Skip to main content

Автор: инфодеск

Стопирана изградбата на објектот во старата охридска чаршија, пријава за инвеститорот

Post Views: 321 Oбјектoт кој се гради во Старата охридска чаршија, во заштитетната зона на Старото градско јадро во Охрид, е дивоградба утврди Државниот инспекторат за градежништо и урбанизам преку вонредна контрола.При увидот, инспекторите констатирале прекршување на одредбите од Законот за градење, односно инвеститорот вршел градежни активности без Одобрение за градење.-Во рамки на своите законски надлежности Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам донесе решение број ИП 1бр 74-137 од вонреден инспекциски надзор со кое се стопира изградбата и го затвора...

Продолжи со читање

Вечер ќе биде изведена детската претстава „Во царството на другарството“

Post Views: 240 Во рамки на програмата „За сите деца“ на Општина Охрид под мотото „Културата расте со децата“, вечерва од 19:30 часот на сцената кај ТЦ „Амам“ ќе биде изведена претставата „Во царството на другарството“, на Театар Хит од Скопје. Приказната носи порака за пријателство, разбирање и заедништво.Автор и режисер на претставата е Сашо Ристовски, а улогите ги играат Магдалена Ризова Черних, Ема Давчева и Сашо Ристовски.

Продолжи со читање

22-годишник од прилепско синоќа со возило удри во двајца пешаци во Охрид и усмрти 44-годишна охриѓанка

Post Views: 181 На 19-ти јуни 2025 година, во 22:30 часот во СВР Охрид било пријавено дека на кружен тек од булевар „Туристичка“ со улицата „Јане Сандански“ во Охрид, патничко возило марка „Фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки, управувано од страна на 22-годишниот И.С. од прилепското село Пашино Рувци, со престој во Охрид, удрило во метален столб, а потоа и во пешаците А.Б.(44) од Охрид и Д.П.(52) од Скопје.Од здобиените повреди А.Б. починала во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“, а лекар констатирал смрт. Со тешки телесни повреди се...

Продолжи со читање

Денеска заедничка крводарителска акција на Црвен крст Охрид и Костал

Post Views: 136 Денес во периодот од 09:00 до 13:00 часот, Црвен крст Охрид во соработка со компанијата Костал, организира Крводарителска акција во просториите на Службата за трансфузиона медицина – Охрид, наменета за вработените. -Ги повикуваме сите вработени да ја покажат својата хуманост и да ја донираат својата скапоцена течност, велат од Црвен крст Охрид.

Продолжи со читање

Маченички Калерија (Валерија), Кириакија и Марија во Кесарија Палестинска 

Post Views: 231 Овие три маченички беа од Кесарија Палестинска. Кога беа прогонувани христијаните, тие се повлекоа од градот во една колиба и таму непресушно Му се молеа на Бога, постејќи и плачејќи, верата Христова да се спростре по целиот свет, а гонењето на Црквата да престане. Некој ги наклевети, па ги изведоа на суд. Беа мачени и убиени во 304 година. Така овие славни девици се украсија со невенливи маченички венци.

Продолжи со читање

УХМР: Сончево и топло со мала до умерена облачност

Post Views: 142 Сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме со услови за појава на град.Денес температурите во Охрид ќе бидат во интервал од 14 до 27 степени Целзиусови.Викендов времето ќе биде стабилно и малку посвежо и ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Од понеделник ќе продолжи период на стабилно и претежно сончево време со пораст на температурите.

Продолжи со читање

Подигнати 104м3 кабаст отпад од Пештани

Post Views: 153 Од ЈП Охридски Комуналец информираат дека успешно е реализирана вонредната акција за подигнување кабаст отпад во Пештани каде се подигнати енормни количини кабаст отпад.-Во вонредната акција за подигнување кабаст отпад која Ј.П.,,Охридски Комуналец” ја организира во с.Пештани, подигнати 104м3 кабаст отпад (кабастиот отпад транспортиран во 15тури со трактор и 2 тури со камион), велат од претпријатието.

Продолжи со читање

Заврши судењето на градоначалникот на Струга за назначувањето директори на училишта

Post Views: 223 Во Основниот суд во Струга  се одржаа завршните зборови за судскиот предмет против градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко за незаконско поставување директори на училиштата во Лабуништа, Радолишта и Подгорци.  Двајцата обвинители побараа  Мерко да биде  прогласен  за виновен бидејќи и вербалните и материјалните докази , но и исказите докажале дека тој свесно ги повредил законските прописи, а нанел и финансиска штета.-Градоначалникот постапил спротивно на законот  за основни училиште Дали ако нема соудителна пресуда ке ја обжалите, Да за тоа нема...

Продолжи со читање

По 7 години повторно отворен етно-комплексот „Македонско село“

Post Views: 559 По седум години денеска повторно е отворен комплексот „Македонско село“ кој се наоѓа на Водно, во близина на Нерези. Нов концесионер е фирмата „Ла Тераца“ чија понуда беше избрана на најповолна на јавниот повик што го распиша Службата за општи и заеднички работи, по пат на електронско јавно наддавање, преку системот со кој управува Министерството за финансии.–По цели седум години запуштеност, денес му даваме нов живот на просторот што сведочи за тоа кои сме. Преку транспарентен и законски спроведен процес за избор на концесионер, овозможивме...

Продолжи со читање

Безживотно тело пронајдено на плажата на Кеј Македонија

Post Views: 286 Околу 14 часот во водите на Охридското Езеро, на плажата на Кеј Македонија, пронајдено е безживотно тело. Информацијата за ТВМ ја потврди портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски. На местото на настанот интервенирала екипа на брзата помош.-Докторите констатирале смрт, а врз телото немало траги на насилство. Местото е обезбедено од полицијата и во тек е увид, истрагата ќе ги утврди причините за трагичниот настан, додаде Димоски.

Продолжи со читање

Во охридската библиотека одржана третата годишна средба на роднокрајни автори

Post Views: 243 НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид во рамките на проектот „Трета годишна средба на роднокрајни автори“ вчера го објави Алманахот „По стапките на Прличев“.–Годинава одбележуваме 80 години од стандардизацијата на македонскиот јазик и 195 години од раѓањето на Прличев. И на овој начин го славиме нашиот убав и милозвучен македонски јазик, изјави носителот на проектот и уредникот на алманахот м-р Милчо Јованоски.Во Алманахот се застапени стиховите и прозата од вкупно 34 автори, а книгата е доказ дека Охрид не е само град на историја, туку и на...

Продолжи со читање

Премиера на балетот „Госпоѓа Бовари“

Post Views: 216 На 25 јуни 2025 година со почеток во 20.00 часот на големата сцена на Националната опера и балет, ќе се одржи премиерата на новата балетска продукција „Госпоѓа Бовари“, инспирирана од безвременскиот роман на Густав Флобер. Ова сценско остварување е посветено на јубилејот од 25 години уметничка дејност на примабалерината, Марија Кичевска Шокаровска која со својата енергија, емоција и посветеност остави длабок белег во историјата на македонскиот балет.Ова балетско дело, поставено во два чина ја раскажува драмата на женската душа, копнежот по страст, слобода и...

Продолжи со читање