Автор: инфодеск
Views: 244 Oстри критики за работењето на локалната власт во првите 200 дена од вториот мандат на градоначалникот на Охрид, упати Секретарот на ОО на СДСМ Охрид, Јован Крлев.Крлев обвини за нетранспарентност, злоупотреба на јавни средства и, како што рече, „популистички импровизации“, посочувајќи дека локалната власт не поднела отчет пред граѓаните за сработеното во изминатиот период.Според него, извештајот на Државниот завод за ревизија покажал сериозни слабости во работењето на општината и јавните претпријатија.„Забелешките нотирани во извештајот со сериозни индиции за...
Свети Ахил, епископ Лариски
Views: 180 Овој голем јерарх и чудотворец беше роден во Кападокија. Учествуваше на Првиот Вселенски Собор, на којшто ги посрами еретиците како со својата ученост така и со светоста, предизвикувајќи голем восхит. Зеде свети Ахил еден камен и им викна на ариевците: „Ако Христос е создание Божјо, како што велите вие, речете од овој камен да потече елеј!“ Еретиците молчеа и се чудеа на таквиот предизвик од светителот. Тогаш свети Ахил повторно рече: „А ако Синот Божји е рамен на Отецот, како што веруваме ние, нека потече елеј од овој камен!“. И навистина, на општо восхитување, потече елеј....
Променливо облачно со сончеви периоди
Views: 187 Променливо облачно со сончеви периоди. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер (над 60 km/h) и услови за појава на град.Денес во Охрид температурите во интервал од 12 до 26 степени Целзиусови.Од УХМР велат дека утре и во сабота времето ќе биде стабилно со пониски температури. Од недела температурите повторно ќе бидат во пораст, а во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен...
Саем за волонтерски можности „Chill & Connect“ во петок во Охрид
Views: 190 Младинскиот Центар Охрид во петок, на 29 мај 2026 година, ќе го организира третото издание на Саемот за волонтерски можности „Chill & Connect“, настан наменет за поврзување на младите и граѓаните со локалните организации, фестивали и иницијативи кои нудат можности за волонтирање во текот на летната сезона.Годинашното издание ќе биде реализирано во поопуштен и современ формат, а посетителите ќе имаат можност да се запознаат со околу десет организации и фестивали, да добијат информации за различни волонтерски ангажмани, да учествуваат во интерактивни активности и директно...
МВР: Од денеска со Б категорија може да се управува мотоцикл до 125 cm³, но само со претходно помината задолжителна четиричасовна теоретска обука
Views: 354 -Од денеска со Б категорија може да се управува мотоцикл до 125 cm³, но само со задолжителна четиричасовна претходно помината теоретска обука, информираат од Министерството за внатрешни работи.ОД МВР појаснуваат дека е донесен нов Правилник со кој се уредува задолжителната четиричасовна теоретска обука за управување со мотоцикл до 125 cm³ (категорија „А1“ со автоматски менувач, до 11 kW).–Напоменуваме дека не смее да се управува со мотоцикл до 125 см3 доколку не се помине теоретската обука и да се обезбеди потврда од автошкола. Обуката трае четири часа и опфаќа...
Легендарното југословенско „југо“ се враќа на пазарот со нов модел на хибридно возило и цена од 12.000 евра
Views: 551 Новото Југо повторно е во фокусот на европските медиуми, а новиот сопственик на брендот, српскиот бизнисмен и универзитетски професор, Александар Бјелиќ најавува конкретни технички детали за враќањето на легендарниот бренд.На неодамнешната конференција SEE Automotive во Белград беа откриени понатамошни фази од овој амбициозен концепт, а она што најмногу ги заинтригира западните медиуми беа податоците за погонот и целната цена. За разлика од скапите модерни автомобили, новото Југо треба да чини околу 12.000 евра, што првично го позиционира како еден од најпристапните нови...
Од утре повторно ограничен режим за движење на моторни возила во стариот дел на Охрид
Views: 302 Од утре, 28 мај 2026 година, повторно стапува во сила ограничениот режим за движење на моторни возила во стариот дел на Охрид.Како што информираат од ЈП Билјанини Извори, режимот и начинот на регулирање на сообраќајот се утврдени со Правилникот за издавање картички за движење во стариот дел од градот, донесен од Управниот одбор на претпријатието на 11 мај 2023 година.Од претпријатието ги повикуваат граѓаните кои имаат потреба од дополнителни информации или се соочуваат со проблеми поврзани со режимот на движење, да се обратат во дирекцијата на ЈП „Билјанини Извори“, во...
Терапијата за мултипла склероза ќе биде достапна и во Охрид
Views: 255 Пациентите со мултипла склероза од југозападниот регион наскоро ќе можат да добиваат третман и терапија и во Охрид, со што ќе се избегнат честите патувања до Скопје и дополнителните трошоци.Како што информираа од Национално здружение за мултипла склероза, започнува процесот на децентрализација на третманот за пациентите со МС преку пилот-програма во три регионални центри низ државата. За Југозападниот регион, терапијата ќе биде достапна во ЈЗУ Специјализирана болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“.Директорот на Фонд за здравствено осигурување, Сашо...









