Skip to main content

Автор: инфодеск

Дали педесетгодишниот дрворед на улицата „Кузман Капидан“ ќе се исече?

Post Views: 10Група граѓани, жители на ул. „Кузман Капидан“ до Градоначалникот, Секретарот, Советот на Општина Охрид, Инспекциските служби, како и до Комисијата за превземање на мерки и активности за отстранување на дрва на територијата на Општина Охрид, доставиле барање за ургентно санирање на дрворедот на оваа улица. Во барањето се наведува дека дрвата се стари 60-70 години и дека некои од нив се исушени, деградирани и енормно високи. Граѓаните предлагаат да се исече целиот дрворед и да се засади нов, а целиот простор хортикултурно да се уреди, како и да се постават клупи...

Продолжи со читање

Незапирливиот Усеин Болт на чекор до историја

Post Views: 7 При слаб дожд, Усеин Болт во финалето на 200 метри го повтори резултатот од полуфиналето (19.78) што му беше доволно за уверлива победа. Никој од конкурентите не се спушти под 20 секунди, а на најдобриот светски спринтер на сите времиња најмногу му се доближи Канаѓанецот Андре Де Грас (20.02) и Французинот Кристоф Ламетр (20.12) кој го осветли образот на европскиот спринт освојувајќи бронза. Американците повторно останаа без медал, како и во Лондон, каде Јамајчаните го покорија светот освојувајќи ги сите три места на победничиот пиедестал. Во Рио го оставија Болт...

Продолжи со читање

Најубав двор во Охрид

Post Views: 13 ЖЦ „Бисера“ и годинава ја спроведе оваа акција која станува традиционална. Сребра и Перо Тодороски после 42 години работа во Германија пред шест години се вратиле во Охрид и создале едно прекрасно катче за живот. Нивниот дом се наоѓа на периферијата на градот, на ул. „Петрино“ бр.57. Нема патник намерник кој поминува тука да не подзастане за да се восхитува на нивниот прекрасен двор. Поплочени патеки, многу цвеќе, трендафили, сардели, убаво обликувани зеленики, прекрасна фонтана се дел од ова оплеменето парче земја. Сребра вели дека сето тоа се должи на нивниот...

Продолжи со читање

Русија се заканува со освета

Post Views: 11 Русија, пред состанокот на шефовоите на дипломатиите на Русија и САД, запретила со освета кон САД поради носењето на законот кој допушта наметнување на нови санкции кон Москва поради мешањето во конфликтот во Украина. Американскиот државен секретар Џон Кери и неговиот руски колега Сергеј Лавров треба да се состанат денес во Рим. Лутината на Москва ја предизвика текстот кој го изгласал Конгресот, а именуван е како “чин за поддршка на слободата на Украина” кој беше донесен едногласно во двата дома на американскиот Конгрес. Во текстот се допуштаат нови санкции против...

Продолжи со читање

Пет работи кои не е пожелно да бидат на социјалните мрежи

Post Views: 4 Експертот за безбедност Andy O’Donnell на about.com, дал неколку совети за тоа што не е добро да се открива на социјалните мрежи. –Датум на раѓање – Знаејќи го овој и уште 3-4 податоци лесно може да ви се случи некој да го превземе вашиот идентитет. Доколку не сте опседнати со тоа луѓето да ви го честитаат роденденот, изоставете  ја барем годината на раѓање и така ќе им ја отежните работата на крадливците на идентитет. –Домашна адреса – Со објавување на овој податок, превземате голем ризик. Во случај да објавите и кога сте на годишен одмор, арамиите нема...

Продолжи со читање

Пиењето алкохол сеуште мистерија за човештвото

Post Views: 10 Пиењето алкохол можеби е една од последните големи мистерии на човештвото која еден тим на истражувачи се обидела да ја разреши. Навистина, зошто човекот почнал да пие алкохол? “Сите аспекти на модерниот начин на живеење, од болките во грбот до претераното земање на шеќер, се резултат на историјата на човечката еволуција”, навел палеонтогенетичарот Matthew Carrigan, лидер на истражувањето и професор на колеџот во Санта Фе на Флорида. “Се обидовме да дознаеме повеќе за односот човек – етанол, психотропна супстанца која се наоѓа во сите алкохолни пијалоци”, рекол тој...

Продолжи со читање

Мурињо најбрзо ја проби магичната граница

Post Views: 7 Ниту Фергусон, ниту Венгер, туку харизматичниот португалски тренер, Мурињо, ја испиша новата страница во историјата на англискиот фудбал. Неговиот Челзи во саботата славеше против Хал Сити со 2-0, а Мурињо како менаџер на клубот од Стенфорд Бриџ (по втро пат во кариерата) го освои 400-от бод во 174 натпревари на Премиер лигата. Ниту Сер Алекс Фергусон, а ниту Арсен Венгер не успеаа да соберат толку бодови во толку “малку” натпревари. Фергусон како менаџер на Манчестер Јунајтед му требаа 191 натпревар да освои 400 бода, додека на Венгер на клупата на Арсенал му...

Продолжи со читање

Facebook ја воведува долгоочекуваната опција “dislike” ?

Post Views: 9 Mark Zuckerberg, основачот на моментално најпопуларната социјална мрежа, размислува за воведување на новата “dislike” опција. На конференција во Калифорнија тој рекол дека е тоа една од најбараните опции од корисниците. Луѓето кои имаат профил на оваа социјална мрежа сакаат да изразат несогласување со некоја вест, фотографија, видео запис или статус. “Една од работите за која многу размислуваме е – кој е правиот начин луѓето да изразат што повеќе емоции”, рекол Zuckerberg. “Луѓето на Facebook често споделуваат и тажни моменти на својот живот па на многумина не им е...

Продолжи со читање