Автор: инфодеск
Post Views: 30 Точно 19 дена пред отварањето на Светското првенство во Сао Паоло, во Лисабон ќе биде кулминацијата на клупската сезона – финалето во Лигата на шампиони помеѓу двата мадридски тима Реал и Атлетико.Саботната пресметка на Луж ќе биде петто финале во историјата на Лигата на шампиони во кое ќе играат тимови од иста земја, но прв пат доаѓаат од ист град.Реал во Лисабон оди по десеттата круна – „decima„ прва по 12 години, додека Атлетико ќе го лови својот првенец во елитното друштво по своето досегашно едно финале во 1974 година кога изгуби од Баерн...
Терористот од Берлин убиен во Милано
Post Views: 29 Анис Амри, кој е осомничен за нападот во Берлин, е убиен во престрелка во Милано, Италија, јави Ројтерс, повикувајќи се на извори од италијанската безбедносна служба. Амри наводно е запрен од сообраќајна полиција околу три часот утрото, но веднаш почнал да пука кон полицајците. Еден од полицајците возвратил и го убил Анис Амри, а полицаецот е полесно повреден, пренесува италијанскиот весник Панорама. Според истите извори, напаѓачот е идентификуван според отисоците од прсти и физички докази. Во секој момент во Рим прес конференција треба да одржи министерот за...
Голем удар за амбициите на Уругвајците
Post Views: 28 Голем удар во четвртокот наутро добиле Уругвајците, пред Светското првенство во Бразил. Имено, најдобриот играч на нивната репрезентација, Луис Суарез на тренинг го повредил коленото и ќе мора на операција на менискус. Иако уругвајските новинари тврдат дека Суарез ќе биде спремен за СП во Бразил, факт е дека рехабилитацијата по операција од менискус трае од 4 до 6 недели, што значи дека Суарез сигурно нема да е спремен за првиот натпревар против Костарика на 14 јуни. Под знак прашање е дали ќе биде спремен и за другите два натпревари од нивната група, против...
Атентаторот на рускиот амбасадор бил обезбедување и на Ердоган
Post Views: 38 Турскиот полицаец кој го уби рускиот амбасадор во Анкара, во изминатите месеци осум пати го обезбедувал турскиот претседател Ердоган, пишува весникот „Хуриет“. Мевлут Мерт Алтинташ од јули годинава бил дел од обезбедувањето на турскиот претседател на осум јавни настапи на Реџеп Таип Ердоган, пишува денеска турскиот весник „Хуриет“. Притоа, 22-годишниот турски полицаец бил дел од втората алка на обезбедување, што значи веднаш зад личните телохранители на Ердоган. Алтинташ во понеделникот, на отворањето на една изложба во Анкара, го застрела рускиот амбасадор во...
Ултрабогат навивач на Манчестер Јунајтед го купи шпанскиот великан
Post Views: 38 Сингапурскиот милијардер Петер Лим е новиот сопственик на шпанскиот фудбалски великан Валенсија, откако откупил 70% од сопственичкиот удел во клубот од Местаља. Единствен тим, до освојувањето на титулата на Атлетико оваа сезона, кој во последните 13 години ја прекинуваше доминацијата на Барселона и Реал Мадрид во шпанското првенство беше Валенсија. Лим, инаку голем навивач на Манчестер Јунајтед, успеал конечно да стане сопственик на еден од тимовите од лигите на големата петорка. Првиот обид, но неуспешен, беше во 2010 година кога понудил за Ливерпул 300 милиони...
Дизелот поевтинува, бензините со иста цена
Post Views: 31 Дизел горивата од ноќеска на полноќ поевтинуваат за 1,5 денари за литар, а цената на бензините останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,25, односно за 2,35 отсто. Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 останува 65, а на ЕУРОСУПЕР БС- 98, 67 денари за литар. Новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 50,5, додека Екстра лесното масло за домаќинство ќе се продава за 39 денари за литар. Со одлуката на РКЕ за 1,319 денари...
Највисоки цени на нафтата во последните 17 месеци
Post Views: 38 Цените на нафтата на светските берзи достигнаа вредност која е на највисоко ниво во последниве 17 месеци. Северноморскиот „брент“ минатата недела поскапе за 1,6 отсто, достигнувајќи цена од над 55,20 долари за барел, додека вредноста на американската „лесна“ нафта порасна за 0,8 проценти на речиси 52 долари за барел. Ваквиот раст следи по одлуката на Организацијата на државите извознички на нафта (ОПЕК) за намалување на дневното производство на енергенсот од 1 јануари 2017 година за 1,2 милиони барели. Минатата недела неколку големи производители, вклучувајќи...
Проблеми за Реал и Атлетико пред мечот во Лисабон
Post Views: 34 Атлетико Мадрид ја освои титулата во Шпанија по прв пат после 18 години чекање, но тоа го чинеше две големи повреди на своите играчи пред финалето во Лигата на шампиони за седум дена. Во Лисабон Атлетико ќе игра против својот градски ривал, Реал, за титулата европски шампион. Моментално за тој натпревар под знак прашање се првиот стрелец на тимот, Диего Коста, и одличниот играч за врска Арда Туран. Двајцата на гостувањето кај Барселона го напуштија теренот во првото полувреме, Коста поради повреда на задната ложа, а Туран поради повреда на колкот. Моментално нема...







