Skip to main content

Автор: инфодеск

Светиот свештеномаченик Протериј

Post Views: 153 Овој светител беше презвитер во Александрија во времето кога патријарх во тој град беше еретикот Диоскор, еден од покренувачите на монофизитската ерес, којашто учеше дека во личноста на Исус Христос нема две природи туку една. Во тоа време царуваа Маркијан и Пулхерија. Протериј, кој беше благочестив и свет маж, стана против Диоскор и за ова претрпе многу беди. Тогаш беше свикан Четвртиот Вселенски Собор во Халкидон, на којшто монофизитската ерес беше осудена, а Диоскор беше симнат од престолот и испратен во прогонство. На негово место беше избран овој правоверен...

Продолжи со читање

Променливо облачно со локални врнежи од дожд и грмежи

Post Views: 188 Променливо облачно со локални врнежи од дожд и грмежи. Процесите ќе бидат поинтензивни претпладне во источните делови каде ќе бидат во форма на невреме со пообилен пороен дожд (20 л/м2), силен ветер (над 60 km/h) и услови за изолирана појава на град.Преодно стабилизирање на времето ќе има во петок и во сабота во текот на денот. Во недела и понеделник на повеќе места ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ветерот ќе го промени правецот во северен, што ќе предизвика опаѓање на дневните температури (за 7 до 10 степени), информираат од УХМР....

Продолжи со читање

Народна банка донираше компјутери и книги во ООУ „Кочо Рацин“ и ООУ „Дебрца“

Post Views: 190 Гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска- Бежоска и вицегувернерката Емилија Нацевска и нивни колеги ги посетија ООУ „Кочо Рацин“ и ООУ „Дебрца“, с. Белчишта во охридскиот регион реализираа донација на установата на компјутери, а во соработка со Синдикалната организација на Банката, за децата во овие училишта се обезбедени сите задолжителни лектири за основно образование од 1 до 9 одделение.Децата и наставниците од ООУ „Кочо Рацин“ ги пречекаа претставниците на Народната банка, дарувајќи им искрени насмевки и посакувајќи им добредојде со...

Продолжи со читање

Лице од Мешеишта возело со 1,53 промили алкохол во крвта на магистралниот пат Кичево – Охрид

Post Views: 137 На 11.03.2025 во 23.49 часот на магистралниот пат Кичево – Охрид, полициски службеници од ОВР Кичево лишиле од слобода 50 годишно лице од село Мешеишта, општина Дебрца.При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „Фолксваген пасат“ со охридски регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,53 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.По целосно документирање на настанот, против него ќе...

Продолжи со читање

Конкурс за пријавување на кандидати за бесплатни курсеви

Post Views: 156 Врз основа на член 50 став 1 точка 16 од Законот за локална самоуправа („Сл. весник на Р.М.“ бр. 5/02) и член 34 од Статутот на Општина Охрид (Сл. гласник на Општина Охрид бр. 8/07 и 1/08),  Градоначалникот на Општина Охрид објавуваКОНКУРСза пријавување на кандидати за бесплатни курсеви Со цел стимулирање на социјалната интеграција на невработените лица и подобрување на нивните квалификации за идно вработување како и на вработени кои сакаат да се докфалификуваат и прекфалификуваат, општина Охрид согласно Годишната програма на одделението за...

Продолжи со читање

 „Начинот на Чипан”, изложба, дискусија и публикација во организација на колективот АРХРИД

Post Views: 328 На 22 март 2025 година во Охрид ќе се одржи настанот „Начинот на Чипан”: изложба + дискусија + публикација, организиран од колективот АРХРИД, со поддршка од Општина Охрид и Комората на овластени архитекти и овластени инженери на РМ.Овој значаен настан има за цел да ја одбележи 70-годишнината од изградбата на Феријалното одморалиште во Охрид и објавувањето на книгата „Стара градска архитектура во Охрид” од Борис Чипан, како и да ги промовира резултатите од интернационалниот архитектонски конкурс „Наутички клуб –...

Продолжи со читање

Поради дефект без вода корисниците на улиците „Железничка“, „Крали Марко“, дел од „Бул.Туристичка“ и „Абас Емин“

Post Views: 161 Поради настанат дефект на водоводната мрежа, денес од 10:00 часот, повеќе часа без вода ќе бидат корисниците на улиците:„Железничка“, „Крали Марко“ , дел од „Бул.Туристичка“, „Абас Емин“ вклучувајќи ги и споредните улици на улицата „Абас Емин“, информираат од ЈП Водовод.Екипи на ЈП ВОДОВОД Охрид се на терен до целосно завршување со санацијата.

Продолжи со читање

Обвинителството на БиХ нареди приведување на Милорад Додиќ

Post Views: 198 Обвинителството на Босна и Херцеговина, чии активности и делување се забранети во Република Српска, издаде наредба до правосудната полиција да ги приведе претседателот на Република Српска Милорад Додик, премиерот Радован Вишковиќ и претседателот на Националното собрание на Република Српска, потврдиле за РТРС од кабинетот на Владата на Република Српска.Наредбата беше издадена на денот кога Националното собрание на РС требаше да расправа за Нацрт-уставот на РС, со кој властите на РС планираат да го дефинираат тој ентитет во БиХ како држава на српскиот народ, да...

Продолжи со читање

Интерното одделение доби донација – апарат за мерење на масното ткиво

Post Views: 154 На одделението за внатрешни заболувања со пнеумофтизиологија при ЈЗУ Општа Болница Охрид беше дониран апарат Body composition analyzer Inbody 270, кој се користи во Центрите за обезност во нашата држава и е наменет за мерење, анализа и следење на процентот и видот на масното ткиво, процентот на мускулна маса и количината на вода, пред се кај пациенти со обезност.Апаратот исто така дава прецизни податоци за телесната тежина, индексот на телесна маса, прави проценка на здравствените ризици и овозможува нивно следење во одредени временски интервали.-Со...

Продолжи со читање

УХМР: Следува период на променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд

Post Views: 130 Променливо облачно со умерен до засилен јужен ветер. Попладне, а особено во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат поројни (над 15л/м2) во форма на невреме , проследени со грмежи и силен ветер (над 60 km/h).Во Охрид температурите ќе бидат во интервал од 8 до 17 степени Целзиусови.Од УХМР информираат дека под влијание на топла и нестабилна воздушна маса од југ, следува период на променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите повремено ќе бидат поројни (над 15 л/м2), во форма на невреме...

Продолжи со читање

Свети Новомаченик Агатангел Битолски (1727)

Post Views: 167 Овој светител пострада од Агарјаните во 1727 година. Како што пишува на кивотот во кој се чува неговата чесна глава, во тој период од нивното владеење, Агарјаните имаа свиреп обичај за време на тридневното празнување на празникот Рамазан насилно да приведуваат во својата исламска вера некои од поробените христијани. Во страв и трепет пред нивниот незадржлив гнев, незаштитените и угнетени христијани се сокриваа кој како умееше и можеше. Раката на друговерните гонители пак, секогаш успеваше да дофати по некоја жртва и да изврши зло. Мнозина од уловените христијани...

Продолжи со читање

Детската театарска претстава „Џинче” вечерва во НУЦК „Григор Прличев”- Охрид

Post Views: 257 Детската театарска претстава „Џинче” денес ќе се прикажува на малата сцена во НУЦК „Григор Прличев”-Охрид.Претставата „Џинче” е работена со сенки и Џин кој е избркан од нивниот свет и раскажува за искреното другарство и предрасудите. Ќе се прошетаме низ возбудлива авантура низ градот на сладоледите, ќе запловиме со чудниот капетан и ќе вкусиме мексичко бурито.Претставата е работена по мотиви на книгата „Најдобриот Џин во градот” од Џулија Доналдон. Наменета е за деца од 3-13 години. Влезницата изнесува 150 денари.Сенкаши: Филип, Кате, Даре, Родне,...

Продолжи со читање