Автор: инфодеск
Views: 694 На 22 мај 2026 година, во Ваљево, Србија, се одржа XII Меѓународен натпревар по мехатроника, инженерство и електротехника „Balkan Junior 2026“, на кој учество зедоа млади таленти од осум балкански држави.Голем успех постигна тимот од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ – Охрид, составен од учениците Анастасија Стефановска и Филип Кузески од III-4 клас, од образовниот профил електротехничар за компјутерска техника и автоматика. Под менторство на професорите Љупчо Балески, Јован Шикоски и Ангеле Буџакоски, учениците освоија трето место во силна конкуренција.-Овој значаен...
Свети Епифаниј, епископ Кипарски
Views: 218 Роден како Евреин, но кога ја виде силата на Христовата вера, се крсти заедно со сестра му, Калитропија. Во неговата дваесет и шеста година се замонаши во манастирот на Свети Иларион. Подоцна основа засебен манастир, од каде што се прочу по сета Палестина и по сиот Египет заради своето подвижништво, духовна мудрост и чудотворство. Бегајќи од човечка слава се оддалечи во Египет. На патот се сретна со великиот Пафнутиј, којшто му прорече дека ќе биде архијереј на островот Кипар. И навистина, по повеќе години, по Божја Промисла, Епифаниј дојде на Кипар, каде што ненадејно го избраа...
Денес сончево и топло
Views: 216 Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен северен ветер. Попладне претежно во јужните делови ќе има услови за локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.Денес во Охрид температурите ќе бидат во интервал од 11 до 23 степени Целзиусови.Од УХМР најавуваат дека во текот на оваа седмица времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови повторно се очекува локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во четврток.
Научна конференција во чест на Светите браќа Кирил и Методиј
Views: 228 Во рамки на чествувањата посветени на Светите браќа Кирил и Методиј денеска во Охрид започна научна конференција „Континуитетот на кирилометодиевската традиција изразен во Охридската книжевна школа“.Пред присутните се обрати Заменик градоначалничката на Охрид, Ана Крстеска. – Возвишено е чувството во древниот Охрид, колевката на писменоста и духовноста да се одржуваат вакви научни собири во моменти кога градот го дочекува сиот описменет Свет во Деновите посветени на големите Кирил и Метидиј. И...
Свежо цвеќе во чест на Светите браќа Кирил и Методиј
Views: 242 По повод 24 Мај – Денот на Сесловенски просветители Кирил и Методиј, делегација на Општина Охрид предводена од градоначалникот Кирил Пецаков денеска положи свежо цвеќе пред нивниот монументален споменик на кејот на Охридското Езеро.Во чест на Просветителите пред нивниот споменик се поклонија и бројни делегации на образовни институции и претставници на Владата на Република Македонија, чии централни чествувања по повод празникот се одржуваат и во Охрид.
Доделени признанија на најуспешните основци и средношколци во Охрид
Views: 241 Како дел од свечената програма за чествување на 24-ти мај, Денот на сесловенските просветители, претпладнево пред споменикот на Кирил и Методиј на Охридскиот кеј се одржа пригоден настан на кој беа доделени признанија на охридските ученици, кои оствариле високи резултати на државни и регионални натпревари.Пред бројните ученици, родители, наставници и делегации, свое обраќање имаше градоначалникот Кирил Пецаков.– На ова уникатно место, покрај нашето прекрасно езеро, каде што историјата, верата и просветителството со векови оставаат неизбришлива трага, имаме привилегија да...
Македонија ги слави светите рамноапостоли Кирил и Методиј, втемелувачи на словенската писменост и култура
Views: 270 Денеска во Македонија се одбележува Денот на сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј, кои се основоположници на словенската писменост и литература и се заслужни за културниот развој на сите словенски народи. Поради нивните заслуги за христијанството Светата црква ги прогласила за рамни на апостолите.Светите Кирил и Методиј родени се во Солун, во семејство на висок византиски службеник.Татко им Лев бил помошник на командантот на Солунската област, а мајка им Марија потекнувала од угледна фамилија. За двајцата браќа најважна е Моравската мисија, којашто е...
Честитка на градоначалникот Пецаков по повод Меѓународниот ден на Власите
Views: 206 Градоначалникот Кирил Пецаков упати честитка до Влашката заедница во Охрид и Македонија по повод Меѓународниот ден на Власите.-Почитувани припадници на влашката заедница, Ви упатувам срдечни честитки по повод Меѓународниот ден на Власите. Овој ден е потсетник на богатата традиција, култура и духовно наследство што Власите со векови го вградуваат во мозаикот на македонското општество. Во Охрид, град кој отсекогаш бил раскрсница на култури и идеи, влашката заедница има значајно место во општествениот, културниот и економскиот живот. Со својата посветеност, труд и љубов кон...









