Skip to main content

Автор: инфодеск

За нападот во Кајсери, Ердоган ја обвини PKK

Post Views: 36 Терористичкиот напад во турскиот град Кајсери во кој во саботата утрото загинаа 13 а ранети се 55 луѓе, главно војници, го извел бомбаш самоубиец објавија турските власти, а претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека зад нападот стои забранетата Работничка партија на Курдистан (PKK) која и САД и ЕУ ја сметаат за терористичка организација. Претседателот Реџеп Тајип Ердоган во писмена изјава рече дека „сепаратистичката терористичка организација“ стои за нападот, додавајќи дека тие напади не се „без поврзаност со случувањата во Сирија и во Ирак“. Ердоган под овој...

Продолжи со читање

Официјално: Покрај Сити и ПСЖ казнети се уште седум клубови

Post Views: 33 Стигна и службената потврда за казнувањето на девет клубови поради кршење на финансискиот фер-плеј. Најголеми казни заработија Манчестер Сити и ПСЖ, кои се казнети со по 60 милиони евра, а освен парична казна тие во следната сезона на Лига на шампиони не ќе можат да пријават 25 туку 21 фудбалер. Сите клубови кои се казнети ја прифаќаат казната и нема да се жалат на истата. Иако двата клуба потпишале на документите на УЕФА и ги прифатиле казните, во образложението од двете страни тврдат дека не се задоволни. Од Сити стигнува порака дека не се сложуваат со...

Продолжи со читање

Кој е човекот кој ја проколнал Бенфика?

Post Views: 44 Откако Бенфика загуби уште едно европско финале, повторно се актуелизира приказната за проклетството на Guttmann… За бројните навивачи на Бенфика ова веќе не е шега, туку сериозно проклетство. Нивниот клуб не загубил две или три европски финалиња, туку осум! Да, осум финалиња во европските натпреварувања, со наведнати глави го напуштале теренот разни генерации фудбалери на Бенфика, откако Bela Guttmann го проколнал клубот пред 52 години. Пред крајот на 50-тите години од минатиот век, на клупата на Бенфика бил Bela Guttmann кој преминал од Порто. Унгарскиот...

Продолжи со читање

Ноќеска започнува летното сметање на времето

Post Views: 49 Ноќеска во 2 часот, Република Македонија ќе премине на летно сметање на времето. Тогаш стрелките на часовникот треба да се поместат еден час напред и наместо 02 да означуваат 03 часот. Летното сметање на времето ќе заврши на 30 октомври во 3 часот, со поместување за еден час наназад кога започнува зимското сметање на времето. Одлуката за денот и за моментот на воведувањето и за денот и за моментот на завршувањето на летното сметање на времето во 2017 година е објавена во „Службен весник на Република Македонија“. Преминувањето на летно и зимско сметање на...

Продолжи со читање

Грција 24 часа парализирана од штрајкови

Post Views: 39 Грција денеска ќе биде парализирана од генерален 24-часовен штрајк на работничките синдикати и на јавната администрација. Илјадници членови на синдикатите се очекува да излезат на масовниот протест во центарот на Атина, со цел да го изразат своето незадоволство од владините мерки кои влијаат на социјалните и финансиските можности на граѓаните на Грција. „Повикуваме на протест како реакција на континуираната политика на казнено штедење, сиромаштија и целосно истоштување на народот. Проблемите и предизвиците со кои се соочуваат вработените се многу и постојани и...

Продолжи со читање

Бензините и дизелот поевтинуваат

Post Views: 32 Бензините и дизел горивата од полноќ ќе поевтинат за два денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Новата малопродажна цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе биде 65 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 67 денари за литар. ЕУРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V) ќе се продава за 52, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 40,5 денари за литар. За 1,337 денари поевтинува и мазутот и еден килограм ќе чини 26,955 денари. Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија информира дека просечната цена на суровата нафта на светскиот...

Продолжи со читање

Падот на авионот со бразилските фудбалери можел да се спречи

Post Views: 32 Шокантни вести пристигнаа од местото на големата трагедија која се случи во вторникот, а помеѓу другото авионот кој превезувал 77 патници воопшто не требало да биде превозник на фудбалската екипа Чапакоенсе. Освен тоа се случиле низа на неправилности што укажува дека трагедијата можела и морала да се спречи. Екипата на Чапакоенсе, која патуваше на првиот натпревар во финалето на Копа Судамерикана, требало да лета со директен лет од Сао Паоло до Меделин со авион Ербас 320. Меѓутоа, Бразилската цивилна авио агенција (ANAC) одлучила да ја укине директната линија па...

Продолжи со читање

Емотивен говор на Занети

Post Views: 28 Големиот аргентински фудбалер Хавиер Занети (40) го одигра својот последен натпревар на Сан Сиро. Го разубавија своето простување со капитенот со убедлива победа над Лацио со 4-1 во 37 коло од Серија А, а брилијантен беше хрватскиот фудбалер за врска Матео Ковачиќ со три асистенции. На крајот од натпреварот Интеровите фудбалери го носеа на раце својот капитен, кој за миланскиот клуб во сите натпреварувања одигра 856 натпревари и постигна 21 гол. Во Интер играше непрекинато од 1995 година, кога дошол од Аргентина. “Ви благодарам на сите. Немате претстава колу е ова...

Продолжи со читање