Автор: инфодеск
Post Views: 36 Градот Kaitangata на Нов Зеланд покрена голема кампања за да привлече луѓе кои ќе сакаат таму да живеат и работат. Се работи за место кое има само 800 жители, а 1000 нови работни места кои нема кој да ги потполни. Градот за новите жители осигурал домови за изнајмување или купување со соодветно земјиште по акциски цени. Сите заинтересирани ќе добијат помош од локалната заедница, банкари и правници за преселбата да биде со што помалку проблеми. “Невработеноста ја намаливме на два, но не се тоа проценти туку две лица. Во градот живеат само две невработени...
Од утре започнува летно сметање на времето
Post Views: 38 На 27-ти Март (недела), во 2 часот наутро Република Македонија ќе премине на летно сметање на времето. Истото ќе заврши на 30-ти Октомври во 3 часот, кога повторно ќе се премине на зимското, реално време. Стрелките на часовникот во недела треба да се поместат еден час напред и наместо 02 да означуваат 03 часот. Во Европа, во 1996 година договорено е преминувањето од зимско кон летно сметање на времето и тоа да се прави во последната недела (недела како ден) од месец март, точно во 1 часот наутро според Универзално време (UT). Тоа значи дека доколку кај нас...
Дожд претвори стадион во џиновска када
Post Views: 35 Стадионот Mingtang, гордоста на кинескиот град Ezhou, е претворен во џиновска када благодарение на обилните врнежи кои ја погодија таа држава. Водата се искачила до таа мерка што буквално ги прекрила головите, а локалните медиуми напоменуваат дека стадионот никогаш не страдал толку од елементарни непогоди во триесет години откако бил изграден. Ситуацијата со поплавите во Кина е до толку страшна што последните податоци говорат дека ширум земјата смртно настрадале 186 лица, а по 45 се трага, односно дури 1,5 милиони луѓе се евакуирани од нивните домови.
Британската валута ја губи битката со светските валути
Post Views: 39 Иако пазарот на капитал во Велика Британија се опорави по објавувањето на резултатите за излез од Европската унија, валутата која Британците сакаа да ја зачуваат со Brexit, ја губи битката во големата војна на светските валути. Таа и понатаму во однос на доларот е во минус од 11%, додека еврото во однос на фунтата зајакна за 9,5%. Аналитичарите велат дека тоа не е крајот туку фунтата ќе паѓа и до крајот на годината и ќе вреди 1,25 долари, што е најниска вредност во последните 40 години. Експертите објаснуваат дека акциите се опоравиле поради тоа што британскиот...
Словенија: балканската рута веќе не постои
Post Views: 38 Словенија од полноќ повторно во целост го применува Шенгенскиот договор на својата граница со Хрватска, јавува словенечката агенција СТА. Агенцијата додава дека тоа е во согласност со затворањето на договорот за балканската мигрантска рута, кој беше постигнат на самитот ЕУ – Турција во понеделникот. Словенечката полиција им дозволува влез во земјата само на странците со валидни патни исправи, потоа на лицата кои ќе изразат желба да побараат меѓународна заштита и на поединците на кои им е потребен хуманитарен третман. Словенечкиот премиер Миро Церар по самитот...
Хојт Ји: Секој кој е одговорен за кризата да одговара
Post Views: 36 „Минатиот април кога бев тука политичката криза беше на почеток и беше предизвик на кој соработувуваме заедно за да се постигне напредок за излез од кризата. Задоволен сум поради тоа што се случија доста позитивни чекори, како што беше Договорот од Пржино. Разговаравме за имплементацијата на договорот, а тоа ги вклучува и изборите. САД и ЕУ продолжуваат со поддршката за владата, партиите и инстуциите да можат да обезбедат изборите на 5-ти јуни да бидат слободни, фер и кредибилни. И даваме поддршка на ДИК, како и совети до институциите и владата околу тоа како...
Ердоган отвори еден од најголемите висечки мостови во светот
Post Views: 41 Турско исламско-конзервативниот претседател Реџеп Таип Ердоган во четвртокот го пушти во промет еден од своите мега проекти, мостот во заливот Izmit, на северозападот од земјата, кој е воедно најголемо градилиште кое некогаш е покренато во Турција пред три години. Мостот е наречен Osman Gazi, по името на султанот Osman I. , се наоѓа на Мраморното море, и е еден од најголемите висечки мостови во светот од 3 км и е составен дел од главната делница на автопатот Gebze-Orhngazi-Izmir, долг 433 км. “Требаше да биде изграден пред 50 години, но сега конечно го...
Тежок пад во Сочи
Post Views: 37 За време на натпреварот во нордиска комбинација, поточно во првата дисциплина скијачки скокови, Јапонецот Тајхеј Като се повредил кога незгодно скокнал и лошо се приземјил. Като е однесен на носила од големата скокалница кога при доскокот ја изгубил левата скија и доживеал тежок пад при што тешко го повредил левиот лакт. Като бил свесен кога му се укажувала помош, но очигледно било дека имал големи болки. За сега не е соопштено дали јапонскиот натпреварувач ќе може да го продолжи натпреварувањето во нордиска комбинација, поточно дали ќе може да учествува во трката...







