Skip to main content

Автор: инфодеск

Денес сончево и топло, наредните денови значителен пораст на температурите

Post Views: 121 Денес ќе имаме сончево време со мала локална облачност, ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Од УХМР информираат дека следува период на топло време со значителен пораст на температурите.Денешните температури во Охрид ќе се движат од минимални 13, до максимални 27 степени Целзиусови.

Продолжи со читање

Кој смее да поставува паркинг рампи на јавни површини?

Post Views: 407 Жителите на улицата ,,Даме Груев” до рубриката Ти Си Твојот Град реагираат на самоволноста на одредени жители кои живеат на таа улица да поставуваат рампи и да бележат јавен простор како приватна сопственост.-Конечно улицата ,,Даме Груев” на потегот кај ,,Старо кино” беше асфалтирана….и уште не е хоризонтално обележана, денес веднаш некои граѓани ја ископаа и поставија паркинг- рампи и огради! Дали е тоа дозволено или си го направија на диво (нормално активностите беа денес недела попладне)????, стои во коментарот на нашата сограѓанка која...

Продолжи со читање

САД бомбардираa три клучни нуклеарни постројки во Иран

Post Views: 371 Соединетите Американски Држави спроведоа воздушен напад врз три ирански нуклеарни објекти (Fordow, Natanz и Isfahan), користејќи т.н. „бункер-бастер“ бомби, соопшти американски претседател Доналд Трамп. Тој изјави и дека објектите се „целосно уништени“, нарекувајќи ја операцијата „многу успешна“. Нападот беше изведен во координација со Израел, откако Иран започна уште еден ракетен напад врз израелска територија, објави Асошиејтед Прес.Од Иранската организација за атомска енергија изјавиле дека „нема знаци на радијација или загадување околу погодените локации“...

Продолжи со читање

Денес ќе се одржи 7. Меѓународен хорски фестивал „Гласот на Охрид“

Post Views: 173 Денес ќе се одржи 7. Меѓународен хорски фестивал „Гласот на Охрид“, организиран од охридскиот градски хор „Вокс Лихнидос“.-Фестивалот ќе собере различни хорови, а публиката ќе може да ужива во различни музички жанрови, од класична музика до современи аранжмани и да биде дел од магијата што ја носи хорската уметност., велат организаторите.Со годинашното фестивалско издание ќе биде одбележан јубилејот 100 години од раѓањето на македонскиот композитор Кирил Македонски, автор на првата македонска опера „Гоце“.Организаторите информираат дека...

Продолжи со читање

Со богата програма и низа активности одбележан Денот на Охридското езеро

Post Views: 171 Со богата програма и низа активности од едукативен, спортски и културен карактер вчера во Охрид беше одбележан Денот на Охридското Езеро.Програмата беше реализирана со цел да се истакне важноста на заштитата на овој природен бисер и да се подигне јавната свест за потребата од негово одржливо користење.Во организација на Регионален зелен центар, на брод во водите на Охридското Езеро се одржа панел-дискусијата на тема „Дали навистина ги заштитуваме водните ресурси од климатските промени?“. На дискусијата се обрати претседателот на Советот на Општина...

Продолжи со читање

Свети Кирил, архиепископ Александриски

Post Views: 212 По потекло благородник и близок роднина на Теофил, патријархот Александриски, по чијашто смрт самиот беше посветен за патријарх. За време на својот живот водеше три лути борби: со еретиците новацијани, со еретикот Несториј и со Евреите во Александрија. Новацијаните настанаа во Рим, а така се наречени по презвитерот Новацијан, нивниот ересоначалник. Се гордееја со својата добродетел, одеа облечени во бела облека, им забрануваа на другите брак и сметаа дека никој не треба да се моли за оние што извршиле смртен грев ниту да се прими назад во Црквата оној којшто...

Продолжи со читање

УХМР: Следува период на стабилно и топло време со значителен пораст на температурите

Post Views: 165 Сончево и малку посвежо со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.Температурите во Охрид денес во интервал од 13 до 27 степени Целзиусови.Од УХМР информираат дека следува период на стабилно и топло време со значителен пораст на температурите.

Продолжи со читање

Ноќеска нов земјотрес во Охрид

Post Views: 186 Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија веднаш после полноќ во 00:34 часот регистрира земјотрес чии епицентар потекнува од пограничното епицентралното подрачје со Република Албанија, односно од јужниот дел на Охридското езеро, со магнитуда од 2,4 според Рихтеровата скала.–Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Охрид и блиската околина со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала, стои во известувањето на Сеизмолошката опсерваторија при ПМФ – Скопје.

Продолжи со читање

Денес го имаме најдолгиот ден во годината, започна летото

Post Views: 280 Летото официјално започна денеска во 4 часот после полноќ, а во исто време на Јужната хемисфера започна зимата.Денес денот ќе биде најдолг и ќе трае 15 часа и 14 минути, а ноќта најкратка.На денот кога почнува летото, Сонцето го прави својот најголем лак над хоризонтот. Изгрева на североисток, на југ ја достигнува најголемата дневна висина, а заоѓа на северозапад. Летото ќе трае до 23 септември.

Продолжи со читање

Пренос на моштите на светиот великомаченик Теодор Стратилат

Post Views: 201 Се празнува на 8 февруари и под тој датум е опишано житието на овој светител. На 8 јуни се празнува преносот на неговите мошти од Ираклија во Евхаита, зашто свети Теодор му заветуваше на својот слуга Вар кога страдаше: „Телото мое положи го во Евхаита, на имотот на моите претци.“ Свети Атанасиј Синајски запиша едно чудо од иконата на свети Теодор. Во местото Карсата близу Дамаск имаше една црква посветена на свети Теодор Стратилат. Кога Сарацените го покорија Дамаск, една група Сарацени со жените и децата се населија во таа црква. На ѕидот имаше фреска со ликот...

Продолжи со читање

Денес сончево и посвежо

Post Views: 190 Сончево и малку посвежо со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.Температурите во Охрид од 13 до 27 степени Целзиусови.

Продолжи со читање

Мерко осуден со 10.000 евра за незаконското поставување на директори во три училишта во Лабуништа, Радолишта и Подгорци

Post Views: 243 Струшкиот градоначалник Рамиз Мерко доби парична казна од 10.000 евра за незаконското поставување директори на училиштата во селата Лабуништа, Радолишта и Подгорци.Судот го прогласи за виновен за кривичното дело Несовесно работење во службата. Со оглед на тоа што обвинетиот досега не е осудуван, Судот не му изрече затворска казна туку го осуди на парична казна, рече судијата во образложението.-Фактот дека обвинетиот досега не е осудуван ова  е фактички прва осуда водат кон тоа судот да се одлучи наместо да утврди некоја казна од потешките казни затвор да...

Продолжи со читање