Skip to main content

Автор: инфодеск

Проблемот со депониите може да се реши само со изградба на регионална депонија

Post Views: 14Депониите во југозападниот период сеуште се проблем за граѓаните и за животната средина. На депонијата Буково речиси постојано има пожари, а струшката депонија која е дива се наоѓа непосредно од првите куќи во градот и за истата се води и судски спор меѓу граѓански здруженија и општината. Пратеничката од ДОМ Маја Морачанин вели дека го гледа решението во изградба на регионални санитарни депонии. –Само депонијата Дрисла што е во скопскиот регион има А – интегрирана дозвола за работа која задоволува делумно од еколошките стандарди. Најблиску до...

Продолжи со читање

Нов инцидент на старите непријатели

Post Views: 11 Новиот грчки национачистички министер за одбрана го натера стариот непријател, Турција, да ги подигне борбените авиони бидејќи само неколку дена од превземањето на должноста ги прелетал ненаселените острови покрај турскиот брег поради кои во 1996 година овие две земји беа на работ од војна. Турските авиони влетале во грчкиот воздушен простор каде ги дочекале грчките, бидејќи министерот за одбрана Панос Каменос со челниците на грчката војска летале со хеликоптер над островот Имиа и фрлил венец во знак на сеќавање на тројца грчки офицери кои пред 19 години тука...

Продолжи со читање

Германија: Илјадници работници ја прекинаа работата

Post Views: 11 Илјадници работници во ноќните смени во германските фабрики ја прекинале работата минатата ноќ, протестирајќи поради неспремноста на работодавачите за зголемување на платите, објави IG Metall, најголемиот германски синдикат. IG Metall, кој брои 3,7 милиони работници, го одбил предлогот на работодавачите кои нудат зголемување на платите за 2,2% од 1-ви март. Синдикатот сака зголемување од 5,5% од почеток на годината, порачувајќи дека солидниот пораст во најголемото светско стопанство го оправдува барањето. Само во Северна Рајна Вестфалија повеќе од 3.000 работници...

Продолжи со читање

Facebook поголем од Кина

Post Views: 10 Facebook  ги објави финансиските резултати за последниот минатогодишен квартал кој ги развесели сите акционери и така најголемата социјална мрежа во светот ги надмина сите очекувања и предвидувања на берзанските аналитичари. Во споменатиот период отстварен е приход од 3,85 милијарди долари, што е зголемување од скоро 50% во однос на истиот период лани, додека за цела 2014 година отстварен е приход од 12,47 милијарди долари, што е 58% повеќе во однос на претходната година. Освен заработката, многу важен податок е и бројот на корисници на оваа мрежа – спрема...

Продолжи со читање

На повидок ново клупско натпреварување

Post Views: 8 Четворочлена делегација на Барселона на чело со Јозеф Бартомеу го посети седиштето на ФИФА и се состана со претседателот Џани Инфантино, а на дневен ред биле две точки: подобрување на односите помеѓу еден од најголемите клубови и светската фудбалска организација, а втората почеток на ново клупско натпреварување. Барса и ФИФА воопшто не комуницираа од казната која ФИФА им ја изрече на Каталонците поради неправилности при доведување на малолетни фудбалери. Но, во меѓувреме тогашниот претседател Сеп Блатер замина во историјата па се создадоа повторно услови за...

Продолжи со читање

Попушта ѕидот на молчење на мафијата

Post Views: 5 Ѕидот на молчење кој со десетлетија ја штити мафијата конечно попушти, дури и во внатрешноста на Сицилија, пишува Independent. Во Корлеоне, родното место на најозогласените кумови на Коза Ностра, кое го позајми своето име на мафијашката фамилија во филмовите на Копола, жртва на мафијашкото изнудување по прв пат во историјата соработувала со правосудните органи. Карабињерите го уапсиле локалниот шеф на мафијата и уште три лица, а апсењето следело откако неименована жртва, сопственик на автосалон, на полицијата им рекла дека не може повеќе да плаќа рекет од 500 евра...

Продолжи со читање

Тастатура која го препознава сопственикот

Post Views: 5 Американските и кинеските научници, заеднички развиле тастатура која го препознава начинот на пишување на нејзиниот сопственик и со тоа е унапредена конвенционалната компјутерска безбедност. Тастатурата која е развиена на технолошкиот институт во Џорџија и кинеската академија на науки може да го искаже фактот дека секој човек на тастатура пишува различно. Оваа интелегентна тастатура, наречена IKB, може прецизно да го идентификува корисникот (и натрапникот) во реално време врз основа на начинот на пишување. Тоа го прави со претворање на движењето по тастатурата во...

Продолжи со читање

Нападнати Facebook и Instagram поради што беа вон употреба еден час

Post Views: 9 Откако корисниците ширум светот не можеа да пристапат на своите профили на популарните социјални мрежи во медиумите се јави хакерската група Lizard Squad која ја превзеде одговорноста за нападот. Facebook и Instagram утрово беа недостапни ширум светот, а причина е наводно сајбер напад. Имено, групата Lizard Squad ја превзеде одговорноста за утринскиот напад на социјалните мрежи, пишува Daily Mail. Станува збор за страници кои имаат вкупно 1,5 милијарди корисници кои не беа во можност да пристапат на своите профили околу еден час. И покрај тврдењата на хакерите, Mark...

Продолжи со читање