Skip to main content

Автор: инфодеск

Светите Четириесет и двајца маченици од Амореја

Post Views: 128 Сите беа војводи на византискиот цар Теофил. Кога царот Теофил ја изгуби битката со Сарацените околу градот Амореја, Сарацените го зазедоа градот, заробија многумина христијани, меѓу кои и овие војводи. Останатите христијани или ги убија или ги продадоа во ропство, а војводите ги фрлија во затвор, каде одлежаа седум години. Повеќепати доаѓаа муслиманските првенци и ги советуваа да ја примат мухамеданската вера, но војводите не сакаа ни да чујат. Кога Сарацените им велеа дека Мухамед е вистински пророк, а не Христос, војводите ги запрашаа: „Ако двајца се препираат...

Продолжи со читање

Студено и сончево

Post Views: 157 Утрото студено, преку денот претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.Температурите во Охрид ќе бидат во интервал од -5 до 8 степени Целзиусови.Следува период на стабилно време со ниски утрински температури кои до петок насекаде ќе бидат под нула. Дневните температури ќе бидат во пораст. До петок ќе дува умерен северен, а од петок јужен ветер кој во деновите од викендот ќе биде со засилен интензитет, информираат од УХМР.

Продолжи со читање

И во Охрид работело диско/кабере без лиценца

Post Views: 365 Од Влада на РМ информираат дека на територијата на државата извршени се околу 50 контроли во текот на 16 и 17.03. 2025 година во угостителски објекти коишто имаат лиценца за работа која се однесува на кабаре, ноќен клуб, диско-клуб и диско-клуб на отворен простор.Во моментот на надзорот субјектите не вршат дејност поради прогласената седумдневна жалост. Но, врз основа на податоците со коишто располага Државниот пазарен инспекторат и остварени контакти со одговорните лица на самите угостителски објекти, се обезбедени документи коишто се потребни за надзорот да...

Продолжи со читање

Предадена опрема – апарат за Коронарен (ЕКГ) стрес тест во ЈЗУ Кардиологија – Охрид

Post Views: 334 Предадена опремата – апарат за Коронарен (ЕКГ) стрес тест во ЈЗУ Кардиологија – Охрид обезбеден преку Центарот за развој на југозападен плански регион.Оваа напредна медицинска опрема овозможува прецизна евалуација на функцијата на срцето при физички напор, што е клучно за рано откривање на кардиоваскуларни заболувања.Придобивки од новиот апарат:Прецизна дијагностика – Овозможува детекција на коронарна артериска болест, аритмии и други срцеви нарушувања.Навремено откривање на ризици – Идентификува потенцијални срцеви проблеми пред појавата...

Продолжи со читање

Три апарати за хемодијализа, хемодијафилтрација и хемофилтрација предадени на ЈЗУ Нефрологија

Post Views: 138 Три апарати за хемодијализа, хемодијафилтрација и хемофилтрација предадени на ЈЗУ Нефрологија обезбедени преку Центар за развој на југозападен плански регион.Овие апарати ќе овозможат подобрена грижа за пациентите со хронична бубрежна инсуфициенција, како и за оние со акутни состојби кои бараат напредни методи на прочистување на крвта, велат од болницата.Придобивки од набавката:1. Подобрен квалитет на третманот – Новите апарати нудат повисоко ниво на ефикасност во отстранувањето на токсините и вишокот течности од крвта, со што се подобрува општата...

Продолжи со читање

Донесени решенијата за субвенционирање на трошоците за комунални услуги

Post Views: 148 Општина Охрид врши обезбедување на правото на остварување на социјална заштита на граѓаните, од средствата на Буџетот на Општина Охрид, во облик на спроведување на мерки за субвенционирање на трошоци за комунални услуги за граѓаните кои се изложени на социјални ризици и ги донесе следните решенија:-РЕШЕНИЕ ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ТРОШОЦИТЕ ЗА КОМУНАЛНИ УСЛУГИ -РЕШЕНИЕ ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ТРОШОЦИТЕ ЗА ОТПАДНИ ВОДИ-РЕШЕНИЕ ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ТРОШОЦИТЕ ЗА ВОДОВОД-РЕШЕНИЕ ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ТРОШОЦИТЕ ЗА ГРОБАРИНА-РЕШЕНИЕ ЗА ЛИЦА  КОИ ...

Продолжи со читање

Општина Охрид: Приватните станоиздавачи да ги проверат Решенијата за вршење дејност

Post Views: 184 Од Општина Охрид нформираат дека сите приватни станоиздавачи-даватели на угостителски услуги во куќи, апартмани и соби за одмор треба да ја проверат важноста на Решенијата за вршење дејност издадени од Одделението за туризам при Општина Охрид. Издадените решенија имаат важност од 3 години и доколку на истите им истекол рокот станоиздавачите треба да поднесат барање за продолжување на Решението.Воедно се известуваат сите станоиздавачи дека доколку започнале дејност без потребните документи ќе се соочат со казни. Општинските Овластени инспектори по туризам и...

Продолжи со читање

Охрид тагува

Post Views: 195 Стотици запалени свеќи, цвеќе и пораки со почит за жртвите во Кочани. Охрид денес тагува. Средношколците со мирен марш од своите училишта утрово се упатија на охридскиот плоштад. Велат тагуваат за своите врсници, болката е голема за прерано згаснатите млади животи.-Денеска даваме почит и поддршка на починатите и нивните семејства, рече Иво Георгиевски претседател на Младинска заедница во ОСУ Свети Климент Охрид.-Денеска оддаваме почит на жртвите и нашите врсници соученици од Кочани кои погинаа во овој трагичен настан  Денешната цел...

Продолжи со читање

Денес започнува теренската контрола на сите субјекти регистрирани како кабаре, дискотеки или ноќни клуб

Post Views: 245 Денес започнува теренска контрола на сите субјекти регистрирани како кабаре, дискотеки или ноќни клубови по што властите ќе излезат со детални информации. Премиерот Мицкоски уште завчера на прес-конференција во Владата рече дека ќе почне робусна акција на проверка на сите документи во угостителските објекти, по страотниот пожар во дискотека во Кочани, во кој досега загинаа 59 лица, а 155 се повредени.-Почнува робусна акција во насока на проверка на сите документи, сите лиценци, сите дозволи за градба, сите дозволи за употреба, дозволи за работа, и убеден...

Продолжи со читање

Струга за Кочани: Сите сме криви за прегратките шо фалет!

Post Views: 308 И стружани се сплотија заедно и сочуствуваат со болката на блиските од загинатите во Кочани.Синоќа осамна транспарент на македонски и албански јазик на мостот на Црн Дрим со пораката „Сите сме криви за прегратките шо фалет!“

Продолжи со читање

Денес мирен собир на средношколците на плоштадот во Охрид

Post Views: 146 Денес во периодот од 9 до 12 часот ќе има мирен собир на средношколци во Охрид на плоштадот, во организација на средношколците.-Ќе се палат свеќи и ќе се положи цвеќе како почит за настраданите во Кочани, се вели во нивното соопштение.Посочуваат и дека маршот не треба да ескалира во протест.Од ОСУ „Св. Климент Охридски“ тргнувајќи по ул. „Димитар Влахов“, сретнувајќи се со СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ низ чаршијата се упатуваат кон градскиот плоштад каде што ќе се оддаде почит на жртвите во несреќата во Кочани.Организаторите велат дека од...

Продолжи со читање

Светиот маченик Кoнoн Исавриски

Post Views: 184 Пoучeн вo вeрата Христoва и крстeн вo имeтo на прeсвeтата и живoтвoрна Трoица oд самиoт Архангeл Михаил. Дo смртта нeвидливo гo слeдeше oвoј Архистратиг Бoжји. Прoсвeтлeн и oјачан сo благoдатта на Свeтиoт Дух, срцeтo нe гo влeчeше пo ништo свeтскo туку самo пo духoвнoтo и нeбeснoтo. Кoга рoдитeлитe сo сила гo oжeнија, тoј првата вeчeр зeде свeќа и ја стави пoд сад, па ја запраша свoјата нeвeста: „Штo e пoдoбрo, свeтлината или тeмнината?“ Таа oдгoвoри: „Свeтлината“. Тoгаш тoј пoчна да ѝ гoвoри за вeрата Христoва и за духoвниoт живoт какo пoдoбар и пoубав oд...

Продолжи со читање