Skip to main content

Автор: инфодеск

Александар Вучиќ победник на изборите во Србија

Post Views: 33 Првите резултати од претседателските избори во Србија, по избројани 50.8 отсто гласачки места, велат дека победник е Александар Вучиќ со 56,5 отсто добиени гласови, според агенцијата Ипсос. По него следи Саша Јанковиќ со 15,3 отсто а потоа Лука Максимовић Бели со 9,2 отсто освоени гласови. Вук Јеремиќ освоил 5,6 отсто а Војислав Шешељ 4,5 отсто. Право на глас имале 6.724.949 избирачи кои гласале на 8.396 изборни места. Изборниот ден минал мирно, изјавил за РТС председателот на Државната изборна комисија Владимир Димитријевиќ. Имало мали неправилности но тие,...

Продолжи со читање

Потез за одлука

Post Views: 36 Јунак на вчерашната победа, од 1-0 на Германија над Аргентина, стрелецот на единствениот гол на средбата, беше Mario Gotze, кој на Германија и ја донесе четвртата титула светски првак. Германскиот селектор Joachim Low во игра го внесе во 88 минута од натпреварот, а Gotze му се оддолжи со прекрасен гол длабоко во продолжението, во 113 минута. “Му реков на Mario Getze да му покаже на светот дека е подобар од Messi и да го одлучи натпреварот. Тоа му го реков и имав претчуство дека тоа ќе се случи. Gotze е чудесно момче. Може да игра на било која позиција и секогаш...

Продолжи со читање

Разрешен Јавниот Обвинител Марко Зврлевски

Post Views: 39 Пратениците во Собранието попладнево со 64 гласа „за“, ниту еден „против“ и „воздржан“, по 12 продолженија на седницата, го разрешија досегашниот јавен обвинител Марко Зврлевски. Пред гласањето пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија седницата, бидејќи не се согласуваат со одлуката спикерот Талат Џафери да не го прифати мислењето на Антикорупциската комисија дека разрешувањето е незаконско. Пратениците од владејачкото мнозинство одлуката ја поздравија со аплауз. Инаку, предлогот на Владата за разрешување на Зврлевски беше ставен на дневен рд во Собранието на...

Продолжи со читање

Србија денес избира претседател

Post Views: 50 Околу 6,8 милиони граѓани на Србија со право на глас, денеска избираат нов шеф на државата, кој на таа функција ќе го наследи актуелниот претседател Томислав Николиќ. Од утрово во 7 часот, па до 20 часот, српските граѓани гласаат на 8.523 избирачки места во Србија и на 90 во Косово. Вчера беше спроведено гласањето за претседателските избори за Србите што живеат во странство на 53 гласачки места во 32 држави. Во претседателската трка учествуваат 11 кандидати, но според аналитичарите, единствена непознаница на овие избори е дали актуелниот српски премиер...

Продолжи со читање

Аргентина казнета пред финалето на Светското првенство

Post Views: 41 Меѓународната фудбалска федерација ја казни репрезентацијата на Аргентина со 336.000 долари бидејќи нејзините фудбалери не дошле на четири новинарски конференции за време на Светското првенство во Бразил. Дисциплинската комисија на ФИФА навела дека Аргентина ги прекршила медиумските правила со недоаѓање на конференциите за новинари по натпреварите со Нигерија, Швајцарија, Белгија и Холандија, каде беше присутен само селекторот Alejandro Sabella. Аргентина во Рио де Жанеиро ја очекува финале на Светското првенство против Германија. {loadposition content9}

Продолжи со читање

Интернет нарачките сега можат да се следат и преку Македонска пошта

Post Views: 40 „Пратките од интернет нарачки кои пристигнуваат во Македонска пошта се трансформираат во книжени – препорачани пратки со лепење на посебен бар – код и се внесуваат во системот за следење на пратки на Македонска пошта, и покрај тоа што ниту една директива на Светскиот поштенски сојуз не нé обврзува на тоа“, известуваат од Македонска пошта.Сите граѓани кои купуваат од странски продавачи, пристигнувањето на нивната пратка во Македонска пошта и реализирањето на доставата веќе можат да го следат преку системот за следење на пратки на Македонска пошта, поставен на веб...

Продолжи со читање

ИСИС ја презеде одговорноста за нападот во Лондон

Post Views: 33 Организацијата Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот во близина Британскиот парламент, во кој загинаа пет лица, вклучувајќи го и напаѓачот, а повредени се 40-тина други. Во соопштение на новинска агенција на ИД, се вели дека напаѓачот бил „војник на Исламската држава“. Терористичката организација не индицираше дека помогнале во планирање или извршување на нападот, велејќи дека напаѓачот одговорил на нејзиниот повик за напад на цивили и армиски припадници во земјите поврзани со коалицијата под водство на САД којашто се бори против ИСИС. Премиерката...

Продолжи со читање

Имало посебни упатства на Јоаким Лев за време на полувремето во полуфиналето

Post Views: 37 Одбранбениот играч на германската репрезентација, Матс Хумелс, открива дека на полувреме на полуфиналниот меч добиле посебни упатства од селекторот Лев. Високите 5-0 на полувреме го означи германскиот пласман во финалето на Светското првенство, а стоперот на Германија и Борусија Дортмунд, Матс Хумелс, признал дека селекторот, Јоаким Лев, изричито им забранил на играчите било какви додатни егзибиции и понижување на Бразилците. “Јасно ни беше кажано да останеме концентрирани и дека не смееме да се обидуваме додатно да ги понижуваме. Моравме да останеме сериозни...

Продолжи со читање