Автор: инфодеск
Post Views: 230 Српската железничка компанија „Србијавоз“ соопшти дека поради анонимна дојава за експлозивни направи поставени во меѓуградските возови, денеска го прекинува железничкиот сообраќај низ Србија.-Србијавоз ги известува корисниците на услугата дека на 14 март 2025 година, во 01:39 часот, примен е повик со анонимна дојава дека во меѓуградските возови се поставени експлозивни направи. Од безбедносни причини, принудени сме привремено да го прекинеме сообраќајот на сите меѓуградски возови за да ги заштитиме животите на патниците и возот, се вели во...
Градските советници денес ќе ја одржат 54. седница
Post Views: 128 Денес ќе се одржи 54. седница на Советот на Општина Охрид.Седницата ќе се одржи во зградата на Општина Охрид со почеток во 09:00 часот со следниот Дневен ред:Усвојување на Записникот од 53. седница1. Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за финансиското работење и Годишната сметка за 2024 година на ООУ „Христо Узунов“ – Охрид.2. Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за финансиското работење и Годишната сметка за 2024 година на ООУ „Григор Прличев“ – Охрид.3. Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за финансиското работење и Годишната сметка...
Преподобна маченичка Евдокија и Света маченичка Антонина
Post Views: 143 Преподобна маченичка Евдокија \ивееше во феникискиот град Илиопол, во времето на царот Трајан. Беше прво голема развратница, а потоа покајничка, испосничка и најпосле маченичка. Со развратниот живот имаше собрано големо богатство. По Божја Промисла, пресврт во нејзиниот живот беше направил некој стар монах Герман, и тоа не сакајќи. Дојден по работа во градот, отседна кај еден христијанин чија куќа граничеше со куќата на Евдокија. Кога ноќе тој според својот обичај почна да чита од Псалтирот и од една книга за Страшниот Суд, Евдокија го слушна и ја обзеде таков...
Денес е Летник
Post Views: 160 Летник се празнува секоја година на 1 март по стар календар и е поврзан со враќањето на птиците преселници од јужните краишта во Македонија. Овој празник всушност во народните верувања е празник за почеток на пролетта односно летниот период, периодот на цутењето на пупките на дрвјата и почетокот на земјоделските работи. Поради ова негово значење, празникот често е квалификуван и како празник за почетокот на годината во смисол на активниот работен период од годината.Празникот најчесто се празнува во Западна Македонија, односно во Галичник и Мијачијата, Голо...
Сончево и топло со умерен ветер од јужен правец
Post Views: 149 Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, наместа засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).Минималните температури од 6, а максималните до 19 степени Целзиусови.Во недела локално, а во понеделник на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, краткотрајно во форма на невреме. Во вторник се очекуваат локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува засилен северен ветер и дневните температури ќе опаднат за 7 до 10 степени.
Одлука за спроведување стратегиска оцена на урбанистичкиот план за изградба на линиска инфраструктура КО Долно Лакочереј
Post Views: 145 Врз основа на член 65 став(6) од Законот за животна средина („Сл.весник на РМ “ бр.53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 42/14, 44/15, 129/15, 39/16 , 99/18, 89/22 и 171/22 ), Општина Охрид, на ден 06.03.2025 година, донесе:ОДЛУКА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА СТРАТЕГИСКА ОЦЕНА ЗА ПЛАНСКИОТ ДОКУМЕНТ УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН ОПФАТ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА ИЗГРАДБА НА ЛИНИСКА ИНФРАСТРУКТУРА- ПРИСТАПЕН ПАТ НИЗ КП 1 И КП 80/51, КО ДОЛНО ЛАКОЧЕРЕЈ-ВОН ГРАД.Повеќе информации на линкот.
Уште не отворен, адреналинскиот парк веќе со знаци на уништување
Post Views: 471 Иако минатата година градоначалникот Кирил Пецаков го најави отворањето на најголемиот рекреативно-авантуристички парк во Југоисточна Европа токму во Охрид, на местото на поранешната Касарна, по се изгледа, уште неотворен, адреналинскиот парк веќе започна да се распаѓа. Местото каде што беше предвидена изградба на два типа адреналински паркови, еден за деца од училишна возраст, а другиот за возрасни лица, по се изгледа нема да го види светлото на денот.Наши сограѓани кои често поминуваат во близина на местото на адреналинскиот парк ни ги испратија...
Дали процесот за изградба на регионална депонија се враќа на почеток?
Post Views: 166 Дали процесот за изградба на регионална депонија се враќа на почеток откако битолчани се изјаснија против тоа истата да им е лоцирана во нивната општина?Советот на Општина Битола вчера на вонредна седница, едногласно го изгласа заклучокот со кој бара од Владата да ја промени локацијата за изградба на регионална депонија, која според планот треба да се изгради во Новаци. Претходно Општина Новаци го прифати предлогот на нејзина територија да се гради регионална депонија за потребите за одложување и преработка на сметот од 18 општини во југозападниот и...
СВР Охрид ги едуцира средношколците за безбедно користење интернет и дигитални платформи
Post Views: 203 Во периодот од 03 до 11. 03. .2025 година, отсекот за превенција при СВР Охрид реализира повеќе едукативни кампањи на подрачјето на Охрид.Пред учениците и наставниците од наставничкиот совет при електро-машинскиот училишен центар „Св. Наум Охридски”, беа одржани типизирани едукативни предавања на тема „Безбедно користење интернет и дигитални платформи” при што, низ инерактивна комуникација, покрај за позитивните страни на интернетот, се дискутираше за погрешните намени, за формите на злоупотреба пред се на децата и младите, за облиците на...
Лилјана Стоилковска утре во Охрид гостува со монодрамата „Љуба“
Post Views: 303 Утре, петок од 12.00 часот во Големата сала на Општина Охрид гостува Лилјана Стоилковска со перформансот на монодрамата „Љуба“ од позната македонска писателка Ката Мисиркова – Руменова.Лилјана Стоилковска, познатата поранешна спикерка од МРТВ, актерка, пејач и писателка, член на Друштво на писатели на Македонија, вели дека со премиерата на монодрамата во Скопје а сега и со изведбите низ цела држава го исполнува аманетот од авторката Мисиркова – Руменова.Сценариото и режијата се на Стоилковска, а говор за писателката ќе одржи д-р Васил Тоциновски....
„Д Фестивал“ после 14 години од Дојран се сели во Штип
Post Views: 207 „Пасворд продукција“, организатор на еден од најголемите фестивали во државава – Д Фестивал, кој со години се одржува во Дојран, соопшти дека оваа година фестивалот ќе се одржи покрај реката Брегалница, во Штип.-По години магични изгрејсонца, музика под ѕвездите и слобода на брегот на Дојран, време е за ново поглавје. Со срце полно љубов и почит, кажуваме огромно БЛАГОДАРАМ на прекрасните Дојран и дојранчани за сите незаборавни моменти, за гостопримството со кое својот град го направија местото каде што од 2011 година нашите соништа се спојуваа со...
Денес предавање за метеорологијата
Post Views: 158 Од ОСУ „Св. Климент Охридски” информираат дека професор д-р Владо Спиридонов, редовен професор по метеорологија на Институтот за физика при ПМФ, во Гимназијата ќе одржи предавање за значењето на метеорологијата како научна гранка на физиката.-Преку теми како моделирање на атмосферата, екстремни временски настани и нумерички симулации, тој ќе нè запознае со важноста на оваа област при соочување со климатските промени, додаваат во нивното соопштение.Предавањето ќе се одржи денес, 13 март 2025 година (четврток) во 11 часот во Гимназијата...