Автор: инфодеск
Post Views: 37 Чартер авион со 81 луѓе во него, вклучувајќи и еден бразилски тим од првата фудбалска лига, кој летал за Колумбија се урнал на летот кон меѓународниот аеродром во Меделин. Воздухопловните власти изјавија дека има извештаи за најмалку шестмина преживеани. Авионот е од типот „Бритиш аероспејс Авро 146“ на боливиската чартер компанија Ламиа. Екипажот пријавил состојба на итност околу 10 часот навечер поради проблеми со електриката. Во авионот бил фудбалскиот тим на Чапакоенсе од јужен Бразил. Фудбалерите летале на натпревар од Копа Судамерикана со тимот Атлетико...
Шумахер ја победи смртта, но…
Post Views: 30 Питер Хачисон, професор на универзитетот во Кембриџ, изјавил дека Михаел Шумахер кога ќе излезе потполно од кома, ќе мора повторно да учи некои основни животни функции и дека никогаш повеќе нема да е истата личност. “Тоа не е како кога ќе се запали светлото и пациентот знае за се што постои околу него. Тој веројатно ќе се врати во свет кој не го познава”, рекол Хачисон. Хачисон со тоа го потврдил пишувањето на германските медиуми кој ден порано, повикувајќи се на извори блиски на докторите на Универзитетската болница во Гренобл каде Михаел Шумахер се наоѓа од 29...
Од денес бензините и дизелот поскапи
Post Views: 39 Согласно новата одлука на Регулаторната комисија за енергетика, цената на Еуродизел (Д-ЕV) изнесува 54,0 денари за литар. Малопродажните цени на Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 исто така се зголемени – 67 односно 69,0 денари за литар. Цената на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) исто така е зголемена за 1,5 денари и сега изнесува 42,5 денар за литар. Со одлуката на РКЕ за 0,794 денари за килограм е зголемена и малопродажната цена на мазутот М-1 НС која сега изнесува 28,292 денари за килограм. Со одлуката е извршено зголемување на рафинериските и на...
Решение како да исчезнете од интернет
Post Views: 37 Вистината е дека многумина имаат повеќе кориснички сметки или профили на разни социјални мрежи или електронски пошти и истите можат да се деактивираат поединечно одејќи на секоја страница посебно. Но, се појави сервис кој практично овозможува со неколку кликнувања со глушецот едноставно да исчезнете од интернет. Шведските девелопери Wille Dahlbo и Linus Unneback осмислиле и реализирале сервис кој овозможува сѐ што е потребно за деактивирање на било кој ваш профил од едно место. Доволно е да се посети страницата Deseat.me, да се пријавите со вашата Google...
Анчелоти добил наредба од претседателот на Реал
Post Views: 48 Реал мадрид очигледно ги изгубил сите надежи дека ќе ја освои Примера, па во недела против Селта можеби ќе игра вториот тим на оваа екипа. „Модриќ, Рамос и Бензема чувај ги за финалето на Лигата на шампиони, затоа што само тие од незаменливите останаа неповредени“, добил наредба тренерот Анчелоти од претседателот Перез, пишува Marca. А кралевите во завршницата на сезоната ќе бидат ослабени и со неиграњето на Пепе, кој освен последните две кола на Примера, веројатно ќе го пропушти и финалето во Лигата на шампиони против Атлетико. Него ќе го замени Французинот...
Нови пораки од ЕУ до претседателот Иванов
Post Views: 36 Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Федерика Могерини апелираше на мудроста на претседателот Ѓорге Иванов за решавање на политичката криза во Македонија. Могерини, на прес-конференијата по состанокот на министрите за надворешни работи на земјите од ЕУ во Брисел, ги повтори ставовите што ги изнесе за време на посетата на Скопје минатата недела и кажа дека Македонија има ресурси сама да се извлече од кризата. „Верувам дека Скопје се уште се соочува со политичка и институционална криза. Мојата најголема грижа е таа криза да не...
Поплави во Италија, исчезнато едно лице
Post Views: 35 Маж во обид да ги спаси своите коњи во местото Пероса , во околината на Торино, го повлекла водата и исчезнал, им раскажал на цивилната заштита неговиот син. Расте загриженоста поради реката По која на места се излива и во Торино и може да достигне алармантно ниво до петок навечер. Пиемонте и Лигурија прогласиле црвен аларм поради поплавите бидејќи има голем пораст на нивото на водите и реките. Неколку стотини лица се евакуирани превентивно, а властите повикале на ограничено движење во неколку покраини на двата региона каде училиштата се затворени во...
Од полноќ дизелот поевтин, бензините со иста цена
Post Views: 41 Малопродажните цени на дизел горивата од ноќеска на полноќ се намалуваат за половина до еден денар по литар, а цената на бензините останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,32, односно за 0,09 отсто. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за половина денар по литар и ќе чини 52,5 денари, додека цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) поевтинува за денар по литар и ќе изнесува 41 денар. ...






