Skip to main content

Автор: инфодеск

Нов пад на цената на суровата нафта

Post Views: 8 Цената на суровата нафта денес падна на најниско ниво во последните четири години на пазарот во Лондон пред министерскиот состанок на членките на Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC). Барел сурова нафта за испорака во февруари чини 76,49 долари, а барел “brent” нафта чини 78,76 долари.Цените паѓаат под влијание на шпекулациите дека OPEC на денешниот состанок во Виена нема да донесе одлука за намалување на производството, пренесува TASS. Светските цени на нафтата се намалени за скоро 30% во последните шест месеци. Играчите на пазарот претпоставуваат...

Продолжи со читање

Нов производ на Google кој ќе помогне на многумина

Post Views: 10 Најновиот производ на Google се чини е многу едноставен за компанија која рзвива автомобил кој се вози самостојно, но би можел да го смени животот на многу луѓе на едноставен начин, пишува Metro. Станува збор за лажица која помага при тресење на рацете, односно на лицата кои се борат со болести како што е Перкинсоновата болест. За развојот е заслужна компанијата Lift Labs која ја купи Google во септември за необјавена сума на пари. Помагалото користи стотици алгоритми за да може да реагира на раката која се тресе, а потоа се прилагодува за да може лицето кое ја...

Продолжи со читање

Видео: Расните конфликти се шират во САД

Post Views: 15 Двајца агенти на FBI се ранети во Ст.Луис откако на нив е пукано од една куќа. Нападот е поврзан со немирите во Фергусон, известува Reuters. Агентите биле пратени во Ст.Луис по дојавата дека едно лице се забарикадирало во една куќа. Нивните повреди не се опасни по живот. Околу 2000 припадници на националната гарда се пратени на подрачјето на Ст.Луис за да помогнат на тамошната полиција во сузбивањето на нередите до кои дошло откако судот го ослободи од обвинението полицаецот Дарен Вилсон кој го уби ненаоружаниот тинејџер. Протестите се проширија во неколку градови...

Продолжи со читање

Видео: Првиот трејлер за Jurassic World со огромен интерес

Post Views: 12 Во 1993 година Steven Spielberg го режираше Jurassic Park кој предизвика неверојатно внимание кај публиката што во експресно време стана најуспешен филм на сите времиња, заработувајќи 920 милиони долари во кината ширум светот. Првото место меѓу комерцијалните филмови го држеше дури 4,5 години, а моментално е на деветто место меѓу најуспешните на сите времиња. По првенецот, снимени се уште две продолженија во релативно краток рок, во 1997 и 2001 година. На таа трилогија застана сѐ, но Spielberg заедно со екипата одлучи по 22 години од успешниот првенец да претстави...

Продолжи со читање

Идни чувари кои ќе се грижат за безбедноста

Post Views: 12 Пред неколку години Јужна Кореа најави дека за безбедноста во нивните затвори ќе се грижат роботи кои ќе внимаваат на затворениците, а на почетокот на овој месец на настанот “Rise of the robots”, Microsoft прикажа чувари кои ќе се грижат за безбедноста во иднина. Тие чувари – роботи изгледаат како мали вселенски бродови,  ги коментирале К5 роботите на PC Mag, а ги движат компјутери со напредна вештачка интелегенција која следи сѐ што се случува, и ако е потребно превзема акција. Роботите ги развила американската компанија Knightscope и се опремени со 4 HD камери,...

Продолжи со читање

Намирници кои не заслужуваат да бидат на црната листа

Post Views: 6 Многу пати сме чуле дека храната како што е сирењето, смрзнатиот зеленчук и црвеното месо не е здрава, но тие намирници неправедно ги следи лошата репутација бидејќи содржат хранливи материи кои можат да придонесат во чувањето на здравјето. Сирење – Конзумирањето на млечни производи, вклучувајќи го и сирењето, помага во намалување на нивото на шеќер и крвниот притисок. Кај луѓето кои секојдневно конзумираат полномасни млечни производи, исто така постои помал ризик од развивање на дијабетис тип два. Од друга страна, млечните производи со помала масленост немаат...

Продолжи со читање

Работи кои можеби не сте ги знаеле за дезодорансите

Post Views: 8 Борбата со непријатниот мирис на пот трае уште од стариот Египет – Ублажувањето на мирисот под пазувите било потфат со кои се соочувале и старите Египќани, така што тие правеле миризлива вода конкретно наменета за ублажување на мирисот на пот. Првиот дезодоранс во продажба е пуштен во 1888 година и го носел името “Mum”, и се продавал како крема во тегличка и се нанесувал на прстите. Петнаесет години подоцна се појавил и првиот антиперспирант наречен “Everdry”. Дезодорансот убива бактерии – Интересно е тоа дека потта е без мирис, а непријатен мирис се ствара поради...

Продолжи со читање

По интернет се шири еден од најсофистицираните вируси

Post Views: 11 Компанијата Symantec, која се занимава со безбедност, открила нов и многу напреден вирус наречен Regin кој го опишуваат на следниот начин: “Комплексноста на овој вирус чија структура прикажува степен на техничка компетенција која е ретко видена”. Иако малку се знае за новиот вирус и се нагаѓа дека истиот е развиен од американската влада или Кина, за да ги следат компјутерите на корисниците кои имаат инсталиран Windows од Microsoft. Вирусот е во можност да украде шифри, да го слика екранот и да враќа избришани датотеки. Од Symantec велат дека за развојот на овој...

Продолжи со читање