Skip to main content

Автор: инфодеск

Сензационален Федерер, Мурињо и луд навивач

Post Views: 32 Вчера вечер беа завршени натпреварите во групата Б на ATP World Tour Final, која ја освои швајцарскиот генијалец Federer. По помалку од еден час игра Federer со 6-0 и 6-1 славеше против домаќинот Andy Murray кого само победа можеше да го однесе во полуфиналето. Швајцарецот, посетителите на О2 арената ги остави без здив со генијалните потези, но по средбата признал дека не му e мило што толку лесно дошол до победата. “Не беше толку добро чувството да водиш со 6-0 и 5-0. Среќен сум што брзо го одработив мечот и ја сочував силата, но истовремено ми е мило што не го...

Продолжи со читање

Бесмислено скапи места за паркирање

Post Views: 28 Кога некој бара два пати повеќе пари за едно паркинг место од сумата која треба да ја издвоите за просечна куќа во Британија, ќе помислите дека со светот навистина нешто не е во ред. Па сепак, лондонската фирма за продажба на недвижности, Hobart Slater, огласила продажба на место за паркинг по цена од 400.000 фунти. Паркингот се наоѓа во подземната гаража во Кенсингтон, во близина на Ројал Алберт Хол. Како што е опишано во огласот, станува збор за „пространо, обезбедено паркинг место кое е лоцирано на идеална локација за жителите од тој дел на градот“. Работите...

Продолжи со читање

Зошто Украина е толку важна за Русија и Европа

Post Views: 35 Украина е презадолжена, корупцијата е многу раширена, а земјата е на раб на граѓанска војна. Таа е важна и за Москва и за Брисел. Сместена е точно помеѓу ЕУ и Русија, со површина од 600 илјади квадратни километри и е втора држава по големина во Европа. Од 46 милиони жители повеќе од 17% се Руси – најголемо малцинство. Покрај тоа Украина е важна и заради енергетиката. Земјата е зависна од рускиот гас, но не само таа. Преку Украина одат главните гасоводи кој доаѓаат од Русија а одат кон Европа. Ако се исклучи гасот за Украина, него го немаат и Германците и...

Продолжи со читање

Милијардер на кого никој не му верувал

Post Views: 31 Кога бил дете, неговиот татко му ја оставил во наследство винаријата на североисток од Италија, меѓутоа Марио Морети Полегато не останал во фамилијарниот бизнис, а денес сепак е милијардер кој стои зад познатата компанија Geox. Кога во една прилика бил на одмор во пустината Навада, увидел дека од прошетката нозете му зовреле и дека му било неудобно во обувките, па морал да исече дупки на чевлите и увидел дека му е подобро. Така дошол до идеја да произведува обувки која ќе бидат со дупчиња и водоотпорни. “Поминаа три години како работев на тој патент, кој веднаш го...

Продолжи со читање

Проблем со возилата на Тојота

Post Views: 28 Јапонската автомобилска компанија објавила дека ќе повлече од употреба 1,9 милиони Приуси во цел свет поради проблемот поврзан со хибридниот состав кој може да доведе до застој на возилото. Се работи за моделот Приус, произведен помеѓу 2009 и 2014 година, трета генерација на најпродаваниот хибриден автомобил во светот, кој работи на погон на бензин и електрична енергија. „Во најлош случај, автомобилот може само да застане за време на возењето. Тоа го сметаме за можен сигурносен проблем, што го објаснува ова повлекување“, истакнал потпаролот на Тојота....

Продолжи со читање

Тројца мртви, 150 повредени

Post Views: 39 Опозициските активисти тврдат дека има тројца мртви и 150 повредени, откако го завзеле партиското седиште на премиерот Виктор Јaнукович во Киев. Пред украинскиот парламент утрово дошло до судири помеѓу полицијата и неколку илјади демонстранти, кој пробале да дојдат до зградата на парламентот како би го засилиле притисокот врз претседателот Виктор Јанукович, но биле спречени од специјалната полиција која поставила ред од полициски камиони. Дел од зградата е во пламен од молотовите коктели кои ги фрлале демонстрантите по жестоката пресметка со полицијата пред...

Продолжи со читање

Невреме заглави илјадници луѓе

Post Views: 31 Илјадници луѓе се заглавени, бројот на мртви се зголеми на 23 од втората снежна бура која ги погоди некои делови од Јапонија, јавува Ројтерс. Во некои области во прекин е железничкиот сообраќај а во централниот дел на Јапонија снежната бура на денот на заљубените им донесе повеќе од еден метар снег и ја прекри престолнината со рекордна големина на снежната покривка, јавува Ројтерс. Во централниот дел на Јапонија, во префектурата Јаманаши паднало повеќе од 1,1 метар снег, што е рекорд во последните 100 години откако се води статистика. Помалку снег има на истокот од...

Продолжи со читање

Експлозија во рудник

Post Views: 31 Седум рудари загинале, а девет се повредени во експлозија на метан во еден рудник за јаглен на исток од Украина, соопштија званични лица од локалните служби за спасување. До екплозијата дошло доцна вечерта во реудникот Севернаја во близина на градот Макејевка, околу 15 километри од Доњецк, се наведува во соопштението на украинското министерство за вонредни ситуации, а пренесол Ројтер. Украинските рудници, како и оние од другите бивши советски републики, често им се случуваат несреќи до кои доаѓа поради лошата инфраструктура и непочитување на безбедноснинте...

Продолжи со читање