Автор: инфодеск
Views: 265 Со пригодна свеченост утре ќе бидат одбележани 300 години од градењето на Саат кулата во Охрид. Настанот е во организација на Лајонс клубот Лихнидос Охрид, a на иницијатива на доц. Др. Никола Митровиќ.Најавено е обраќање на претставник од Лајонс клубот Лихнидос Драги Николоски, градоначалникот на Општина Охрид Кирил Пецаков, амбасадорот на Р. Турција во Р. Македонија, директорот на НУ Завод и Музеј Охрид Горан Патчев и доц. Др. Никола Митровиќ.Во рамки на настанот ќе биде поставена фотографска изложба, како и проекција на документарен филм во продукција на OhridNews,...
„Марта“: Tеатарска претстава што ја обработува темата за тивката борба со анорексијата пред охридската публика
Views: 332 Театар Чекори на 29 мај 2026 година (петок), со почеток во 20:00 часот, во Националната установа Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе ја изведе театарската претстава „МАРТА“, силна и емотивна приказна која ја обработува темата на анорексијата и психолошките предизвици со кои се соочуваат младите.Претставата „Марта“, инспирирана од делото „Марта пред огледалото“, претставува интимен театарски запис и покана за влез во светот на една тинејџерка која води тивка, но длабока внатрешна борба. Преку нејзината перспектива, публиката има можност да ја почувствува тежината на...
Изложба „Малесија низ старите фотографии“ ќе биде отворена вечерва во Куќата на Робевци
Views: 285 Изложба „Малесија низ старите фотографии“ ќе биде отворена вечерва во Куќата на Робевци во Охрид. Целта е пред јавноста да се претстави богатото културно и историско наследство на овој, недоволно познат регион. Авторот на изложбата Љупчо Паункоски преку фотографии стари повеќе од еден век ја раскажува приказната за луѓето, печалбарството, традициите и значајните личности од Малесија. Фотографиите се собирани со години преку социјалните мрежи, а многу семејства од малесиските села испратиле ретки фотографии од своите предци.„Да речам еден помалку познат регион во...
Општина Охрид: Граѓаните ги гледаат резултатите на терен и ги чувствуваат бенефитите
Views: 238 Локалната самоуправа на Охрид со реакција ги отфрли обвинувањата изнесени од секретарот на ОО на СДСМ Охрид, Јован Крлев, оценувајќи дека станува збор за политички наратив со кој се минимизираат резултатите од работењето на општината во првите 200 дена од вториот мандат.Од локалната власт велат дека тврдењата за нетранспарентност и отсуство на отчетност се во директен конфликт со фактичката состојба на терен, посочувајќи дека граѓаните секојдневно ги гледаат резултатите од реализираните проекти.„Најдобар показател за успешноста на една локална самоуправа не се...
ЈП „Градски Пазар“ Охрид го објави огласот за издавање типизирани тезги – куќарки на Кеј Македонија
Views: 539 ЈП „Градски Пазар“ Охрид објави оглас за издавање простор и урбана опрема за комерцијално користење, сместени во продажен пункт на локацијата Кеј Македонија.Станува збор за простор со намена за продажба на храна и сувенири, кој ќе биде издаден за период од 15 јуни до 15 септември 2026 година.Од претпријатието информираат дека рокот за доставување понуди е до 4 јуни 2026 година (четврток) до 10 часот.Графичките прикази со нумерички ознаки на урбаната опрема и намената на локациите заинтересираните субјекти можат да ги преземат од официјалната веб-страница на ЈП...
Нови правила за одлагање отпад во Стар Град, следуваат санкции за непочитување
Views: 288 ЈП „Охридски Комуналец” Охрид ги известува граѓаните на У.З.Стар Град, како и правните субјекти кои својата дејност ја обавуваат во овој дел од градот да го почитуваат комуналниот ред и пропишаната динамика за подигање на комуналниот отпад.-Почнувајќи од 29.05.2026 год., правните субјекти задолжително имаат обврска отпадот да го депонираат и да го оставаат за подигнување во пластични канти за отпад најкасно до 06:00 часот наутро. Доколку отпадот се остави надвор од пропишаниот термин или несоодветно депониран, согласно законските обврски ќе интервенира и постапи Комуналниот...
Црвен крст Охрид и Операција Флориан спроведуваат специјализирани обуки за спасување и прва помош
Views: 249 Во организација на Црвен крст Охрид, а во рамки на долгогодишната соработка со Операција Флориан од Манчестер, Англија, во тек се интензивни специјализирани обуки за спасување и справување со кризни состојби.Обуките започнаа на 17 мај и ќе траат до 30 мај, а ги спроведуваат 15 инструктори од Операција Флориан. Во нив учествуваат членови на тимовите за укажување прва помош на Црвен крст Охрид, спасители на вода, членови на Планинската спасителна служба при Црвен крст Охрид, претставници на Националниот сојуз за планинско спасување во Македонија, како и членови на...
15 години Народен Театар Охрид
Views: 319 Со ретроспективна изложба и премиера на театарската претстава -“Оркестар Титаник ” на 3ти јуни НАРОДЕН ТЕАТАР ОХРИД, ќе ја одбележи 15 годишнината од основањето на театарот.„Четириесет и шестата премиера, “Оркестар Титаник ” по текст на Христо Бојчев, ја режира Андреј Цветаноvски, еден од оние режисери кои со секое ново гостување во Народен Tеатар Охрид, остава зад себе впечатливи и незаборавни постановки, кои одлично резонираат со Охридската публика и носат нова искуствена вредност во самиот ансамбл на Охридски. Токму затоа, ни претставува чест, што...









