Автор: инфодеск
Post Views: 137 Денес со почеток од 08:00 часот, редовниот состав полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Охрид, на стрелиштето кај “Бејбунар“ во Охрид, ќе спроведат вежбовна активност за боево гаѓање. Оваа активност се реализира по претходен договор и известување до стрелиштето и ЈЗУ „Здравствен дом” Охрид.-Пред почетокот на боевото гаѓање, полициски екипи преземаат безбесносни мерки, вршат теренска обиколка и обезбедување на поширокото подрачје на стрелиштето со цел, оневозможување влез на граѓани во безбедносните зони. Медицинското обезбедување на боевото...
Преподобен Висарион, чудотворец Египетски
Post Views: 173 Роден и воспитан во Египет. Рано се предаде на духовен живот и не ја извалка духовната одежда во којашто се облече со Светото Крштение. Го посети свети Герасим на Јордан и го чу свети Исидор Пелусиот. Го победуваше своето тело со голем пост, со бденија, но колку што можеше го криеше својот подвиг од луѓето. Еднаш четириесет дена стоеше на молитва, не јадејќи и не спиејќи. Имаше голем дар на чудотворство. Постојано место на пребивање немаше, туку до длабока старост живееше по шумите и долините. Исцелуваше болни и вршеше многубројни чуда заради полза на луѓето, а...
Денес сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне нестабилно
Post Views: 141 Сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.Во деновите од викендот времето ќе биде стабилно и малку посвежо и ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Од понеделник ќе продолжи период на стабилно време со пораст на температутите.Во Охрид денес температурите ќе бидат во интервал од 16 до 28 степени Целзиусови.
Младински Центар и СУП Клубот Охрид организираат бесплатни обуки за кајак и суп даска
Post Views: 321 Младински Центар Охрид и СУП Клубот Охрид организираат бесплатни обуки за кајак и суп даска.-Научи како безбедно да управуваш со СУП даска и кајак, дознај повеќе за заштита на животната средина и Охридското Езеро – и сето тоа низ забава и акција!, порачуваат организаторите.Обуката ќе се одржи на 26 јуни на плажата Канео во период од 10 до 12 часот.Сите заинтересиран млади лица над 13 години може да се пријават на линкот.
Утре вежбовна активност за боево гаѓање на „Бејбунар“
Post Views: 230 Утре, четврток, со почеток од 08:00 часот, редовниот состав полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Охрид, на стрелиштето кај “Бејбунар“ во Охрид, ќе спроведат вежбовна активност за боево гаѓање. Оваа активност се реализира по претходен договор и известување до стрелиштето и ЈЗУ „Здравствен дом” Охрид.-Пред почетокот на боевото гаѓање, полициски екипи преземаат безбесносни мерки, вршат теренска обиколка и обезбедување на поширокото подрачје на стрелиштето со цел, оневозможување влез на граѓани во безбедносните зони. Медицинското обезбедување на...
Зеленото Вевчани и годинава неисцрпна инспирација за светските умeтници
Post Views: 253 Зеленото Вевчани и годинава неисцрпна инспирација за светските ументици. Од викендов започнува 14 та Мегународна ликовна колонија Вевчански видувања.Се е подготвено за „Вевчански видувања 2025″ – културниот настан со меѓународна препознатливост што ги обединува уметноста, пријателството и солидарноста – 14-тата Меѓународна ликовна колонијаВевчани годинава ќе биде домаќин на 22 уметници од Македонија, Србија, Словенија, Грција, Велика Британија, САД и Франција.Свеченото отворање е на...
Во петок акција за подигање кабаст отпад во Видобишта
Post Views: 156 Ј.П.„Охридски Kомуналец” на ден 20.06.2025 год.(петок) ќе организира акција за подигнување кабаст отпад (стар мебел, душеци, телевизори, шпорети, теписони и др.) во У.З.11 Видобишта.-Се молат граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 07.00 часот на 30.05.2025 година и претходно локацијата да ја пријават на дежурниот телефон 075-495-428, кој функционира секој ден во неделата во периодот 07.00 часот-21.00 часот, велат од претпријатието.Отпадот треба да е уредно оставен до контејнерите...
Во петок на сцената кај ТЦ „Амам“ детската претстава „Во царството на другарството“
Post Views: 189 Во рамки на програмата „За сите деца“ на Општина Охрид под мотото „Културата расте со децата“, овој петок од 19:30 часот на сцената кај ТЦ „Амам“ ќе биде изведена претставата „Во царството на другарството“, на Театар Хит од Скопје. Приказната носи порака за пријателство, разбирање и заедништво.Автор и режисер на претставата е Сашо Ристовски, а улогите ги играат: Магдалена Ризова Черних, Ема Давчева и Сашо Ристовски
Летово Креативна летна школа за деца од 8 до 14 години во Младински Центар Охрид
Post Views: 198 Младински Центар Охрид, преку Креативна Летна Школа под мотото „Креативни раце, весели срца!“ им нуди незаборавна, креативна и едукативна авантура на децата од 8 до 14 години.Првата работилница ќе се одржи на 25 јуни 2025 година (среда) со почеток во 11:00 часот.Децата ќе имаат можност да научат како да користат различни бои, материјали и техники во уметничко изразување, да креираат уметнички дела од рециклирани и природни материјал и да работат во тимови, спојувајќи идеи и развивајќи приказни преку креација.–Летото е платно, а ние ќе го...
Светиот свештеномаченик Доротеј, епископ Тирски
Post Views: 153 Епископ Тирски, од времето на Диоклецијан, па сè до времето на Јулијан Отстапник, кога беше намачен и пострада за Православната Вера. На земјата живееше сто и седум години и откако Му угоди на Бога, во 361 година, се пресели во вечниот живот. Беше навистина многу учен маж. Напиша многубројни поучни дела на грчки и на латински. Особено се прочуени неговите грчко-латински „Синтагми“.
Сончево и топло, попладне нестабилно со локален пороен дожд
Post Views: 209 Сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.Денес во Охрид температурите ќе бидат од минимални 14, до максимални 28 степени Целзиусови.До петок времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со засилен ветер и изолирана појава на град, особено во петок. Во деновите од викендот и во понеделник...
Високите температури и наглите промени на температурата го зголемија бројот на пациенети во амбулантите на Кардиолошки центар Охрид
Post Views: 160 Екстремно високите температури како и наглите промени на температурата негативно влијаат врз здравствената состојба на кардиолошките пациенти и на останаттите хронично болни. Деновиве амбулантите на Специјализираната болница за кардиоваскуларни заболувања се полнат. Пациентите се жалат на тешко дишење, брзо заморување, главоболки, вртоглавици, проблеми со концентрација.„ Она што би сакала да истакнам се варијации на крвниот притисок, огромни варијации на притисокот дури и во едно деноноќие. Значи имаме варијации од многу високи вредности до вредности кои...