Skip to main content

Автор: инфодеск

Експлозија на бомба на концерт на Аријана Гранде во Манчестер

Post Views: 48 22 лица загинаа, меѓу кои и деца, а 59 се повредени во експлозија која се случи на завршување на концертот на пејачката Ариана Гранде во Манчестер, изјави шефот на полицијата Јан Хопкинс. Според него, полицијата е уверена дека напаѓачот кој ја активирал бомбата загинал во експлозијата и дека само тој го извршил нападот. Тој информираше дека напаѓачот носел импровизирана експлозивна направа и дека истрагата ќе утврди дали бил дел од терористичка мрежа. Доколку се потврди дека станува збор за тероризам тоа ќе биде најсмртоносниот напад во Британија од јули 2005...

Продолжи со читање

Денес спектакл во Кардиф

Post Views: 30 Шпанските прволигаши Реал Мадрид и Севиља денес на стадионот Милениум во Кардиф ќе ги одмерат силите во борба за првиот трофеј во оваа сезона, европскиот Суперкуп. Кралскиот клуб во Кардиф доаѓа како Европски првак, додека Севиља минатата година славеше во Лигата на Европа. Двата тима по еднаш го имаат освојувано овој трофеј, Реал во 2002 година против Феенорд (3-1), а Севиља во 2006 против Барселона (3-0). Ова ќе биде четврти суперкуп во кој се среќаваат тимови од иста земја.“Двата тима имаа одлична сезона и би било убаво со трофеј да се започне новата сезона....

Продолжи со читање

Канцелариите на УЈП денес со продолжено работно време

Post Views: 49Даночните канцеларии на Управата за јавни приходи (УЈП) денеска ќе работат со продолжено работно време зашто истекува рокот за поднесување Годишна даночна пријава (ГДП).Како што соопшти УЈП, сите регионални дирекции, во Скопје, Тетово, Штип, Битола, Струмица и Прилеп ќе примаат пријави до 21:30 часот, даночните одделенија во Охрид, Струга, Ресен, Кавадарци, Велес, Неготино, Куманово, Крива Паланка, Кочани, Виница, Свети Николе, Берово, Гевгелија, Радовиш, Гостивар, Кичево и Дебар ќе примаат пријави до 18:00 часот, а даночните шалтери во Демир Хисар, Македонски...

Продолжи со читање

Шок за Полјаците

Post Views: 36 Варшавска Легија нема да го види последното претколо од Лигата на шампиони, туку оди во плеј-оф од Европската лига. Нив ќе ги замени шкотскиот Селтик кој Полјаците го посрамотија во два натпревари со вкупен резултат од 6-1. Но, Легија направи катастрофална грешка. Во 89 минута во игра влезе Бартош Березински кој немал право да игра, кога минатата сезона доби црвен картон во натпреварот Легија-Аполон, а не ја отслужил казната. Селтик и делегатот на натпреварот го увиделе пропустот, а УЕФА денес пресудила во корист на Шкотланѓаните. Голем гаф е тоа за луѓето од...

Продолжи со читање

Собранието на раб на инцидент го изгласа законот за јазиците

Post Views: 40 Со 64 гласа мнозинството го донесе Законот за јазиците. Претходно дојде до инцидент помеѓу Џафери и пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, во обид тој да му ја одземе картичката на претседателот на парламентот. Со вода беше испрскан претседателот Џафери од Груевски кога спикерот почна да ја отвора расправата за Законот за употребата на јазиците.Веднаш интервенираше собраниското обезбедување откако Груевски и уште неколку пратеници од ВМРО ДПМНЕ се втурнаа кон Џафери.По интервенција на обезбедувањето, Џафери ја напушти салата.Претходно, координаторот на...

Продолжи со читање

Нов терористички напад во Париз

Post Views: 42 Француските власти синоќа известија дека двајца полицајци загинале во престрелка при терористичкиот напад на авенијата Шанзелизе во Париз. Француската полиција извести дека напаѓачот е убиен. Градските власти им советуваа на жителите и туристите да не одат во овој дел од градот. Нападот го потврди и претседателот Оланд и изјави дека се работи за терористички напад. “Исламска држава” ја презеде одговорноста за терористичкиот напад и го посочи името на напаѓачот, кој пристигнал од Белгија ,Абу Јусеф ал Белџики. Идентитетот на терористот се разликува со оној на...

Продолжи со читање

Голема шлаканица за Реал Мадрид и Флорентино Перез

Post Views: 31 Голем шок му приреди врховниот суд на градот Мадрид на Реал Мадрид и неговиот претседател Перез со одлуката со која се стопира обновувањето и надоградбата на Сантијаго Бернабеу во вредност од 400 милиони евра, која на почетокот на годината помпезно ја најави Перез. Имено, судот одлучил да се стопира имплементацијата на новиот урбанистички план на градот Мадрид со кој беше предвидена реконструкција на стадионот на Реал. Причината е тоа што Реал се наоѓа под истрага на Европската комисија поради наводна илегална помош која ја давал на градските структури, односно...

Продолжи со читање

Вонредната состојба во Турција продолжена и протести на улиците

Post Views: 40 Вонредната состојба во Турција беше воведена по обидот за пуч во јули минатата година. По седницата на турскиот Национален совет за безбедност вчеравечер во Анкара, државната агенција Анадолу објави дека Советот образложил оти вонредната состојба ѝ служи на „заштитата на нашата демократија, правната држава, како и правата и слободите на граѓаните“. Формално за продолжувањето на вонредната состојба уште за три месеци согласност треба да даде и парламентот, кој денеска треба да одржи седница. Согласноста важи за сигурна со оглед на тоа што партијата на Ердоган,...

Продолжи со читање