Skip to main content

Автор: инфодеск

Иницијатива “Плати ако можеш”

Post Views: 8 Британецот Adam Smith од Лидс, кој е зачетник на иницијативата, а која е прифатена во целиот свет, со која “несаканата” храна од супермаркетите и дуќаните  ја употребува за потребите на сиромашните, може да биде задоволен од досегашниот развој на својата племенита акција. Како што пишува Independent, 29-годишниот кувар за гостите на својот локал прави варива, супи и колачи, а како намирници ги користи производите кои дуќаните и супермаркетите би ги исфрлиле иако се сеуште употребливи. Што се однесува до плаќањето, гостите на овој специјален ресторан можат  да платат...

Продолжи со читање

Мајонез без јајца конкуренција на Hellman’s

Post Views: 24 Угледните фондови Horizonts Ventures и Khosla Ventures, извршниот директор на технолошката компанија Saleforce, Marc Benioff и соосновачот на Facebook, Eduardo Saverin одлучиле да вложат 90 милиони долари вo start-up компанијата Hamptons Creek која произведува мајонез кој не содржи јајца. Компанијата е основана пред три години, а холандскиот џин Unilever, во чие сопствеништво е познатиот бренд Hellman’s, се откажал од тужбата спрема малиот конкурент во моментот кога се појавиле угледни инвеститори, но се одлучиле на друг начин на борба – преку регулаторните тела и...

Продолжи со читање

Официјален Пекинг нуди една милијарда долари за Ливерпул

Post Views: 6 Англискиот фудбалски прволигаш Ливерпул сака да го купи кинеската компанија China Everbright зад која стои кинеската влада, пренесува Business Insider. Кинезите наводно понудиле 800 милиони фунти, односно една милијарда долари. Како што пишува Sunday Times, разговорите помеѓу кинескиот инвеститор и сопственикот на клубот, американската компанија FSG, се одвиваат веќе извесно време. FSG го купи Ливерпул во 2010 година за 300 милиони фунти. Претседателот на клубот Tom Werner признал за агенцијата AFP дека FSG е “отворен за идејата за продажба на уделот”.

Продолжи со читање

Видео: Паметни рачки за велосипед

Post Views: 7 Да се возите на велосипед и да гледате во својот паметен телефон за да следите навигација не е паметна идеја, но овие момци се сетиле на една поинаква метода, а тоа е да вградат паметни рачки за велосипед. Имено, се работи за влошки кои се ставаат во внатрешноста на рачките и содржат технологија која ќе ви овозможи побезгрижно и полагодно возење на велосипедот. Рачките се спојуваат преку Bluetooth со мобилниот телефон и се поврзуваат со апликација со која е можно да ја следите локацијата на вашиот велосипед ако во некој случај заборавите каде сте го оставиле. Исто...

Продолжи со читање

Најдобра година за Zuckerberg и Facebook

Post Views: 5 Во првите месеци од излегувањето на Facebook на берза, кога цената на акцијата падна под 20 долари, некои аналитичари веќе го отфрлија Zuckrberg и неговата социјална мрежа, а во исто време акционерите одлучија да поднесат тужби против основачот на компанијата. Тие тешки времиња се зад Zuckerberg кој на крајот на 2014 година има “милијарди” причини за задоволство, а една од причините е и цената на акцијата, односно вредноста на неговата компанија која вчера достигна најголема вредност од излегувањето на берза. Спрема информациите на Yahoo Finance цената на акцијата...

Продолжи со читање

По Sony Pictures, мета на хакерите била нуклеарка

Post Views: 9 Компјутерските системи на нуклеарната електрана се хакирани, соопштила компанијата која управува со електраната, со што предизвикала голема загриженост од аспект на безбедноста на нуклеарните постројки во земјата која технички и понатаму е во војна со Северна Кореја. Јужнокорејската компанија KHNP и владата соопштиле дека хакерите украле само “неважни” податоци и дека не се загрозени нуклеарните постројки. Веста за хакирањето на компјутерските системи во Јужна Кореја дошла во време кога САД ја обвини Северна Кореја за разорен кибернетички напад на Sony Pictures....

Продолжи со читање

Внимание: Ова е новиот вирус кој се шири на Facebook

Post Views: 6 На социјалната мрежа Facebook се појави вирус кој моментално претставува закана бидејќи може да ги загрози вашите профили. Најпрво добивате нотификација дека некој  ваш пријател, со уште неколкумина сајбер пријатели сте означени на одреден линк кој се активира штом кликнете на него. Овој вирус моментално е мошне актуелен, а на Facebook бројот на “заразени” профили расте од минута во минута па затоа бидете внимателни. Ако ви пристигне нешто од овој тип, никако не кликајте на линкот на кој сте означени бидејќи во прашање е таканаречен “порно вирус”. Вирусот изгледа...

Продолжи со читање

Големи пропусти во безбедносниот систем на аеродромот во Франкфурт

Post Views: 7 Истражување под покровителство на Европската унија открило големи пропусти во безбедносниот систем на аеродромот во Франкфурт, најголем во Германија, каде оружје неприметено ја  поминало контролата на патниците, известува германскиот весник Bild Am Sonntag. Лошата обука е главната причина на тие пропусти, спрема тајната истрага која е спроведенa по иницијатива на Европската унија, открива весникот. Еден од двајца инспектори успеал да пренесе оружје и опасни супстанци низ безбедносната контрола на патниците. Извештајот на ЕУ предупредува на очигледната неспособност...

Продолжи со читање