Skip to main content

Автор: инфодеск

Најтопла година во историјата

Post Views: 31 Ел Нињо, глобалниот атмосферско-океански феномен е спремен да исфрли огромни количини на топлина во атмосферата. Научниците веруваат дека 2014 година ќе биде најтоплата година во историјата на планетата Земја, и велат дека Ел Нињо претставува силен температурен бран кој има големо влијание на временските прилики и може да направи климатски хаос ширум цел свет. Германските научници сметаат дека е можно прогнозирање на Ел Нињо една година унапред, меѓутоа, температурата на водата е под дејство на ветровите кои дуваат преку екваторот и затоа прогнозите се ограничени...

Продолжи со читање

Најдобра фотографија за 2013

Post Views: 28 На 57-миот годишен избор на фотографија на годината на WORLDPRESSPHOTO е избрана фотографијата на афричкиот фотограф  Џон Стенмаер. Фотографијата прикажува афрички емигранти на брегот на Џибути во текот на ноќта кои држат подигнати мобилни телефони како би успеале да фатат бесплатен сигнал од Сомалија за да се чујат со своите најблиски. Џибути е вообичаена пропратна станица од земјите како што се Сомалија, Етиопија и Еритреја во потрага за подобар живот во Европа и Блискиот  исток. Жирито на натпреварот додели награди во 9 тематски целини кои ги примија 53 новинари...

Продолжи со читање

Солзавец и водени топови

Post Views: 31 Полицијата денес употребила солзавци и водени топови да ги растера демонстрантите кој во Анкара, Турција, барале ослободување на офицерите кои се затворени за планирање на пуч. „Слобода за патриотите, стоп на заговорите“, повикуваа учесниците на протестот, кој полицијата го спречи да дојде до парламентот. Премиерот на Турција Реџеп Таип Ердоган, минатиот месев изјави дека не се противел на повторното судење на стотината војни офицери, кои се затворени заради обидот на рушење на владата, а владата минатата седмица поднела предлог закон до парламентот како би се...

Продолжи со читање

Евентуални два погодоци на Меси ќе го прекине Ел Класико на неколку минути

Post Views: 29 Реал Мадрид и Барселона денес ќе го одиграат 183-то Ел Класико во Примера, а Луис Суарез се враќа на теренот по повеќемесечна казна. Реал досега славел во 77 меѓусебни средби, Барселона во 66, а 32 натпревари завршиле нерешено. И денес ќе бидеме сведоци на уште еден легендарен спектакл. Ел Класико ќе го одбележат и неколку играчи кои за прв пат ќе играат во ваков натпревар. Трите ѕвезди на Реал, Крос, Родригез, и Чачарито од една страна и Суарез, Ракитиќ, Матие и Браво од друга. Посебно внимание привлекува уругвајскиот напаѓач на кого му истече казната на Уефа...

Продолжи со читање

“Ограничување за азилантите од екс Ју”

Post Views: 30 Министерот за внатрешни работи на Баварија Јоаким Херман побарал од Берлин да превземе мерки за ограничување на азиланти од земјите на бивша Југославија. Во интервју за германската новинска агенција DPA, која ја пренесуваат германските медиуми, Херман рекол дека станува збор за “масовна злоупотреба на правата за азил” која мора да биде ограничена и предложил да им се укине државната помош која им се дава на овие луѓе, поради која и доаѓаат многу во Германија. Баварскииот министер министер рекол дека огромниот број на барања за азил им штети на азилантите од другите...

Продолжи со читање

Снежната бура одзема животи

Post Views: 54 Силна снежна бура ги зафати, и во инцидентите за време на невремето загинаа 13 луѓе, Соединетите Американски Држави. Поради невремето бил отежнат патниот сообраќај, а без струја останале 363000 потрошувачи. Претседателот Барак Обама потпишал декларација за вонредна состојба во Џорџија, а гувернерите на Алабама, Северна каролина, Јужна Каролина и Мисисипи исто така прогласија вонредна состојба поради временските неприлики, а владината администрација во Џорџија вчера не работела. Загинале 13 луѓе, меѓу нив и тројца кои смртно настрадале додека амбулантно возило...

Продолжи со читање

Поплавите под контрола

Post Views: 35 По драматичната ноќ, која после топењето на снегот и поплавите се случија во Хрватска, состојбата се подобрува. Обилните врнежи, растот на подземните води, запушените канали и топењето на снегот предизвикаа поплави во поголем дел на Хрватска. Купа и Корана во Карловац се во опаѓање по ноќешниот воден бран. Водата ги проби шахтите и ги поплави околните делови на градот, а некои делови дошло и до прекин на електрична енергија. Водостојот на Купа во Карловац е најголем во последните 40 години. Рекордните врнежи предизвикаа поплави на станбени, земјоделски и...

Продолжи со читање

Уапсен член на “Пинк Пантер”

Post Views: 33 Уапсен е член на познатата банда “Пинк Пантер”, по потекло Србин, во близина на Мадрид, соопшти шпанската полиција. Борко Илинчиќ (33) учествувал во кражбата на накит во трговскиот центар во Дубаи 2007 година, што е една од најпознатите кражби во историјата, додава полицијата во соопштението. Шпанската полиција објавила снимки на кои се гледа маскиран маж како го крши излогот од продавницата, го собира пленот и со двајца соучесници бега во луксузен автомобил. По Илинчиќ е распишана меѓународна потерница. Во Емиратите тој е осуден во отсуство на доживотен затвор за...

Продолжи со читање