Автор: инфодеск
Post Views: 130 Променливо облачно и студено со умерен до засилен северен ветер (над 60км/ч.). Претпладне претежно во западните и југозападните делови ќе има врнежи од дожд и снег во пониските и од снег на повисоките места и на планините, каде ќе се формира нова снежна покривка Попладне облачноста ќе се намали.Во Охрид минималните дневни температури од 1, а максималните до 5 степен Целзиусови. Поради спуштање на постудена воздушна маса од север денес претпладне врнежите на планините и на повисоките места ќе бидат од снег, при што ќе се формира нова снежна покривка...
Стружани денес оддадоа почит на жртвите од пожарот во Кочани
Post Views: 250 Во организација на Здружението „Аква“ денеска Во Паркот на поезијата во Струга им беше оддадена почит на жртвите од пожарот во дискотеката во Кочани.-Денеска, со длабока почит и солидарност, им оддадовме чест на жртвите од трагичниот пожар во Кочани. Младите и жителите на Струга, во тишина и со запалени свеќи, оддадоа почест на секој изгубен живот, споделувајќи болка и поддршка со нивните семејства, посочуваат од „Аква“.-Струга и стружани се со Кочани – во мислите, во срцата и во солидарноста!, велат од Здружението „Аква“ .
Ескалираа денешните протести во Кочани, низ болка и солзи граѓаните бараа правда
Post Views: 253 Граѓаните во голем број денеска излегоа на протестен марш низ Кочани на кој побараа одговорност за 59-те лица кои загинати во пожарот во дискотеката „Пулс“. Маршот почна од паркот во Кочани, оддавајќи им почит на починатите, а веднаш потоа протестираа извикувајќи „Убијци“, „Бараме правда“ и „Секој еден може да е следен“ и дојдоа до општинската зграда. Дел од присутните почнаа да ја каменуваат Општината, удираа по вратите и прозорците од објектот и го повикуваа градоначалникот Љупчо Папазов да излезе надвор.Гневни граѓани се собраа и пред полициската...
Струшките болници со заедничка акција за собирање на медицински материјали, помош за ГОБ „8 Септември“
Post Views: 294 ЈЗУ „Специјализирана болница за нефрологија“ – Струга заедно со ЈЗУ „Општа болница“ Струга, организираше акција за собирање на медицински материјали, како солидарна помош за ЈЗУ Градска општа болница „8 – ми септември“ Скопје, во која моментално се хоспитализирани повредените од трагичната несреќа во Кочани.Акцијата беше поддржана и од приватните аптеки во Струга, кои донираа значителни количини на медицински материјали, за што јавно им се заблагодаруваат на аптеките „ ВИА ФАРМ“ Струга и Охрид, „ПРИМА ВИТА“ и „МЕДИКА“ од Струга.-ЈЗУ Специјализирана...
Утре мирен собир на средношколците на плоштадот во Охрид
Post Views: 156 Утре, вторник, од периодот од 9.00ч до 12.00ч ќе има мирен собир на средношколци во Охрид на плоштадот, во организација на средношколците.-Ќе се палат свеќи и ќе се положи цвеќе како почит за настраданите во Кочани, се вели во нивното соопштение.Посочуваат и дека маршот не треба да ескалира во протест.Од ОСУ „Св. Климент Охридски“ тргнувајќи по ул. „Димитар Влахов“, сретнувајќи се со СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ низ чаршијата се упатуваат кон градскиот плоштад каде што ќе се оддаде почит на жртвите во несреќата во Кочани.Организаторите велат...
Во Црна Гора денес е Ден на жалост, утре во Бугарија и Србија
Post Views: 180 Поради трагедијата во Македонија, во која загинаа 59 лица, а над 150 се повредени, вторник, 18 март, во Бугарија е прогласен за Ден на жалост, соопшти бугарскиот премиер Росен Жељазков.– Во вакви моменти најважно е да се покаже навремена емпатија и солидарност. Бугарија е подготвена да прифати уште пациенти, изјави Жељазков.Министерот за труд и социјална политика на Србија, Немања Старовиќ, изјави дека утрешниот ден е прогласен за Ден за жалост во Србија.-Српската Влада ќе прогласи ден на жалост на територијата на цела Република Србија, тоа...
Тошковски: Пиротехниката во дискотеката ја донел бендот „ДНК“, а концертот бил „на диво“
Post Views: 160 На денешната прес конференција, министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски изјави дека пожарот во дискотеката настанал од употребата на пиротехнички средства кои се користеле за време на концертот. Пиротехниката ќе се вештачи и допра ќе се дознава дали тие имаат дозвола за користење.-Од извршен разговор со член на ДНК, пиротехничките средстава ги обезбедил бендот. Лицето за нивна употреба починало во несреќата. Распишаната потерница за четирите лица е повлечена и истите се обезбедени, рече Тошковски.Министерот денеска изјави дека системот во...
Градоначалникот на Кочани поднесе неотповиклива оставка поради морални причини
Post Views: 187 Градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов, денес поднесе неотповиклива оставка поради морални причини.Неговото соопштение го пренесуваме во целост:Почитувани сограѓани,Во овие најтешки мигови за нашата земја и за мене лично, сакам да соопштам дека поднесувам неотповиклива оставка од функцијата градоначалник на Кочани.Оваа загуба е огромна!Не постојат зборови што можат да ја опишат болката што ја чувствуваме сите. Тие деца беа наши деца. Ги познавав повеќето од нив, ги познавав и нивните семејства, а со дел од нив и семејни пријатели....
Таравари: Пациентите од пожарот во Кочани во генерално стабилна состојба, но компликации се очекуваат
Post Views: 213Таравари во денешниот прес изјави дека сите хоспитализирани пациенти се во стабилна состојба, надвор од државата се пренесени 51 повреден, но и дека има пациенти што и денеска се јавуваат во болница. Во клинички центар има 49 пациенти, во „8 Септември“ 18 пациенти, стара градска болница 17.-Во Турција се 9 пациенти, во Бугарија 14 и во Грција 5, во Србија 17 пациенти. Во Будимпешта се испратени двајца и во Литванија 4 пациенти. Денеска очекуваме уште неколку пациенти да бидат испратени надвор од државата, во Хрватска, Словенија, Австрија и 12 пациенти...
ЈЗУ Специјализирана болница за нефрологија – Струга и ЈЗУ Општа Болница Охрид ги ставаат на располагање своите ресурси за настраданите во Кочани
Post Views: 438 ЈЗУ Специјализирана болница за нефрологија – Струга информираат дека со сите свои ресурси се става на располагање за укажување на медицинска помош на повредените лица во трагичната несреќа во Кочани.Во нивното соопштение изразуваат длабоко сочуство и жалење до семејствата на жртвите во трагичната несреќа.И од ЈЗУ Општа Болница Охрид изразуваат сочуство до фамилиите и ја нудат нивната целосна поддршка – медицинска, психолошка и човечка. -Нашиот тим е подготвен да помогне секому што има потреба, велат тие.
Светите маченици Павле и Јулијана
Post Views: 160 Брат и сестра од Птолемаида Феникиска. Беа страшно мачени за Христа од царот Аврелијан и најпосле ги убија со меч. При нивните мачења се покажаа многубројни чуда. Незнабожците што ги видоа се обратија во верата, а некои од нив беа и убиени. Пострадаа во 273 година.
Променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд
Post Views: 141 Од УХМР информираат дека денес не очекува променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Ќе дува засилен ветер, во западните делови од западен, а во источните од северен правец. Попладне и во вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пообилен пороен дожд (над 20л/м2), грмежи и засилен ветер (над 60км/ч.). Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме.Температурите во Охрид во интервал од 8 до 11 степени Целзиусови. Поради спуштање на постудена воздушна маса од север во текот на ноќта кон вторник и во вторник...