Автор: инфодеск
Post Views: 4 Цената на нафтата оваа седмица се спушти на најниско ниво во последните шест месеци по новите потврди за понатамошниот раст на и онака прекумерната понуда на пазарот и поради слабите податоци на кинеското стопанство. Барел на сурова нафта на лондонската берза поевтини за 1,17 долари и сега изнесува 51,04 долари, со тендеција за понатамошно опаѓање. Во еден момент во понеделник цената падна на 50,85 долари, најниско ниво од јануари до сега. Од почетокот на третиот квартал цената е намалена веќе за 20% и е на пат да го забележи најголемиот пад од периодот...
Цеца ја признала вината
Post Views: 8 Аркановата вдовица, Цеца Ражњатовиќ во интервју за српскиот Блиц, проговори за годините и времето поминато во централниот затвор и домашен притвор по смртта на својот сопруг. На прашањето на новинарот на Блиц дали била во притвор поради тоа што е пронајдено оружје во нивната куќа од нејзиниот сопруг а сите знаеле дека тој беше командант на Српската доброволна гарда, Цеца одговорила: „Сите тоа го знаеа, но тоа е завршена приказна. Не со задоволство се сеќавам на тој период кој навистина ми преседна. Ретко и коментирам за тоа што ми се случувало. Не сум некоја што...
Единствен град во кој ќе е забранет турбо-фолк
Post Views: 7 Претседателот на бугарската општина Копривиштица, Генчо Герданов, забрани пуштање на новокомпонирана фолк музика за време на Националниот собир на бугарското народно творештво.Казната за непочитување на оваа одлука ќе изнесува од 50 до 100 лева, односно од 25 до 50 евра.“Мислам дека нема ништо пологично од ова”, рекол Герданов за локалните медиуми.Имено, Националниот собир на бугарското народно творештво почнува на 7-ми август и се очекува да има околу 12.000 посетители од цела Бугарија.Овој собир се организира секоја петта година и има традиција долга 50 години.
Луда идеја која собира пари
Post Views: 5 Велат, оние кои успеале, дека е најтешко да се заработи првиот милион, а овој моментално анонимец таа цел одлучи да се обиде да ја отствари со помош на интернет заедницата… Идејата е интересна, а интересно е да се следи wemadeamillionaire.com на авторот дали ќе му донесе еден милион американски долари или можеби повеќе од тоа. Сето тоа е, како што се тврди на страницата, социјален експеримент кој започна на 28 јули и ќе трае 90 дена. Принципот е едноставен, сите кои сакаат да донираат можат да уплатат “златна” (9,99 USD), “сребрена” (4,99) и “бронзена”...
Deutsche Bank под истрага за перење пари
Post Views: 8 Американското министерство за правда истражува тргување вредно една милијарда евра кое Deutsche Bank го спроведувала во име на своите руски клиенти, поради перење на пари, пишува агенцијата Bloomberg, повикувајќи се на лица запознати со случајот. Истрагата ги опфаќа таканаречените “mirror” тргувања со кои руските клиенти на германската банка купувале акции плаќајќи во руска валута и истовремено во Лондон ги купувале истите тие акции во американски долари. Со тоа тие ги изнесувале парите од Русија без да ги информираат властите, пишува Bloomberg. Минатиот месец...
Планот на Обама претставува еден од најголемите чекори во историјата
Post Views: 7 Американскиот претседател Барак Обама денес ќе го претстави планот кој го нарече најголем и најважен чекор кој САД некогаш го превземале во борбата против климатските промени, пишува BBC.Целта на ревидираниот “план за чиста енергија” е да го намали CO2 од електраните за околу една третина во рок од 15 години. Мерките подразбираат префрлување на соларна енергија и енергија добиена од ветар, но и од други обновливи енергии.Но, противниците на планот на Обама го прогласија како “војна против јагленот”. Во планот стои дека емисиите на СО2 од енергетскиот сектор до...
Предвидуваа крах, но Facebook достигна бројка од 1,49 милијарди корисници
Post Views: 6 Му предвидуваа крах, аналитичарите со месеци тврдеа дека Facebook едноставно не може да опстои на долги патеки бидејќи го напуштаат младите…Оваа приказна се вртеше пред околу една година, кога многумина, навистина голем број на луѓе кои се занимаваат со анализи и предвидувања на трендови на интернет беа уверени дека Facebook полека но сигурно паѓа. Не само што не падна туку напротив, продолжи да расте, ја задржа уверливо првата позиција на најпопуларна социјална мрежа во светот, иако многу конкуренти се обидуваа да го детронизираат Mark Zuckerberg и неговото...
По 500 дена мистерија конечно стигнува одговорот?
Post Views: 5 Остатоците на авионот за кој се верува дека припаѓаат на Боингот 777, а можеби е тоа летот МН370 пристигнаа во Франција каде истражителите со помош на софистицирана технологија ќе се обидат да ја решат мистеријата која трае една и половина година. Остатоците за кои истражителите се уверени дека се дел од Боингот 777 се откриени оваа седмица на остров во Индискиот океан. Работата на остатоците ќе започне кон средината на неделата и не пред да се сретнат францускиот истражен судија со малезиските правосудни тела и истражители. Преелиминарното соопштение би можело...