Автор: инфодеск
Post Views: 6 Бродови опремени со сонари и детектори за сигнали од црните кутии тргнаа во потрага по остатоците на паднатиот Airbus A320-200 на компанијата AirAsia. Смирувањето на временските неприлики овозможија покренување на опсежна потрага по остатоците на паднатиот авион на AirAsia и црните кутии во кои би требало да се наоѓаат податоците кои ќе ги расветлат околностите и причините за несреќата која се случи во неделата на летот QZ8501. Бродовите ќе пребаруваат подрачје со големина од 5.400 квадратни километри. Каде беа пронајдени помали делови од авионот и десет тела од 162...
Пијалок против мамурлак и помошници кои ја намалуваат мачнината
Post Views: 14 Утрото после новогодишната прослава е синоним за мамурлак, кој на сите начини се обидуваме да го решиме. Најефикасни во тоа се малите пријатели од кујната во комбинација со вода. -Незаменлива и најздрава при борбата со дехидрираното тело, а со тоа и со мамурлакот, е водата. Сувото чувство во телото ќе се намали доколку пиете вода за време на прославувањето, а посебно следниот ден и тоа по ½ литар на секој час. -Утрото започнете го со лековит микс на вода и лимон, во ½ литар млака вода додајте свежо исцеден лимон, промешајте го и испијте го. -За окрепувачки...
Полнач за батерии во чевли
Post Views: 7 Компанијата The Sole Power Ensoles на купувачите им понудила услуга која досега се чинеше невозможна и која на сите би можела да им го олесни животот. Студентите од американскиот универзитет Carnegie Mellon во кикстартер кампањата собрале пари за својот проект и создале пренослив гаџет кој за еден час одење го полни паметниот телефон. Полначот е сместен во обувките, а делува така што кинетичката енергија добиена со линеарно одење ја претвора во ротирачко движење кое потоа го придвижува микрогенераторот на електрична енергија. Добиената енергија се собира во батерија...
Пронајден давеник во Охридско езеро
Post Views: 8 Вчера вечер ,околу 20.00 часот,во водите на Охридското езеро во непосредна близина на комплексот „Парк “ е пронајден удавен Гоце И. (46) од с.Живалево-Кратово. Истиот во 18.00 часот бил пријавен за исчезнат. Причините за овој настан засега се непознати, а повеќе информации се очекуваат во текот на денот.
Сопствениот ладилник може да ве труе
Post Views: 6 Ладилникот е уред од кои се закануваат многу опасности и секако треба да се следат правилата на кои треба да се придржуваме во ракувањето со него. Имено, доколку не се води грижа за него, тој навистина може да биде трујач на вашето здравје, сметаат експертите. Стотици бактерии, како salmonella и Escherichia coli се закануваат од ладилникот. Ова се начините на кои ве труе вашиот сопствен ладилник. -Свежо месо на горната полица – Откако месото ќе го извадите од замрзнувачот не е паметно да го оставате на најгорната полица од ладилникот. Имено, одмрзнатата вода тогаш...
Судар на бродови на северот од Јадран
Post Views: 7 Трговски брод кој пловел под турско знаме доживеа бродолом на северот од Јадранското море во близина на италијанското пристаниште Равена, по сударот со друго пловило во немирното море, известуваат локалните медиуми. Бродовите на крајбрежната стража биле на местото на несреќата и спрема првите информации членовите на екипажот на несреќниот брод се сметаат за исчезнати. Премиерот Матео Ренци, на Twitter потврдил дека во близина на Равена имало судар во кој учествувал турскиот брод и најавил дека владата набрзо ќе излезе со нови информации. До несреќата дошло додека...
Сообраќаен колапс во Франција и Велика Британија
Post Views: 8 Ниски температури и обилни снежни врнежи предизвикуваат бројни проблеми во сообраќајот во големи делови на Велика Британија и Франција, известуваат медиумите. BBC го пренесува предупредувањето на метеоролошката служба за голомразица, имајќи во предвид дека ширум Британија температурата е под нулата. Мразот зафатил големи делови од таа земја, а поради обилните врнежи од снег и меќава за сообраќај се затворени бројни патишта и некои аеродроми, а илјадници луѓе морале да го прекинат патувањето, наведува британски Telegraph. Снегот и мразот ја погодија северот и...
Пожар на траект со 466 патници на релација Грција – Италија
Post Views: 11 Во тек се меѓународни спасувачки напори по силен ветар и големи бранови откако избил пожар на италијански траект кој превезувал 466 патници и членови на екипажот кој патувал од Грција кон Италија, а капетанот на бродот наредил евакуација, изјавиле официјални лица. Патниците кои ја повикале грчката телевизија дале драматични сведоштва за состојбата на бродот по избивањето на пожарот денес рано наутро додека пловел од Патрас, западна Грција кон Анкона во Италија. “Се обидувавме да ги спуштиме чамците за спасување, но не можевме сите да се собереме во нив. Нема...