Skip to main content

Автор: инфодеск

Забранет остров со скриено богатство

Post Views: 5 Ilha de Queimada Grande или островот на змиите е едно од најсмртоносните места на светот. Се наоѓа на бразилскиот брег отприлика 145 километри од центарот на Сао Паоло. Иако е ненаселен бразилската влада спречува и казнува секаков обид да се дојде до неговиот брег, а постојат луѓе кои не можат да одолеат на предизвикот. Златната змија (bothrops insularis) е главен жител на островот во бразилските територијални води. Иако расте само до 115 центиметри, едно нејзино гризнување може да предизвика откажување на бубрезите, престанок на работата на мускулните ткива,...

Продолжи со читање

Најнеобично езеро на светот

Post Views: 9 Дека на светот постојат секакви природни феномени одамна знаеме, но дека има езеро полно со “точки” не ни било ни на крајот од паметот. Во близина на градот Osoyoos во канадската покраина Британска Колумбија е сместено Точкасто езеро кое привлекува туристи од целиот свет. Својот необичен изглед го должи на високата концентрација на разновидни минерали како што се магнезиумов сулфат, калциум, натриев сулфат, сребро и титан. Летно време водата испарува од езерото па така поприма точкест изглед кој се должи на собирање на минералните соли, а од составот на...

Продолжи со читање

Супермаркетите би можеле да се соочат со најголемите промени во последните 100 години

Post Views: 12 Трговијата на прехрамбени производи, таканаречени трговски ланци, би можела да се соочи со најголемата промена во работењето во последните 100 години. Сé започна во дамнешната 1916 година, во Jafferson street во Мемфис, американската држава Тенеси, кога е отворен Piggy Wiggly, првата трговија со самопослужување. Во тоа време вакво работење било новитет, со оглед на тоа дека порано дуќаните биле конципирани на начин што купувачот својата нарачка ја кажувал на продавачот кој потоа намирницата ја земал од полицата. Новиот модел на тргување стана модел за овој тип на...

Продолжи со читање

Блокирани сметките на познатиот режисер

Post Views: 16 На приватната компанија Андриќград, со седиште во Вишеград која со политичка и финансиска помош на владата на Република Српска ја создаде Емир Кустурица, ѝ се бликирани сметките откако со ревизијата е утврдено дека таа и должи на државата Босна и Херцеговина околу 600.000 евра на име неплатен ДДВ, пренесуваат медиумите во БиХ. Бањалучкиот портал “Capital” објави дека инспектори од даночната управа откриле дека Андриќград на Кустурица во тој износ прикажувал одбитоци на влезен ДДВ, а за тоа немало основ бидејќи за објектите на овој комплекс не постои потребна...

Продолжи со читање

Холанѓанец успеа да го произведе најскапото сирење на светот

Post Views: 15 Сопственик на фамилијарна фарма во Холандија може да се пофали дека прв на светот успеа да произведе сирење од свинско млеко кој воедно и ја превзеде титулата за најскапо сирење на светот. Поради изнимно комплицираниот начин на собирање на млекото и самото производство, килограм од ова сирење чини 2.000 евра. “Тоа е производ кој никогаш и никој не го направил и многу луѓе за тоа се заинтересирани. Од неодамна тргнавме со молзење на свињи и засега сме многу задоволни. Работата е тешка, но ако луѓето се спремни да платат 2.000 евра за килограм, ја прифаќаме...

Продолжи со читање

Apple ги исполни очекувањата на новата презентација

Post Views: 11 На вчерашната конференција во Сан Франциско Apple ги претстави токму оние уреди за кои медиумите пишуваа изминатите денови и немаше “уште некоја работа” на која бевме навикнати од оваа компанија. Иако немаше изненадување, се чини дека мнозинството новинари и љубители на Apple се задоволни од она што го видоа на претставувањето. Новиот модел на iPad кој сега доаѓа со тастатура (се купува одделно), на пазарот изгледа повеќе како конкурент на класичните преносни компјутери отколку на таблетите и треба повеќе да ги привлече бизнис луѓето отколку обичните...

Продолжи со читање

Бродот на Тито оди под морето во туристички цели

Post Views: 10 До крајот на годината ќе се потопи бродот “Вис” на некогашната југословенска морнарица со кој пловел и Тито на длабочина од околу 30 метри, а кој е во сопственост на Арсен Брајковиќ. “Тоа би бил брод на кој ќе можат да нуркаат почетници кои имаат лиценца за длабочина на нуркање од 18 до 20 метри. Значи, ова би бил најплиткиот потопен брод во Европа каде почетниците нуркачи можат да нуркаат”, рекол сопственикот на бродот. Како што пишува Novi list, бродот ќе биде нуркачка дестинација и за почетници, но и за искусни нуркачи, а бродот ќе заврши на дното во...

Продолжи со читање

Почеток на нов и опасен тренд

Post Views: 10 Едно од најважните правила кое за корисниците на мобилни уреди кои работат на Android е апликациите да ги земаат само од официјалната онлајн трговија GooglePlay. На овој начин се намалува веројатноста од земање на некоја сомнителна и опасна апликација која би можела да го зарази мобилниот уред како што е апликацијата Adult Player. Станува збор за апликација со содржина за возрасни која е наменета на љубителите на порнографија и која не е достапна на Google Play, туку корисниците можат да ја земат од други интернет страници. По инсталацијата оваа апликација (се...

Продолжи со читање