Skip to main content

Автор: инфодеск

Уапсен е еден од најбараните италијански мафијаши

Post Views: 37 Еден од најбараните италијански мафијаши Ernesto Fazzalari, втор човек на калабриската мафија “Ndraghete”, е уапсен денес по 20 години бегство, објавија италијанските власти. Ernesto Fazzalari (46), кој е во отсутност осуден на доживотна робија, е уапсен рано утрово во зафрлен крај на Калабрија. Тој беше во бегство од 1996 година, а три години подоцна е осуден за мафијашко здружување, киднапирање, поседување на оружје и двојно убиство во конфликт на кланови во кои се убиени 32 лица во неговиот роден град Taurianova помеѓу 1989 и 1991 година. Италијанскиот...

Продолжи со читање

Јаја Туре го шокира Сити

Post Views: 46 Играчот за врска на Манчестер сити, изјавил дека не сака да игра птотив својот екс клуб Барселона. Имено, Манчестер Сити во вторник на својот Етихад игра против Барселона во првиот натпревар од осминафиналеето на Лигата на шампиони. „Не ми е едноставно, затоа што не сакам да играм против Барселона. Таму имам многу пријатели кои ми помогнале и сеуште ми помагаат. Уште потешко ќе ми биде на Ноу Камп пред домашните навивачи во друг дрес“, рекол Јаја Туре, кои три години играше за Барселона.  

Продолжи со читање

Шкотска става вето на “Brexit”?

Post Views: 41 Премиерката на Шкотска, Никола Стерџон денеска во интервју за BBC, изјави дека шкотскиот парламент би можел да се обиде да стави вето на “Brexit”, односно да го блокира излегувањето на Обединетото кралство од Европската унија.Стерџон вели дека е уверена дека ќе биде потребна согласноста на официјален Единбург во однос на прашањето за “Brexit”, заради што, како што изјави уште утре ќе побара од Парламентот на Шкотска да не ја даде својата законодавна согласност за излегување на Британија од Унијата. Поголемиот број од граѓаните на Шкотска...

Продолжи со читање

Саботажа во трка на игрите во Сочи

Post Views: 38 Тренерот на канадскиот тим во санкање Волфганг Штаудингер ги обвини Русите дека ги саботирале неговите избраници во трката во санкање. Канаѓаните го завзедоа четртото место во таа конкуренција, зад неприкосновените Германци, Руси и Летонци. „Го имавме среброто во раце во горниот дел од патеката, но како одевме надолу бевме се поспори и поспори, и тоа беше јасен знак дека некој значително ја успорил патеката“, рекол Штаудингер. Температурата на патеката за санкање се контролира, така да, можно е, само да се зголеми температурата и патеката да се успори. Штаудингер...

Продолжи со читање

Потонаа финансиските пазари по Brexit

Post Views: 41 На Wall Street во петокот цените на акциите потонаа повеќе од 3%, што е нивни најголем дневен пад во последните 10 месеци, бидејќи одлуката на Британците да ја напуштат ЕУ, инвеститорите ги изненади. Dow Jones потона 611 поени или 3,39%, додека S&P 500 падна за 3,6%, а Nasdaq за 4,12%. Остриот пад на акциите е последица на погрешните проценки на инвеститорите дека Британија ќе остане во Европската унија. Поради тоа со денови пред референдумот берзанските индекси растеа, па S&P500 индексот се приближи до рекордното ниво на само 0,8%. Но, во петокот,...

Продолжи со читање

Жена во Ф1

Post Views: 43 Симона Де Силвестро е нов член на Заубер и ќе ја врши функцијата како развоен возач во Швајцарскиот тим. Во соопштениeтo на Заубер, уште се истакнува дека на тој начин Де Силвестро ќе проба да се припреми за наредната сезона да вози во трките за шампионатот на Ф1. „Целта на Симона е во 2015 година да вози трки во Формула1. Таа е многу талентирана и одлучивме да биде развоен возач во нашата екипа. Ќе ја поддржуваме на нејзиниот пат до врвот на натпреварувањето во авто-мото спортот“, рекла директорката на Заубер Мониша Калтенборн. Швајцарката, последните четири...

Продолжи со читање

Volkswagen се договори за исплатата на оштетените клиенти

Post Views: 39 Volkswagen се согласи да исплати 10,2 милијарди долари во рамките на договорот со неколку стотици илјади сопственици на автомобили во САД кои поднесоа тужби поради софтверот со кој германскиот автомобилски џин го лажираше нивото на штетни гасови на еко-тестот. На повеќето износот ќе оди за надомест на штетата на сопствениците на 482.000 дволитарски дизел автомобили со вграден софтвер на кои беше лажирано нивото на испуштени штетни гасови. Сопствениците на автомобилите би можеле да добијат оштета од 1.000 до 7.000 долари, во зависност од староста на возилото,...

Продолжи со читање

Македонија поставува двојна ограда на границата со Грција

Post Views: 53 Новата ограда треба да биде долга 37 километри. Подготовките за поставување уште една жичена ограда во близина на веќе постоечката почнаа во саботата, а работите стартуваа во текот на вчерашниот ден. Македонското Министерство за внатрешни работи соопшти дека вчера биле регистрирани повеќе од 2800 бегалци и мигранти кои се на пат за север, во насока на Австрија и Германија. Во моментов се поставуваат столбовите и оградениот простор изнесува до 5 метри, за да помина патролно возило, а според одлуката на надлежните институции ќе се знае колку оградата ќе биде...

Продолжи со читање