Автор: инфодеск
Post Views: 131 Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.Денес температурите во Охрид во интервал од 12 до 30 степени Целзиусови.Под влијание на многу топла воздушна маса од југ следува период на топло време со пораст на температурите. Особено топло се очекува од среда до петок кога дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе надмине 40°C, велат од УХМР. Во нивното соопштение додаваат дека во петок попладне и во вечерните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, а пад на температурата...
Слалом низ тезги и чадори за да си дојш дома
Post Views: 448 Типично охридско секојдневие: жители и гости посетители на зелениот пазар не можат да поминат од диво поставените тезги на потегот од Стариот Чинар спрема влезот на пазарот. Жени со бебешки колички, луѓе со колички за на пазар и сите минувачи мака мачат со сè помалиот простор за врвење низ тезгите.-За да си дојдеме дома, мора да се провираме меѓу тезгите, чадорите и масите по пазарот, поставени буквално по средината на уличката. За жал, јавниот простор во Охрид уште е окупиран без контрола, но на нарушениот јавен ред и урбан хаос во центарот мора да му...
Свикана 58. седница на Советот на Општина Охрид
Post Views: 151 Свикана е 58. седница на Советот на Општина Охрид на ден 30.06.2025 година (понеделник) со почеток во 09:00 часот во зградата на Општина Охрид.За седницата е предложен следниот Дневен ред:Усвојување на Записникот од 57-та седницаПредлог-одлука за давање согласност на годишниот план за вработување во ООМУ „Методи Патче“ – Охрид за 2026 година.Предлог-одлука за давање согласност на годишниот план за вработување во ООУ „Братство Единство“- Охрид за 2026 година.Предлог-одлука за давање согласност на годишниот план за вработување во ООУ „Григор...
Во среда без вода ќе бидат корисниците на улиците „Петрино“, „6-та Бригада“, „28-ми Април“, „130“ и „Радојца Новичиќ“
Post Views: 172 Од ЈП Водовод – Охрид информираат дека поради реализација на проектот за подобрување на водоводната мрежа на ул.Кленоец на ден 25.06.2025 год., среда, во периодот од 08:00-18:00 часот вез вода за пиење ќе бидат корисниците на улиците „Петрино”, „6-та Бригада”, „28-ми Април”, „130″ и „Радојца Новичиќ”.
Амбасадорката на Литванија Дамбраускиене во работна посета на Охрид
Post Views: 144 Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков денеска оствари работна средба со Амбасадорорката на Литванија во државава, Н. Е. Вилма Дамбраускиене.Високата гостинка од Литванија беше информирана за начинот на функционирање на локалната власт, капиталните проекти, а акцент се стави на туризмот како главна економска дејност во Охрид. Беше истакнато дека на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ постојано се воведуваат нови дирекни авио линии кон бројни светски дестинации, а градов станува попристапен благодарение на изградбата на новите автопатски делници....
Охридскиот детски хор „Бамбино“ организира аудиции за дечиња од 6 до 14 години
Post Views: 332 Во рамките на проектот Културата расте со децата „За сите деца“, продолжува со работа Охридскиот детски хор „Бамбино“.Охридскиот детски хор „Бамбино“ за сите деца кои поседуваат исклучителен талент за пеење, чиста интонација и се на возраст од 6 до 14 години, секоја среда во просториите на Младински културен центар – Охрид ќе организираат аудиции за пеење, а дечињата треба да имаат подготвено една едноставна песничка.–Со пеењето во хор, Вашето дете развива музички слух, чиста интонација, тимска работа, поголема самодоверба и чувство на...
ЈП Охридски Комуналец: Мапирани дури 16 мини-депонии, подигнати 36м3 кабаст и зелен отпад
Post Views: 183 Од ЈП Охридски Комуналец информираат дека се мапирани дури 16 мини-депонии, а подигнати 36м3 кабаст и зелен отпад.Во нивното соопштение додаваат дека со вонреден ангажман на дежурните служби и ангажирање на специјална механизација расчистени дури 16 мини-депонии на различни локации во градот каде се подигнати се 36м3 кабаст и зелен отпад.–Овие слики кои не можеме да ги избегнеме, ги фрлаат во вода сите наши напори и организирани акции за чист град и урбана средина која сите ја посакуваме и заслужуваме, се вели во соопштението од ЈП...
Од локалната ги отстранија нелегалните метални препреки на ул. Даме Груев за кои граѓани се пожалија во ТиСиТвојотГрад
Post Views: 364 Узурпирање на јавни површини, со поставување тврди сообраќајни препреки како што се метални рампи, синџири, „триаголници“ за означување на „приватен паркинг“ е честа појава во централното градско подрачје во Охрид. Посебно во летната сезона кога тешко се наоѓа паркинг место некои граѓани сами си заградуваат паркинг на дел од улицата пред местото на домување, како приватна сопственост, а на државно земјиште.За ваков случај во рубриката Ти Си Твојот Град реагиира жители на ул Даме Груев која деновиве беше реконструирана и асфалтирана.–Уште не е...
Утрово без вода стариот дел на Велгошти
Post Views: 191 Поради интервенција на водоводната мрежа денес од 08:30 до 12:00 часот без вода ќе бидат корисниците од стариот дел на село Велгошти, информираат од ЈП Водовод.
Во етер третата епизода од подкастот на Клубот на млади при Црвен крст Охрид со Сара и Арсениј
Post Views: 176 Синоќа во етер излезе и третата епизода од втората сезона од актуелниот и модерен серијал „Младински подкаст“ на Црвен крст Охрид.–Во оваа епизода, волонтер и спасител на вода во Црвен крст Охрид – Арсениј Ѓоршески, во оваа епизода ќе ни открие: Кој е патот кој треба да се поминме да се биде спасител на вода?, Од што се се состои една обука за спасител на вода?, Какво е чувството да се биде спасител на вода?, велат од Црвен крст Охрид.Серијалот „Младински подкаст“ преставува место каде младите волонтери на Црвениот крст ќе можат отворено да...
Светиот свештеномаченик Тимотеј, епископ Пруски
Post Views: 144 Заради големата душевна чистота од Бога доби дар на чудотворство и ги лечеше сите болести и маки кај луѓето. Во времето на свирепиот цар Јулијан, којшто се одрече од Христа, свети Тимотеј беше фрлен во затвор. Верните го посетуваа и во затворот за да слушнат мудра поука од својот архипастир. Кога дозна за тоа, Јулијан нареди џелатот да му ја отсече главата во затворот. Ова беше во 362 година. Неговата душа отиде во Рајот, а моштите останаа чудотворно да им помагаат на луѓето и да ја објавуваат силата Божја.
Денес сончево и топло, наредните денови значителен пораст на температурите
Post Views: 121 Денес ќе имаме сончево време со мала локална облачност, ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Од УХМР информираат дека следува период на топло време со значителен пораст на температурите.Денешните температури во Охрид ќе се движат од минимални 13, до максимални 27 степени Целзиусови.