Skip to main content

Автор: инфодеск

Денес ДИК ќе ги предаде уверенијата за новите пратеници

Post Views: 43 Во Државната изборна комисија денеска попладне ќе бидат врачени уверенијата за новите пратеници избрани на предвремените парламентарни избори 2016. Се очекува по врачувањето на уверенијата, Собранието да го соопшти датумот на одржување на конститутивната седница, која треба да биде свикана најдоцна до сабота, 31 декември, на полноќ. Конститутивната седница, според најавите, ќе ја свика и со неа ќе претседава претседателот на Собранието во заминување Трајко Вељаноски. Засега нема информација дали на истата седница ќе бидат избрани претседател и заменици...

Продолжи со читање

Спречен нов терористички напад во Франција

Post Views: 36 Францускиот министер за внатрешни работи Бернар Казнев денеска соопшти дека француската полиција спречила планиран терористички напад во Стразбур. Уапсени се седум лица во Стразбур и Марсеј, по потекло од Франција, Мароко и Авганистан, на возраст меѓу 29 и 37 години. Апсењата се извршени во текот на изминатата ноќ. Според министерот за внатрешни работи, терористичката акција била „планирана подолго време на наша територија“. „Франција никогаш досега не се соочувала со ваква терористичка закана“, изјави Казнев. „Спречивме нов терористички напад“. Нема информации...

Продолжи со читање

Иднината на фудбалот на коцка

Post Views: 31 Манчестер Сити е казнет од УЕФА со 60 милиони евра поради трошење над своите можности. Следната сезона за Лигата на шампиони ќе може да пријави 21 фудбалер наместо 25. Веројатно слична казна ќе добие и ПСЖ. Со финансискиот фер-плеј УЕФА почна во 2011 година, а пред крајот на оваа сезона најдетално истражуваат дваесетина клубови. Арсен Венгер одамна предупредуваше и на случајот за концесија на стадионот Етихад, каде се верува дека сумата е преплатена. “Се поставува правото прашање за веродостојноста на финансискиот фер-плеј. Ситуацијата околу Сити ни праќа порака...

Продолжи со читање

Од денес горивата поскапи за два денари

Post Views: 36 Бензините и дизел горивата од полноќ поскапеа за два денара по литар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 66,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 е 68,5, ЕУРОДИЗЕЛ-от (Д-Е V) 53,5, а Екстра лесното масло за домаќинство се продава за 42 денара за литар. Се зголеми и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и сега ќе чини 28,109 денари за килограм.

Продолжи со читање

Американскиот долар со највисока вредност од 2003 година

Post Views: 34 На светските девизни пазари вредноста на доларот кон кошничката на валути минатата недела достигна највисока вредност во последните 13 и пол години, бидејќи се очекува Федералните резерви на САД (ФЕД) да ја зголемат основната каматна стапка до крајот на годината. Односот на еврото кон доларот минатата недела падна за 2,5%, на 1,0590 долари, а во еден момент достигна вредност од 1,0567.Американската валута зајакна и во однос на јапонскиот јен на 110,90 јени, што е највисоко ниво во изминатите пет и пол месеци. Во изминатите две недели доларот во однос на јенот...

Продолжи со читање

Кога син на мафијаш командува, државата молчи и гледа

Post Views: 38 Веќе неколку години финалето на купот во Италија се игра во Рим. Сме виделе двобои помеѓу Јувентус и Наполи, дури и градско дерби помеѓу Рома и Лацио, но ниту едно од тие финалиња не предизвика хаос како она саботното. Едноставно, во Рим се најдоја четири групи кои меѓусебно, најблаго речено, не можат да се поднесат. Посебно е изразен анимозитетот, па дури и омраза, во триаголникот Рома-Наполи-Лацио, или воопштено на релацијата Рим – Неапол. Но да се разбереме, ниту виолетовите од Фиренца не се „цвеќе“. Имено, се започнало со тепачката помеѓу навивачите на...

Продолжи со читање

Управниот суд на потег за жалбите на партиите

Post Views: 34 До Управниот суд и ВМРО-ДПМНЕ поднесе тужба против решението на Државната изборна комисија со кое се уважи „скандалозниот приговор на подносителот, политичката партија движење Беса и се поништија резултатите од гласањето по листите на кандидати за избор на пратеници во Собранието на РМ, на гласачко место бр. 0396/1, во општина Гостивар, изборна единица 6″, соопшти партијата. Претходно, СДСМ најави дека поднеле четири тужби до Управниот суд што се однесуваат на гласањето во избирачки места во изборната единица 6. Управниот суд е должен да ги земе предвид...

Продолжи со читање

Земјотрес со магнитуда од 7,4 степени го погоди Нов Зеланд

Post Views: 33 Силен земјотрес го погоди Нов Зеланд. Според податоците на европската геолошка служба потресот е со јачина од 7,4 степени по Рихтер со епицентар на длабочина од 10 километри. Потресот се случил нешто по полноќ по локално време. Епицентарот е на 99 километри од Кристчрч, кој пред неколку години беше разурнат во земјотрес. Тогаш погинаа најмалку 185 луѓе, а потресот беше со магнитута од 6,3 степени по Рихтер. Потресот бил почувствуван и во градовите Велингтон и Чевиот. Се уште нема официјални информации за повредени и материјални штети. Жителите на Нов Зеланд на...

Продолжи со читање