Skip to main content

Автор: инфодеск

Историска случка на Роланд Гарос

Post Views: 31 Швајцарецот Станислас Вавринка и Кинескињата Ли На, победниците на Австралија опен, се простија од Роланд Гарос веќе во првото коло. Ваква ситуација се случува за прв пат во историјата. Никогаш досега не се случило победниците на Грен Слем турнир, да се простат на следниот уште во првото коло, но во Париз актуелните победници од Мелбурн си одат дома после првата пречка. Станислас Вавринка е поразен од Гиљермо Гарсиа Лопез со 3-1, додека домашната претставничка Кристина Младеновиќ со 2-1 ја елиминира, втората на ВТА листата, Ли На. “Никаде не пишува дека морате да...

Продолжи со читање

Силен земјотрес ги вознемири Скопјани

Post Views: 43 Земјотрес со магнитуда од 4,2 степена според Рихтеровата скала е почувствуван изутрината во 04 часот и 08 минути во Скопје и околината.Според Европскиот медитерански сеизмолошки центар, епицентарот на земјотресот бил на 13 километри источно од Скопје на длабочина од два километра. Поточно епицентарот на земјотресот бил на 4 километри североисточно од Арачиново и 6 километри северно од Марино.Земјотресот предизвика вознемиреност кај Скопјани, и се почувствува и во повисоките згради како и во пониските објекти во главниот град. Овој земојтрес е еден од посилните...

Продолжи со читање

Земјотрес од 5,6 степени во Романија

Post Views: 32 Земјотрес од 5,6 степени по Рихтер ја потресе Романија, објави Европскиот сеизмолошки центар (EMSC-CSEM). Потресот се случил во 00:20 часот по македонско време во близина на градот Фокшани, област Вранча. Епицентарот е на 142 километри северно од Букурешт и се наоѓа западно од регионот на Вранча во сеизмичката зона на романските Карпати. Длабочината на ударот е околу 100 километри и тоа е причината сеизмичките бранови да се шират на релативно големи растојанија. Според Европскиот медитерански сеизмолошки центар, потресот е почувствуван во Романија, Бугарија,...

Продолжи со читање

Светски раритет во светот на фудбалот

Post Views: 29 Шкотската престолнина Единбург во иста сезона остана без двата клуба во највисокиот ранг на натпреварување. Откако, многу порано испадна Хартс, вчера истото му се случи и на Хиберниан, кој во возвратниот натпревар пред своите навивачи доживеа катастрофа и покрај тоа што имаше предност од 2-0 од првиот натпревар. Двата ривали сега се во понизок ранг. Хартс прв пат по 23 години, а Хиберниан по 15 години. Нивното ривалство е едно од најстарите во фудбалскиот свет, бидејќи за прв пат се сретнале на Божик 1875 година, а досега одиграле 615 дерби натпревари. Следната...

Продолжи со читање

Координација во Собрание за локалните избори во понеделник

Post Views: 38 Претседателот на собранието Талат Џафери за понеделник закажа координативна средба меѓу претставниците на сите парламентарни партии.Се очекува една од темите на разговор меѓу координаторите да биде и датумот за локалните избори, а доколку биде постигнат договор можно е тој веднаш да биде ставен во процедура. Мандатот на градоначалниците на општините и на општинските совети истекува во понеделник на 15 мај, а Џафери вчера ги повика политичките партии итно да разговараат за оваа проблематика за да не се случи блокада на општините.

Продолжи со читање

Се урна руски воен авион во Црно Море со над 90 патници

Post Views: 34 Руски воен авион со 83 патници и осум членови на екипажот исчезна пред неколку часа од радарите откако полетал од Сочи. Неговите остатоци се пронајдени како плутаат во Црно Море, потврдил рускиот министер за одбрана.Тупољев 154, со 83 патници и 8 членови на екипажот полетал од воздухопловната база Адлер рано утрото во недела по локално време, а потоа исчезнал од радарите, јавија руските медиуми.Авионот бил на пат кон руската база Латакија, Сирија, каде требало да се одржи концерт за Нова година.Познатиот Александров ансабл за збор на руската војска бил во...

Продолжи со читање

Анчелоти го признава она што останатите не сакаат

Post Views: 29 Реал денес во Лисабон ќе ја лови својата десетта европска круна, а ривал му е градскиот Атлетико. Но, и пред почетокот на сезоната Анчелоти сфатил колку во клубот е важна таканаречената “la decima”. Тој признал дека во кралскиот клуб на сите во умот им е освојувањето на десетиот наслов европски првак.“Откако дојдов во Реал, се се врти околу “decima”. Но, тоа не би го нарекол опсесија, само мотивација”, истакнал Анчелоти во разговор за Daily Mail.Потоа Италијанецот се осврнал на ривалот во саботното финале.“Атлетико е...

Продолжи со читање

Киднапиран либиски авион со 118 патници

Post Views: 34 Авион на внатрешен лет во Либија бил киднапиран и пренасочен во Малта, каде слета утринава, јавија малтешките медиуми. Двајца киднапери се заканиле дека ќе го разнесат Ербасот 320, во кој има 118 патници и екипаж, објави „Тајмс оф Малта“. Авионот летал од Себха во југозападна Либија до Триполи за државната авиокомпанија „Африкија Ервејс“. Малиот медитерански остров Малта се наоѓа на 500 километри северно од либискиот брег. Малтешкиот премиер Џозеф Мускат на Твитер напиша: „Информиран сум за потенцијална ситуација со киднапирање на внатрешен либиски лет...

Продолжи со читање