регистрација. Денес на терен ситуацијата е уште покомплицирана, а Европската комисија побара објаснување од хрватската влада за донесувањето на мерките. Имено, хрватската гранична полиција на Бајаково и покрај контрамерките на Србија ги пропушта камионите со хрватска стока кон Србија, јавува N1. Од друга страна, српската полиција не им допушта да го поминат граничниот премин...

Продолжи со читање

Градежните активности на Алипашината џамија се изведуваат без одобрение

Post Views: 16 Охридското муфтивство не обезбедило градежно одобрение за зафатите на Алипашината џамија во Охрид. Ова може да се заклучи од дописот што  го испратила Управата за заштита на културното наследство до охридското муфтивство и НУ Завод за заштита на спомениците и Музеј Охрид. Во решението издадено од Управата, му се наредува на имателот на заштитеното добро и носител на конзерваторското одобрение муфтиство Охрид да постапи според конзерваторското одобрение каде е пропишано дека работите по ова одобрение може да се изведуваат врз основа на правосилно одобрение...

Продолжи со читање

Мерки за воспоставување систем за информации за Дримски басен

Post Views: 16 Денеска во Тирана во рамките на Дримскиот процес, работната група за Мониторинг и размена на информации составена од официјални преставници на 5-те држави од Дримскиот басен, почна со разгледување и усвојување на сет мерки и студии за воспоставување на заеднички Систем за управување со  информации  (Information Management System- IMS) . Овој систем треба да овозможи државите во Дримскиот Басен да разменуваат податоци во прифатлива архитектура и рамка.-Влегуваме во фаза на донесување на одлуки и препораки. Размената на податоци помеѓу државите е круцијален дел од...

Продолжи со читање

Ова се експертите кои открија дека Volkswagen прави измама

Post Views: 8 Истражувањето кое доведе до потврда дека компанијата прави измама, во два дена Volkswagen  ja чинеше повеќе од 20 милијарди евра, а ќе ja чини веројатно многу повеќе со оглед на тоа дека ќе следуваат барања за отштета. Во групата луѓе кои открија дека големиот и моќен Volkswagen ги лажел своите купци бил професор, двајца штотуку дипломирани студенти, истражувач од факултет и лидерот на тимот, инженерот Daniel Carder, директор на Универзитетскиот центар за алтернативни горива и мотори. Carder во интервју за Reuters го изразил своето чудење на реакцијата на...

Продолжи со читање

Пет причини зошто треба почесто да се јаде тиква

Post Views: 9 Крајот на летото и почетокот на есента е период во кој лесно се доаѓа до тиква. Станува збор за зеленчук кој е богат со хранливи материи кои го зајакнуваат организмот, а често тиквата ја занемаруваме во нашето мени. –Ја одржува тежината – Тиквата е зеленчук со слатко и брашнасто месо со жолта боја, и портокалова кора и може да биде тешка од 10 килограми и повеќе. Во стотина грами на нејзиниот плод се наоѓаат помалку од 30 калории и 90% вода поради што спаѓа во диетална намирница. А над сѐ, редовна конзумација го намалува лошиот холестерол во крвта. ...

Продолжи со читање

Македонски камиони среде царинскиот спор меѓу Хрватска и Србија

Post Views: 9 Неколку камиони од Македонија во раните утрински часови го блокирале сообраќајот на граничниот премин Бајаково помеѓу Хрватска и Србија, јавува Танјуг и пренесува дека хрватските власти од тој премин ги враќале возилата и патниците со српски пасоши. Камионите кои превезуваат расиплива роба се паркирале на меѓуграничниот простор помеѓу Батровац и Бајаково незадоволни од повеќедневното чекање и се закануваат дека ќе ја истоварат робата на тој простор, а хрватската полиција се обидува да го реши проблемот. Известувачот на Танјуг, повикувајќи се на српската гранична...

Продолжи со читање